Дали секој живот е еднакво вреден?

Ouroboros

Полноправен Член
4 март 2013
37
10
8
36
Баш така, животот на едно кралско дете и едно кутро африканче се два различни света, приказни сами за себе, ама не значи дека едниот вреди помалку од другиот...животот како живот е подеднакво вреден за сите, а како ние ќе го живееме, што ќе станеме, какви ќе бидиме, како околината и луѓето влијаеле на формирањето на нашиот карактер...еее тоа е сосема друга работа...

Баш така, но тоа е повеќе прашање на околината, да замислиме колку вредат животите, отколку еден живот, можеби повеќе би било поважно значењето на сите нас отколку, како поединци. Мислам дека вкупниот збир значи многу а како поединци сите сме никој и ништо...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Ова од некаков етички аспект ако се одговара тогаш да , секако дека сечиј живот е подеднакво вреден. Кога една индивидуа се раѓа нејзината вредност е подеднакво иста како и било која друга на планетава. Е , со самото раѓање човекот стекнува одредени статуси- наметнати ...и наеднаш едната станува принц а другата роб- дали подеднакво им се вреднуваат животите ? ! Не ! Шо значи антрополошки да, тоа е тоа , а понатаму се е наметнато од еден мал милион фактори на човештвото.

пс. она на Саладин статусот добро се совпаѓа у по сензитивната и затскриената поента на прашањето.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Мислам дека со муабетов мешате баби и жаби (барем јас така сфатив)...значи станува збор за живот...општо земено...а вие пишувате за човечки особини и дејствија...пример Хитлер бил лош Ганди бил добар...па тоа се карактерни особини и нивно влијание врз околината...а живот е живот без разлика чиј е....барем јас така мислам...

Животот со самото раѓање е ИСТ, но постапките го прават помалку вреден или повеќе. Затоа ги земам за пример особено оние криминалцине затоа што е најлесен пример.

Зошто секогаш "главниот" има луѓе кои го штитат, дури и ќе примат куршум за него?

Сигурно затоа што е поважен животот на шефот отколку на тој работникот/телохранителот што го чува.


Зошто кога ќе умре некој човек го оплакуваат сите познаници,пријатели и и роднини, а не цела државата или некој град?
-Како одговор на прашање е ова: Во С.Кореја кога умре тој претседателот нивни, го оплакуваше цела држава ронеше солзи кој вистински кој не, не е битно ама ете се покажаа на дело.
Кај нас кога почина Борис Т. сите го оплакувавме.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Теоријата кажува дека секој човек вреди подеднакво. По ништо не сум јас различен од Бил Гејц. Имам очи, имам коса, имам уста, знам да зборувам, се движам, имам физичка сила, психичка, има и тој. Би требало да вредиме исто.
Но дали?
Дали јас и Бил Гејц имаме иста вредност во очите на другите? Секако дека не...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: steppenwolf

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Теоријата кажува дека секој човек вреди подеднакво. По ништо не сум јас различен од Бил Гејц. Имам очи, имам коса, имам уста, знам да зборувам, се движам, имам физичка сила, психичка, има и тој. Би требало да вредиме исто.
Но дали?
Дали јас и Бил Гејц имаме иста вредност во очите на другите? Секако дека не...
Гејтс* :zelen

Сигурен сум дека не постои човек на планетава кој еднакво го вреднува човечкиот живот. Се разбира дека животот на твоето семејство има најголема вредност за тебе од твоја перспектива, потоа следуваат пријателите и познајниците, потоа луѓето од твојата најблиска околина (заедница). Никој овде нема да се потресе од смртта на некој од Сибир, никој овде нема да изгуби ни тронка сона поради тој рандом Русин, пример давам. Затоа во ситуација на војна (http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_ongoing_military_conflicts), колку е бојното поле географски поблиску до тебе и луѓето кои ти значат, толку си позасегнат.

