Дали секој живот е еднакво вреден?

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Сметате ли дека сите луѓе се еднакви или може еден живот повеќе вреди, за разлика од некој друг?
Дали сите луѓе во стадиумот „tabule rase„ вредат подеднакво, бидејќи животот сам по себе е чудо, но во еден момент, веројатно брзо по раѓањето, секој човек заминува по сопствен пат, кој се нарекува личност, а е под влијание на гените и околината?

Потребно ли е секогаш таквиот пат да го вреднуваме подеднакво, или можеби постојат ли животи - начин на живот кои се сметаат за повредни? Ако постојат, тогаш кои се критериумите со кои се пресметува тоа вреднување?

Ако сметате дека се еднакви, тогаш зошто убивањето на невини цивили при војна се причестува со херојска награда, односно зошто убивањето на еден нарко картел е сметано за херојски подвиг во полицијата и унапредување за оној кој го “скинал“?


*Темава ве молам да не се искористува во расправа за абортус.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and melpomena

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Најправилно е - ничиј живот не е вреден, но тоа ќе ви звучи ептен сурово. Проблемот е што ни се наметнува тезата дека сите луѓе се еднакви. Е не се. Некои се поинтелигентни од другите, некои се поубави од другите, некои се физички супериорни, некои се комбинација од сите три.

Вреднувањето на човечкиот живот произлегува пред се од чувството на заедница. Така, не можеш да кажеш дека еден Американец бил емоционално погоден со ист интензитет од масакрот кај Смилковското Езеро колку и некој Македонец, баш му е гајле, исто како што еден Македонец реално гледано баш му е гајле за Сенди Хук масакрот.

Критериумите по кои се пресметува тоа вреднување со комплетно арбитрарни, иако зависат од тоа колку човекот придонел за општеството во кое живее. Затоа убиството на член од нарко картел е сметан за херојски подвиг од страна на Мексиканците поради тоа што нарко-картелите не придонеле ништо позитивно, односно паразитираат и заработуваат врз туѓа несреќа. Исто така, американските војници во Авганистан од аспект на просечен Американец се херои зошто тој смета дека тие придонесуваат за неговиот добробит, а од аспект на еден просечен Авганистанец тие војници се најголемото зло.

И така натаму...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Потписот ми кажува се`.
Субјективно-објективна гледна точка - да. За секој некој постои некој друг што вреди. Квантитетот тука не игра улога, затоа што до човекот како личност е да осознае колку навистина вреди другиот. Прост пример рецимо - личност А вреди за личност Б,Ц,Д, додека во паралелен универзум личност А вреди само и само кон личност Б. Колку и да звучи нелогично „равенкава“ сепак не може да се измери дали едното е повеќе вредно од другото. Можда во првиот случај личноста А и не е толку вредна, но сепак повеќе ја имаат засакано. додека во вториот пример личноста А и` е се` во животот на личноста Б. Кој како ја дефинирал вредноста на вредење. Сите пробуваме да поставиме дефиниција на макро план, кога на крај микрокосмосот го губиме во морето на лажни вредности или пак вредности од масата.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Без дискусија ДА!...секој живот е еднакво вреден, ама баш секој....никој не вреди повеќе или помалку од некој друг...а тоа што после војна се величаат како херои убијците на невини луѓе заради нечии болни умови е тоа е сосема друга приказна....кои сме ние да ставаме човечки животи на вага и да мериме кој е повреден а кој не...мислам дека го немаме тоа право...никој го нема...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe and mountian

mountian

Полноправен Член
30 јануари 2013
56
29
18
Сите сме исти,но различно живееме така што не прави да изгледаме различни.Така и животот и луѓето се вреднуваат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Не е. Најгрубо кажано, секој човек кој не допринесува позитивно во општеството, не е со еднаква вредност со оној кој допринесува. Едноставно, одредени луѓе не требало да се родат. Немој да ми кажеш дека животот на Хитлер и животот на Ганди имаат иста вредност. Споредете ги животот на еден просечен човек кој работи, заработува за своето семејство, ги сака и се грижи за своите најблиски, ги почитува луѓето околу него, има позитивен став и појава; и животот на еден исфрустриран искомплексиран убиец. Дали тие животи имаат иста вредност?
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Не е еднаков вреден. Секој човек различно придонесува на овој свет (позитивно или негативно).
Секој човек прави некоја активност со која придонесува на овој свет, безразлика дали тоа е штетно или не, па од таа причина животот не е еднаков. Најпрост пример ти е како за некоја баран криминалец има награда од X - парична награда доколку го лоцирате каде е и така полесно на полицијата и овозможите да го уапси. Нели ако е исто вреден тој живот ( на криминалецот) нема да има парична награда?
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Мислам дека со муабетов мешате баби и жаби (барем јас така сфатив)...значи станува збор за живот...општо земено...а вие пишувате за човечки особини и дејствија...пример Хитлер бил лош Ганди бил добар...па тоа се карактерни особини и нивно влијание врз околината...а живот е живот без разлика чиј е....барем јас така мислам...
 

Ouroboros

Полноправен Член
4 март 2013
37
10
8
36
Мислам дека со муабетов мешате баби и жаби (барем јас така сфатив)...значи станува збор за живот...општо земено...а вие пишувате за човечки особини и дејствија...пример Хитлер бил лош Ганди бил добар...па тоа се карактерни особини и нивно влијание врз околината...а живот е живот без разлика чиј е....барем јас така мислам...

Се сложувам, секако дека секој живот е многу вреден, но дете на некоја клалска династија и дете на некое афричко племе, мислам дека не е исто но сепак животот е живот, комплексна тема...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and MoonFairy

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Се сложувам, секако дека секој живот е многу вреден, но дете на некоја клалска династија и дете на некое афричко племе, мислам дека не е исто но сепак животот е живот, комплексна тема...
Баш така, животот на едно кралско дете и едно кутро африканче се два различни света, приказни сами за себе, ама не значи дека едниот вреди помалку од другиот...животот како живот е подеднакво вреден за сите, а како ние ќе го живееме, што ќе станеме, какви ќе бидиме, како околината и луѓето влијаеле на формирањето на нашиот карактер...еее тоа е сосема друга работа...