Данок за маснотии

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Чудаци сте вие интелектуалците на црнобело, 3 умреле од „доброво“ здраство, ќе кењате колку умреле, државата не е должна да дава паричка на марија, ана, тамара, љубица за да се лечат во странство. Кога некој е пред умирање и државата требало пари да даде за лечење, после сите пред влада ќе се нацртаат и за нови куќи/.

Баш ме интересира на што се должи ова мислење, кои тоа мозочни процеси затаиле, би препорачал преглед (на терет на фондот) за евентуален алцхајмер или паркинсон, not than i give a fuck, ама така сум воспитуван...сериозно, вакви изјави можат да бидат симптом на нарушени мозочни активности, деменција која настапува...

Јас навреме почнав со теретана, за вас не знам.

Да бе коа ќе одиш во продавница да купиш месо ќе има посебна полица поефтино месо за билдери:kafe баш оние кои вежбаат им требаат повеќе протеини а нив ги има бајаги во месо е сеа месото ако му акнат давачка за народно здравље, нема да биде на арно (party)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler and Altaïr

Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
208
1,053
Чудаци сте вие интелектуалците на црнобело, 3 умреле од „доброво“ здраство, ќе кењате колку умреле, државата не е должна да дава паричка на марија, ана, тамара, љубица за да се лечат во странство. Кога некој е пред умирање и државата требало пари да даде за лечење, после сите пред влада ќе се нацртаат и за нови куќи/.

Океј, што е должна државата да плаќа?
 
misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Океј, што е должна државата да плаќа?
Прашањето нема врска со темата. Јас сум да се воведе закон, да се прават редовни контроли на храната, да се има точни правилници во кои ќе биде точно наведено колку количество на шеќери, масти и други составни материи е дозволено да содржи производот, декларациите да бидат контролирани во напишаното оти едно пишува а содржат сосема друго и да бидат лесни за читање а не со лупа да треба да ги читаме...
Факт е дека мора да се превземат чекори за превенција против зголемената тежина, нарочито кај младите, зголемената појава на гинекомастија, расте бројот на девојчиња со предвремен менструален циклус и уште многу други болести предизвикана од храната што ја конзумираме а не трујат производителите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Какви прекрасни умови ги смислуваат овие т.н. закони.
И на тешки дроги да ти текне предлогов, доволно мудар човек ќе го премолчи оти му е јасно дека не можеме да си дозволиме уште една бљувотина за плаќање со овие мизерни плати. Ајде што секој организам различно ја процесира храната, ами човек може да е дебел од немање пошто се храни еднолично и без јадења со некакви богати нутритивни вредности т.е. јаде само леб, ориз и по некој компир. Кога веќе се маскираат зад она „да се храниме здраво“, нели...
Данок нека си плаќаат оние мрсницине со над 500 евра плата што прават фешти секој ден, не некој сиромав што собрал 100 денари, па наместо да се најаде со хамбургер што ќе му е за цел ден, да пасе некоја салата пошто хамбургеров нема да може да си го дозволи.

Здрав живот ќе поттикнувале, не ме радуј. Воздухов каков канцер ни е, не па друго.
Нека дадат по еден велосипед на секого, нека направат саглам патеки за да може народ на работа да оди со точак, нека даваат бесплатни членства во теретани, шејкови, не знам што... паметни се, нели. Ќе смислат нешто поекономично, еве.
Ама зошто да страда нивен џеб кој е и онака во долгови поради исполнување лични желби и градење кич, кога може уште малце да се поткрадне од народов.
 
Никој не спомна дека треба граѓаните да плаќаат туку фирмите, производителите, фабриките, сите тие што без никаква контрола произведуваат се и сешто..погледни ја само месната индустрија....погледни колку видови сокови има на избор а што содржат дали знаеш??
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Јас навреме почнав со теретана, за вас не знам.
Сеа ќе ти дојде да плаќаш данок за суплементи...

