Родени помеѓу 0 и 4 часот
Вие сте со тивка и смирена природа. Сакате да сонувате и да градите кули во облаци. Имате бујна фантазија, но тешко се снаоѓате во светот на физичката реалност. Родени сте како фантазер и поет, па затоа луѓето не ве разбираат. По малку сте месечар и ветрушка, имате благородна душа.
Родени помеѓу 4 и 8 часот
Вие се одликувате со итрина и склад. Упорни сте и истрајни во своите работи, особено во практичните работи. Како малку кој се снаоѓате во светот на реалноста. Тежнеете на другите да им бидете пример, да се докажувате и потврдувате.
Родени помеѓу 8 и 12 часот
Вие сте суштество полно со верба, надеж и оптимизам. Ведри сте. Секаде зрачите со несебична љубов и магнетска топлина. Чувствителни сте и продуховени. Имате склоност кон уметноста и филозофијата, ве одликуваат доблести и таленти.
Родени помеѓу 12 и 16 часот
Ведри сте, живи, орни, полни со енергија. За вас се добри практичните работи. Добар говорник сте, математичар и физичар. Но, и добар писател само ако ја насочите својата енергија во тој правец. Вие сте личност која е сестрано надарена, во многу професии и занаети може успешно да ја изразите својата креативност.
Родени помеѓу 16 и 20 часот
Вие сте со немирен дух, скитник, малку нервозни и ветрушка. Движењата ви се динамични, зборовите општи и силни, бргу мислите и работите. Сакате што е можно повеќе од животот, го сакате животот во сите свои облици и видови. Често ги менувате одлуките и ставовите, во исто време работите по неколку работи. Кој не ве познава добро, би помислил дека сте брзоплети, но вие сте свесни за сè што работите.
За родените помеѓу 20 и 24 часот
Умерени сте, упорни и истрајни на сите полиња. Тежнеете кон тоа да доминирате над работите и ситуациите. Имате склоност кон филозофијата и книжевноста, рационални сте и продуховени. Магнетски делувате на опкружувањето, авторитет сте во семејството и друштвото, помеѓу пријателите и роднините. Малку делувате самоуверено, затоа што премногу вервате во себе, затоа што сте полни со самодоверба, со животна и креативна енергија.