@Outrider, дали чувствуваш било каква припадност кон одреден народ? Или се дефинираш како граѓанин на светот или нешто слично? Сакам да те прашам нешто друго де, почнувам конверзација
Не е страшно де, јас сум си на јасно сам со себе одамна
![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)
Апсолутно не осеќам никаква припадност кон ниту еден народ, нација, етникум или било што слично.
Не се дефинирам како граѓанин на светот пошто светот не дели граѓанства и не е политичка целина за да може да дели. Во светот се и Конго, Сауди Арабија, Северна Кореја, Сахара, Антарктик, Арктички острови, Гренланд и многу непријатни места така да не би сакал да сум на тие места, али воглавно осеќам некој недефиниран респект према планетава.
Јас сум јас, каков што сум се створил или ме створиле околности во сите овие години и разни места на живеење, книги, музики, филмови, идеологии, стрипови, трагедии и радости, сето она од кое се состои мозаикот наречен човечки карактер или ако сакаш повеќе - содржината на еден човек.
Како таков, склон сум да се здружам на доброволна основа или да се идентификувам со било која група на особи со повеќе од 2 члена/членки
![Зелен :zelen :zelen](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
со кои делам заеднички интереси, радости и цели. Слободна, доброволна и сосема природна асоцијација.
Тоа што сум се родил тука е случајност, како шо сум случајно 184цм висок или темно-смеѓ или шо не сум жолт или црнец него белец и во тие ствари не сум имал никакво влијание, скраја да е да се `гордеам` со нешто за кое не сум придонел лично...
Со трпе од делчево не делам ништо
![Цигарче (smoke) (smoke)](/images/skype/emoticon-0176-smoke.gif)
така да, освен некоја хуманистичка црта (не е добро трпе да умре, да го ограбат, силуваат или да го осакатат) не ме интересира трпе ич...