Дволичност

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Ех дволичност! Искрено книга можам да напишам за дволичноста. Толку такви личности минале , минуват и ќе поминат низ мојот живот што понекогаш ти доаѓа да се запрашаш а добро вреди да си искрен? Кој живее во инлузија јас или тие што мислат дека ме лажат? Гледам да ги избегнувам и бришам од мојот живот дволичните луѓе но искрено се чуствувам како Диоген на таа мисија!
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Совршеноста е само фикција која човекот ја измислил и се залажува дека постои, но во суштина не постои. Самиот јас се сметам за перфекционист и тоа е причината поради која го мразам перфекционизмот и ги мразам сите перфекционисти. Болно е што секогаш си наоѓам маани. Секогаш кога ќе направам нешто и ќе го видам (или слушнам) повторно, ми доаѓаат нови подобри идеи и тамам сум помислил дека сум задоволен од тоа нешто што сум го направил новите идеи ми го расипуваат тоа чувство.

Онтопик: Ајде да бидеме реални. Прво, да најдиме некој кој никогаш во животот не бил лицемер. Не постои таков. Сите се лицемери, некои се повеќе - некои помалку но сите се лицемери. Во човековата природа е да биде лицемер, бидејќи така оние што се послаби умови ќе потпаднат под влијание на подоминантните умови (бидејќи не можат да распознаат лицемерие). Затоа следниот пат пред да разговарате со некого, во прв поглед земете го фактот дека сите лажат и сите се лицемери и дека можеби оној со кој правите муабет ве лаже во очи. Довербата во луѓето е слабост. Јас не верувам на речиси никого освен на тројца за кои сум сигурен дека во ниедна ситуација не би ме искористиле.
Никогаш не биди сигурен дека некој нема да те искористи.
Не сме свесни колку лугето можат да се најдат во безизлезна ситуација.
Но тоа не значи дека не треба да им простиме,и сам погоре спомна дека не постои совршенство а штом не постои совршенство значи не постои и безгрешност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Дволични луѓе има да ги ринеш со лопата и секогаш ќе има.
Значи највеќе што ме нервира е глумењто лудило.
Али што да правиш мора да има и некој таков.
Јас веќе ги игнорирам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Оф добредојдовте во реалноста.
Човекот е приспособлив па дури и по цената на дволичноста. Така да ништо не ме чуди, да ги видам. Едноставно такви се во карактер.
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
ЈАС СУМ ЕДНОЛИЧНА И ЗАТОА НЕ МЕ ПОДНЕСУВААТ,ПЛЕСКАМ У ФАЦА ШТО МИСЛАМ И НЕ МЕ БОЛИ ДАЛИ Е НЕКОЈ И НЕШТО
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Пих...и се потврдува тезата дека ние увек сме цвечичи и пепељуги, а другите не чинат.
А не дека може сме им дале повод да се дволични спрема нас. А и не дека сме биле дволични спрема нив. Не. Никако.
Па чекајте бе луѓе, сакате да ми кажете дека вие никогаш никому не сте направиле лице?
Од кај знаеме дека нас некој не не смета за дволични?
Дај да не се лажеме вака. Не мора да е екстремна, искористувачка дволичност. Да не случајно не сте направиле лице на професор или работодавец што го мразите со душа оти замара, но од кој ви зависела оцената/платата?
Да не случајно не сте кажале бела лага дека некому убаво му стои нештото, а во себе три пати сте се поплукале и превртеле очи, но сте го направиле тоа да не скршите филм?
Па дволичност е и тоа, такво ни е опкружувањето. Јес да треба да сме што поискрени, но некогаш околностите налагаат и никој не може да ме убеди дека ниеднаш нема направено лице некому.
А веќе за поекстремни случаи што се занимаваат со рекла-казала, со секој се демек најдобри пријатели и секогаш имаат само пофални зборови дури се со нас, самите треба да сме свесни дека не ни се пишува арно.
Нема после куку, од коњ на магаре сме паднале.