Моралот е толку ниско паднат, што ако се водиме по таа Исусова изречица, ќе снема камења од луѓе што се сметаат за свети великомеченици и дар природе што е пратен лично од Бога да го направи светов подобар. Најлошо е кога во свои очи си безгрешен, а кај другите ги гледаш сите маани... што е, за жал, најголем дел од популацијата. Нели, нашето е со причина, туѓото е хаоспи4келудило.
Некако ко непишано правило е и дека оние „Јас не лажам, секогаш ја плескам вистината“, всушност највише сушат од лажење.
Не знам да го објаснам тој комплекс. Ваљда чекаат небото да се отвори и два ангела да им спуштат ореол на глава пеејќи „Аве Марија“.
Мене ми е многу криво што најблиските дома ги имам лажено за покрупни работи, а сум била искрена со раја што не заслужила ни трунка.
Да бев доволно паметна, ќе беше обратно и ќе минував многу полесно со манипулации и лажења. И немаше да ми е криво пошто секој ден сфаќам колку е све ојдено у три лепе. И онака народов секогаш ќе избере трули комплименти ко вистина наместо суровата вистина.
Гледам најголем дел од времето да сум искрена, ама ме убивале и оставале без сон тие грутки во грло при лажење, колку и да биле за туѓото добро. Блазе оние на кои око не им трепка.
Бели лаги не ги ни сметам за лаги. Некогаш е стварно полесно да измислиш дека си зафатен со нешто отколку да се правдаш дека едноставно не ти се прави нештото со личност што не знае кога да прекине со прашањето „Ама зошто неќеш?“ и после 200 културни одбивања.
Па нек ме каменуваат, ама сигурно бар по еднаш неделно грешам така.