Дали секој живот е еднакво вреден?

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Теоријата кажува дека секој човек вреди подеднакво. По ништо не сум јас различен од Бил Гејц. Имам очи, имам коса, имам уста, знам да зборувам, се движам, имам физичка сила, психичка, има и тој. Би требало да вредиме исто.
Но дали?
Дали јас и Бил Гејц имаме иста вредност во очите на другите? Секако дека не...
Но гледано од човекова недоволно развиен перцепција секако дека не. Бидејки ние го вреднуваме нивото на интелигенција, парите, угледот, кои немаат ама никаква додирна точка со еднаквоста на животот односно душата, бидејки таа е животот, телото кое го поседуваме сега не, исто како што ти си животот а кучата во која што живееш не е.
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Да.Сите се бориме за подобро.Подобар живот,подобра иднина за нас,а штом можеме да направиме нешто и за нас,тогаш знаеме и можеме и за оние околу нас.
Дури и лицата со некој „недостаток“ се борат,и тие со неизлечиви болести се борат.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Подобро од Вилијам Блејк, канонизиран како светец во E.G.C., не може да биде кажано:

„Let the Priests of the Raven of dawn, no longer in deadly black,
with hoarse note curse the sons of joy.
Nor his accepted brethren whom, tyrant, he calls free;
lay the bound or build the roof.
Nor pale religious letchery call that virginity,
that wishes but acts not!


For every thing that lives is Holy!

- The Marriage of Heaven and Hell, William Blake
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Темава ми е малку чудна. Може да се гледа од аспект на човековите постапки т.е. да му судиме дали вреди или не според постапките, дали според квалитетот на животот или пак дали сите вредиме исто во ситуација на живот или смрт.
Како и да е, не сме исти во никој случај.
Ниту сме створени еднакви и со еднакви можности, ниту пак животите ни вредат еднакво.
Можеби сакаме да веруваме дека секој (треба да) е гледан и третиран еднакво, но реалноста го покажува спротивното.
Дете во Европа/Америка од сиромашно семејство добива по некоја социјална помош (зборуваме за кај нормални фамилии, што не ги тераат децата да просат и/или продаваат паломи голи и боси), купони за храна, итн. Дете во Азија и Африка лепи чевли во фабрика и надлежните се прават дека тоа е во ред.
Програмер во играчка од земја ко нашава, ќе се снајде да заработи 1000+ евра, програмер во Бангладеш нуди услуга за 20 евра. Мислам, да, колку пари - толку музика, но тука идеме и до тоа дека немал можности за соодветно образование и надоградување на знаењето. Значи што е неговото постоење помалку од тоа на некој од Шведска?

А, кога се работи за вредност според постапки, тука е најлесно. Педофили, силувачи, убијци, инсели со психопатски нагони и останати „штеточини“ не треба ни да се вагаат. Под мач, бато.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Тажно е што географијата е скоро све. Човек роден како еден од 215 милиони од она што не се квалификува ниту како каста туку едноставно се нарекува "невидливите" и е сосема легално да бидат убиени онака, по улица, па се до рандом човек роден со сребрена лажица во задникот кој се мачи со first world problems во Канада, разликите во можностите кај homo sapiens sapiens се разликуваат драматично.

За жал, во економиите од третиот свет царува економската доктрина race to the bottom каде што се бара некој кој нема достоинство, кој е роб, кој е ништожен, кој е сиромав за да биде експлоатиран до даска. Стравичното е она што таквите поединци немаат социјална свест.
Несвесноста на конзументите за тоа каква е реалната цена на нивните мобилни, лаптопи, десктопи, флет скринови, таблети и остали чуда = е само резултат на медиумското молчење, за да не се расипе расположење на раја на блек фрајдеј кога се млатат кој да купи лаптоп за 199 долари.

Иако на светот има повеќе од доволно средства за да ниту еден од 7,4 милијарди раја не страда за основни потреби, имаме ситуација каде 8 поединци (осум!) имаат повеќе средства од 3,7 милијарди на дното земени-вкупно.
Тоа значи економски, дека секој еден од тие милијардери просечно вреди колку 462,5 милиони луѓе.
Тотално болесен свет.