1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Датумот на раѓање го открива вашиот карактер

Дискусија во форумот 'Астрологија' започната од Baronessa, 29 февруари 2012.

  1. Baronessa

    Baronessa Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    524
    Допаѓања:
    753
    Проверете дали ќе се пронајдете себе си:
    1. Луѓето родени на први во месецот се како шеќер и сол. Никогаш не се повлекуваат во тишина и се борат за љубовта. Не се замерувајте со нив.
    2. Родените на втори се како карпи. Битката со нив е голема чест, но и мака. Никогаш не простуваат предавство.
    3. Родените на трети се како камен. Опиеноста со себе често им се удира во глава. Без нив не се може, а со нив не е лесно.
    4. Личностите родени на четврти се како мали кутриња. И тонат во грижи. Со нив во љубовта никогаш не сте на сигурно.
    5. Тие се како чаша полна со мед, но под медот има вода. Да се допре до нивното срце не е едноставно, па затоа долго останувате жедни.
    6. Родените на шести се како врани. Она што ќе го ветат, тоа и ќе го исполнат. Лесно можете да ги повредите затоа што се многу чувствителни.
    7. Родените на седми се како птица во лет. Малку на небо, малку на земја. Тие се добри набљудувачи, но и забавувачи.
    8. Ова се вистински актери. Долго чекаат улога, а кога ќе ја добијат, прават се како што треба. По свое.
    9. Деветките се како гасеници. Можат да станат убави пеперутки, но брзо да ги снема ако не им дарувате љубов.
    10. Родените на десетти имаат личност – желка. Секогаш доаѓаат до целта, и колку и да мораат да пропатуваат – ништо не им е тешко.
    11. Овие се како море. Неистражени и привлечни, но опасни ако ги излажете. Немојте ништо да им ветувате ако не сте во состојба да го исполните ова.
    12. Родените на 12ти се патки. Немирни од надвор, мирни од внатре. Прават добра на своја штета.
    13. Тешко дофатливи. Личноста им е како коприва. Додека сакаат простуваат се – дури и неверство.
    14. Четиринаесет е лавовски број. Ловат додека не уловат, но отфрлаат ако не им одговара „мирисот“. Многу се паметни.
    15. Се споредуваат со кртови. Никогаш не се откажуваат. Сакаат додека не се изгорат. Се држат до стилот.
    16. Родените на 16ти се како бамбусово дрво. Лесно се виткаат, но и се итри. Лесно може да им пријдете затоа што се комуникативни. Дарежливи се додека не ги изневерите.
    17. Тие се како плима и осека. Многу добри, но и внимателни во одлуките. Клучот е секогаш во нивни раце.
    18. Овие се како корали. Тешко се стигнува до нив, но кога ќе ги освоите, стануваат вистински украс. Од внатре горат, но не го покажуваат ова.
    19. Истрајни и упорни, длабоки во духот. Оставаат траги и впечаток каде и да се појават.
    20. Ова се полжави. Бараат сигурност, а би го шетале светот како авантуристи. Тешко се одлучуваат затоа што се несигурни во себе.
    21. Ова е бројот на стоногалките. Необичен спој на љубовта и војната. Премногу сакаат да направат одеднаш. Се раштркуваат на сите страни, па тешко е да им најдете крај.
    22. Луѓето – срни. Топли и полни со сочувство кон другите. Свесни се за своите можности и никогаш не ги пречекоруваат.
    23. Тие се како гускини перја. Од една страна глатки, а со другата бодат право во срце. Често се непредвидливи.
    24. Бројот на мравките. Организирани и стабилни во одлуките. Паѓаат под влијание, а работата секогаш им е на прво место.
    25. Како коњите – малку бараат за себе, а поднесуваат многу. Прашуваат затоа што не сакаат да решат. Не ги прифаќаат ни туѓите грешки лесно.
    26. Слонови. Чувството на припадност им е најважно. Попрво ќе премолчат напад отколку да возвратат со навреда.
    27. Ова се видри. Среќата не ги заобиколува, но долго ја чекаат. Иако слушаат, често не го дослушнуваат соговорникот. Се исклучуваат по потреба.
    28. Родени се како луѓе за земјата. Се борат за правда иако често губат. Активни и жестоки сакаат да го променат светот и правилата.
    29. Ова се личностите како петли. Си го чуваат своето. Големи романтичари, но ова го покажуваат на дело.
    30. На овој датум се родени луѓето мачки. Ненаметливи и постојани. Она што ќе го кажат – навистина и го мислат.
    31. Многу се совесни и горди. Иако сакаат да зборуваат, не откриваат многу за себе.
    Се пронајдовте?