Нема ништо лошо ако си признаеме дека не го вреднуваме човечкиот живот подеднакво. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
dystopian
Срам да ми е на печатната грешка, ај ќе ми прогледате низ прсти се случува :)
А тоа сакав да го кажам со постов, дека не се вреднуваат исто човечките животи. И не се срамам да признаам дека не ги вреднувам исто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: steppenwolf

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
31
Прво се залетав да одговорам со НЕ, но потоа подзастанав. Сеа сфаќам дека прашањето е доста дискутабилно, а можеби и не заслужува одговор. Т.е треба да ги оставиме работите така како што се. Мислам, можеме да правиме разни спореби, рангирања. Може да започнеме од стадиум кога човекот се раѓа или пак кога ке достигне некоја средна граница на живот. Прашањево како и да е го сфаќам како услов чиј одговор би влијаел на тоа дали одредена личност има право на живот или не (нека ме поправи авторот ако погрешно целам). Бидејќи ако ги споредуваме животите на веќе починати личности, доста лесно е да кажеме кој што придонесол и дали на мнозинството би му било дека тој човек живеел или не.
Притоа, доколку правиме муабет за личности кои своевремено егзистираат неможеме да повлечеме линија и да пресудиме. Мизерниот живот на некого може да се претвори во инспирација да создаде нешто маестрално, високото знаење на некој благороден научник може да се осврне кон деструктивни цели, скитник може да ви го спаси/промени животот.. Разбирате? Токму во тоа е совршенството, во хаосот, во динамиката. Што дека ако се оди во точно предвидена насока, позната шема, очекувани резултати ? Различноста е тоа што го прави животот интересен за набљудување, богато место за собирање идеи од секој можен домен.
Затоа како и што реков на почетокот, на ова прашање не треба да се даде никаков одговор.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Секој поединец најмногу си го вреднува сопствениот живот, понатаму оној на децата, блиските, можеби понекој пријател или родбина. Што е и нормално, ако човек нема никаква интеракција со друг човек - што ќе вреднува!? Нечија смрт би била само апстрактна појава, бројка или наслов во весник. Интелектуално секако, може да се разглаба дали ликот кој со Кининот спасил милиони е побитен од рандом лик или рандом војсководец, спортста, филмска дива...

Најправилно е - ничиј живот не е вреден, но тоа ќе ви звучи ептен сурово. Проблемот е што ни се наметнува тезата дека сите луѓе се еднакви. Е не се. Некои се поинтелигентни од другите, некои се поубави од другите, некои се физички супериорни, некои се комбинација од сите три.

Вреднувањето на човечкиот живот произлегува пред се од чувството на заедница. Така, не можеш да кажеш дека еден Американец бил емоционално погоден со ист интензитет од масакрот кај Смилковското Езеро колку и некој Македонец, баш му е гајле, исто како што еден Македонец реално гледано баш му е гајле за Сенди Хук масакрот.

Критериумите по кои се пресметува тоа вреднување со комплетно арбитрарни, иако зависат од тоа колку човекот придонел за општеството во кое живее. Затоа убиството на член од нарко картел е сметан за херојски подвиг од страна на Мексиканците поради тоа што нарко-картелите не придонеле ништо позитивно, односно паразитираат и заработуваат врз туѓа несреќа. Исто така, американските војници во Авганистан од аспект на просечен Американец се херои зошто тој смета дека тие придонесуваат за неговиот добробит, а од аспект на еден просечен Авганистанец тие војници се најголемото зло.

И така натаму...

Твојот живот не е вреден?!
Да не се зачлени во некоја секта? :D
Му е гајле и на `македонецот` за жртвите на езерото и на `американецот` за сенди хук ама баш она ептен, несоница владее...
Надвор од фамилија и по некој поблизок пријател - се е друго апстракција, што е и нормално, не може некој емоционално да се ангажира за тотален странец па макар и колку да се декларира како припадник на иста заедница.
Затоа што тоа е замислена заедница со многу малку допирни точки меѓу декларираните членови на истата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не. И тоа почнува од тоа што не се раѓаме еднакви и не се развиваме во исти единки. Живот на некој од чии што одлуки/постапки зависат повеќе животи е повеќе вреден.
 

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Не е. Најгрубо кажано, секој човек кој не допринесува позитивно во општеството, не е со еднаква вредност со оној кој допринесува. Едноставно, одредени луѓе не требало да се родат. Немој да ми кажеш дека животот на Хитлер и животот на Ганди имаат иста вредност. Споредете ги животот на еден просечен човек кој работи, заработува за своето семејство, ги сака и се грижи за своите најблиски, ги почитува луѓето околу него, има позитивен став и појава; и животот на еден исфрустриран искомплексиран убиец. Дали тие животи имаат иста вредност?
Животот претставува душата во телото, а не телото т.е. физичкиот изглед. Секое растение, животно, човек имаат еднакво вреден живот. И Хитлер и Ганди имале иста душа, но влегле во различни тела со скроз различни карактеристки за да го спознаат светот и од таа страна.