Колку мора да си морон да веруваш во сите овие спинови што власта деноноќно ги осмислува за да се фати за сламка со која сите ќе не` повлече заедно во живата песок.
Никој не спомна дека треба граѓаните да плаќаат туку фирмите, производителите, фабриките, сите тие што без никаква контрола произведуваат се и сешто..погледни ја само месната индустрија....погледни колку видови сокови има на избор а што содржат дали знаеш??
Фирмите ќе плаќале...
Кои фирми? сите? или оние кои се помалку еднакви од другите?
Јасен е принципот на оданочување, инспекции, итн. Систем на мајка и маќеа стар од 91ва навака. Даноков е само за да се присобере уште некој денар од оние „посвоените“ додека другите ќе си работат легално.
А за здрав живот не ми зборете, ене колку зеленила се поставени по паркчињата, чиниш од густана шума не можеш дрвјата да ги видиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Big Berta and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Никој не спомна дека треба граѓаните да плаќаат туку фирмите, производителите, фабриките, сите тие што без никаква контрола произведуваат се и сешто..погледни ја само месната индустрија....погледни колку видови сокови има на избор а што содржат дали знаеш??
Па тие производители ќе ги покачат цените на производите за да го покријаат данокот, а ние ќе купуваме што може да си дозволиме, без притоа да ни крчат црева од ненајаденост, а не дека одма ќе посегнеме по нешто здраво, ко што е нивнава „логика“.
Како и да вртиш, по наш џеб удира.
Кој е крив што е ужасно и што уште малку ќе ни никнат рогови од хранава и пијалоциве? Наместо да предлагаат вакви глупости, ете нека си воведат контрола. Другарка ми има завршено за контролор (баш за месо, мислам), ене ја без работа и бледо ја гледаат ако каже што професија е тоа.
Кога веќе нема, ете, ќе отворат нови работни места со кои толку се фалат цело време, што испаѓа дека секој во Македонија има по 2 работи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Сеа ќе ти дојде да плаќаш данок за суплементи...

Колку мора да си морон да веруваш во сите овие спинови што власта деноноќно ги осмислува за да се фати за сламка со која сите ќе не` повлече заедно во живата песок.

Фирмите ќе плаќале...
Кои фирми? сите? или оние кои се помалку еднакви од другите?
Јасен е принципот на оданочување, инспекции, итн. Систем на мајка и маќеа стар од 91ва навака. Даноков е само за да се присобере уште некој денар од оние „посвоените“ додека другите ќе си работат легално.
А за здрав живот не ми зборете, ене колку зеленила се поставени по паркчињата, чиниш од густана шума не можеш дрвјата да ги видиш.
Данокот почна да се применува нели па да станеш морон и да се давиш предвреме во жив песок!???
Погледни убаво со што се храниш а потоа куди безвезе што ќе ти дојде на памет! Кој збори сега за дрвја ..ај те молам(facepalm) мрско ми е да пишувам кога свесно бегате од суштината на темата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Данокот почна да се применува нели па да станеш морон и да се давиш предвреме во жив песок!???
Погледни убаво со што се храниш а потоа куди безвезе што ќе ти дојде на памет! Кој збори сега за дрвја ..ај те молам(facepalm) мрско ми е да пишувам кога свесно бегате од суштината на темата.
Не бегаме, туку го доловуваме лицемерието што упорно власта пробува да го скрие а згора на тоа и печали „леснозаработливи“ пари на туѓа мака.
Ако е за здравиот живот тогаш бегаат крајно во контрадикција, пошо на сите нас ни е јасно какви све „заштитни“ мерки и возила увезуваат. Да не збориме за работниот однос во одредени индустрии... они ќе оданочувале сеа за да се поттикне здравата исхрана. На не ме јеби бре.
Од друга страна еве го спроведуваат тој закон. Нема проблем братче нека соберат пара нека ги пљачкаат оние кои пробуваат да ти продатат џанк фуд (иако ти кутриот свесен си тоа шо го зимаш не чини, но немаш доволно пари за да се прехраниш здраво). Но они не ги пљачкаат сите. Одат по принцип на затварање на локали кои не им се по мерка.. пардон не им плаќаат рекет дали во натура или 10кратно од данокот што треба да го платат, додека други се мајки, тетки, снаи од средниот и високиот ешалон и за нив законот воопшто не важи, не па плаќање данок. Тие ќе си произведуваат исто срање со холестерол и мува нема да ги лази... уствари и за последново не сум баш најсигурен.
Така да, не ми збори за правичен систем, за оданочување кое би важело за сите претпријатија, за поттикнување на здрав живот, таа прикаска продавај ја на друго место.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Big Berta