    Превземено од
    http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/11258-datumot-na-ragjanje-go-otkriva-vasiot-karakter
     
    На Badgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. x3m

    x3m Активен Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    137
    Допаѓања:
    169
    2. Родените на втори се како карпи. Битката со нив е голема чест, но и мака. Никогаш не простуваат предавство.

    Па не сум толку лош бе... :(
     
    На Dee Dee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Grim Reaper

    Grim Reaper Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    326
    Допаѓања:
    338
    3. Родените на трети се како камен. Опиеноста со себе често им се удира во глава. Без нив не се може, а со нив не е лесно.

    Аман бе, па не сум како камен.
     
    На Dee Dee му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Alex M.

    Alex M. Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    328
    Допаѓања:
    523
    28. Родени се како луѓе за земјата. Се борат за правда иако често губат. Активни и жестоки сакаат да го променат светот и правилата.
    Баш така! :mad:
     
    На Dee Dee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    16. Родените на 16ти се како бамбусово дрво. Лесно се виткаат, но и се итри. Лесно може да им пријдете затоа што се комуникативни. Дарежливи се додека не ги изневерите.
    ...ај лаф бамбуз, макар и оаза : ) виткам се како шаолин, како тетратка на понављака што има само едну и не носи ташњу, девојка ми ме вика некад и лисица, итар пејо до јајца хххх, комуникативан сам како мирц, мсн, смс, бесплатни на вип, давам сфе од себе да не се изнервирам : ) хуман дечко, делу пола пола сфе сс сфите, и кд се изнервирам не сам више ја, трофазна стуја сам тк!!! .....лееееееееееееееј ама е сфе овој факинг тачно
     
    На Anakin, Mila Kunis, Dee Dee и уште 1 член му се допаѓа ова.
  6. Lily

    Lily Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    142
    Допаѓања:
    123
    25. Како коњите – малку бараат за себе, а поднесуваат многу. Прашуваат затоа што не сакаат да грешат. Не ги прифаќаат ни туѓите грешки лесно.
    Точно од збор до збор:)
     
    На Dee Dee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    11. Овие се како море. Неистражени и привлечни, но опасни ако ги излажете. Немојте ништо да им ветувате ако не сте во состојба да го исполните ова.

    Жива вистина..
    [​IMG]
     
    На Dee Dee и boro им се допаѓа ова.
  8. Andrea Bloodbucket

    Andrea Bloodbucket Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    280
    Допаѓања:
    328
    3. Родените на трети се како камен. Опиеноста со себе често им се удира во глава. Без нив не се може, а со нив не е лесно.
    Вистина :cool: .
     
    На Dee Dee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. marjan

    marjan Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    489
    Допаѓања:
    657
    28. Родени се како луѓе за земјата. Се борат за правда иако често губат. Активни и жестоки сакаат да го променат светот и правилата. до некаде можи е така:unsure
     
    На Dee Dee му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Psychobilly

    Psychobilly Староседелец

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    600
    Допаѓања:
    1,509
    2. Родените на втори се како карпи. Битката со нив е голема чест, но и мака. Никогаш не простуваат предавство. Soo true :biggrin
     
    На Dee Dee му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: