Па види, ако се донесе ваков закон тогаш има две опции или производителите на такви производи да си плаќаат данок и да ги поскапат производите или да не плаќаат данок и да почнат да произведуваат некоја по здрава варијанта на производите.
Е сега, ајде да направиме мала анализа, која популација е најголем потрошувач на производи полни со шекер, бои, маснотии, вештачки вкусови и сл.?
- децата на школска возраст
Значи не се работи само за тебе и мене и за навиките во исхраната на неколкумина членови на форумот (кои секогаш се револтирани кога некој ке им потенцира дека имаат отров на менито), не се работи ни за партиски книшки (иако се подразбира дека од секој можен закон владата ,,мора,, да има корист), се работи за здравјето на најмладите, она што треба да ни биде најдрагоцено.
Кога родителот ке му даде 10-20 денари на своето дете, за да си купи некое мало задоволство и покрај ужината на училиште (а да предпоставиме дека законот е донесен), а детето не може да си дозволи сокче полно со шекери бидејки наместо 10-15 денари чини 30-35, тогаш ке се почувствува користа од овој закон. Потоа луѓето ке си изнајдат начини за промена на навиките, наместо сокови кои што во 100мл содржат од 5 до 8 големи лажици шекер, од дома ке носи свеж чај или лимонада која родителот ке му ја подготви или пак ке купува ефтини производи, за кои со сигурност ке се знае дека се поздрави од оние кои чинат повеќе.
Нормално дека ова нема да важи за сите деца бидејки има родители кои што можат да си дозволат многу повеќе... но тие таквите и не ме загрижуваат многу, обично истите можат да си дозволат операции во странство кога ке претераат со шекерот и маснотиите, не чекаат ко што чекаа тие неколку деца што во секој муабет ги спомнувате.