Убаво е да се биде искрен за поголемиот дел од работите, но не секогаш и не спрема секого.
Некои не ја заслужуваат нашата искреност. А некои пак, го злоупотребуваат тоа. Јас на пример, сум си искрена, со сите. Некогаш и не, зависи од ситуацијата, на нетов буквално сум искрена за све, во реалноста исто така, ама повеќе внимавам на чекорите. Бидејќи можат и да ми наштетат поради мојата искреност.
Пример последниот пат, кога решив да бидам искрена со мојата шефица на работа, дека не сум јас роб или робот на батерии, да ме влечка од овде до онде, да биде таа на моето место, дека не би издржала ни минута, се навикнала да ги понижува луѓето поради нејзината функција со средно, а е проста простачка од некоја си провинција таму, уште не знае да сврзе реченица, мене тука ќе ми кажува како треба... Ми рече, да не се појавам пред нејзини очи од утре.
А јас и реков дека и онака планирав да напуштам, ама претходно да си речам што ми лежи на душа...
Така да, да, треба да се внимава. Ако немате намера да напуштите работа пример, не треба да бидете искрени. Тоа ми е поентата на мојот муабет.
ПС: Не мислев да навредам никого од надвор од Скопје што живеат луѓето, а ги има доста на форумов, кои се многу интелигентни, нормално, едуцирани и знаат како треба. Ама оваа беше дудук, неедуцирана и на фејсбук секогаш постираше док ја имав во пријатели, од типот:
#HEHE,denes zurka ajte kajmene hehe neznam kakoke bide ama mislam ke bite super.