Многу.
Кога е Петок 13ти се затворам дома со ништо околу мене, кажувам молитва 3 пати, и се молам да не падне таванот.
Кога ќе видам црна мачка, се враќам од кај што сум дошла, земам крстена вода и го прскам патот за да поминам.
Трошките не ги тресам надвор навечер оти така се хранел ѓаволот!

Жива се јадам ако околу мене нема дрво да чукнам, па трчам до најблиското. Сигурно си е сигурно.
Ако скршам огледало, ги спојувам сите делчиња и извршувам ритуал на спојување, ги лепам, опевам и вртам седум круга околу споеното огледало, плус принесувам жртва на богот Огледалис, оти неќам 7 години несреќа. Пу-пу!

Никако пеење при јадење, оти ќе дојдат цигани да ме земаат за жена.
Сега сериозно, во 90% од случаите кога одам на фризер има невреме, па колку пукам од среќа то е чудо.
А со стаорците и бродот е вистина, не се Ванѓи, туку ги чувствуваат струењата на водата и реагираат на најмала влага.