Воглавном се согласувам со поентите на Outrider.
Нацијата е политичка конструкција. Не би можела ни да се дефинира како заедница. Таа е збир на луѓе кои под одредени политички околности се нашле принудно заокружени се граница, односно во зоната на рекет на локалните политички моќници. Тие граници ни од далеку не се дефинирани според некое локално заедништво туку според политичката и воена моќ на државотворните групи. И токму бидејќи нацијата е политичка конструкција, а не природно здружување, на државата и е потребно постојано и интензивно форсирање на националното за да се задржи кохезијата на едно одржливо ниво.
Заедничкиот јазик и обичаи се дискутабилни. Дури и во мали држави како нашата постојат големи разлики во јазикот и обичаите. Постои кодификација на литературен јазик, но тој јазик не го употребува никој во секојдневниот живот. Во светот постојат и нации кои воопшто не се етнички дефинирани, се мултикултурални и имаат повеќе официјални јазици, повеќе култури и сл. Такашто критериумите за нација можат да бидат било какви, но она што им е на сите заедничко е што го претставуваат општеството во рамките на една арбитрарно одредена територија.
Според тоа, вредно е да се претпостави дека ако луѓето се оставени слободно и доброволно да формираат политички заедници, нациите како такви никогаш немаше да настанат.
Што се однесува до идентитетот и чувството на припадност и тука работите можат да бидат доста арбитрарни и зависат од склоностите на индивидуата. Чувството не припадност и колективен идентитет е неопходно, но воопшто не е неопходно тоа чувство да биде врзано со нацијата или етносот. Но, за разлика од другите форми на колективен идентитет национализмот е доста нетолерантен кон не-националистите. Никој на вас нема да ви замери поради тоа што немате емоции кон неговиот моторџиски клуб, но ако случајно националистите насетат и мала рамнодушност кон националните симболи, тие веднаш ќе ве прогласат за предавник. Ваквото етикетирање само по себе и не е толку страшно, но во забегани системи на национализам излезен од контрола ваквите обвинувања можат да имаат и фатални последици за тие кон кои се насочени.
Дали национализмот е штетен?
Ако е умерен, не. Но и ако е умерен општеството како целост генерално нема некоја мерлива корист од национализмот. Корист имаат само индивидуите кои длабоко се идентификуваат со националните симболи. Но оваа корист за националистот е само емоционална. Финансиската корист ја имаат само политичарите и нивната клиентела кои поради поддршката од националистите можат полесно да ги тераат своите криминални операции врз општеството - Да воспостават даночен систем, да наметнат закони кои им одговараат нив, присилно да регрутираат за сопствените воени походи и сл. Или просто кажано националистите ја играат улогата на "врескачи на дугме" контролирани од политичкото и за целите на политичката каста.
И токму од тука произлегува негативната страна - Што национализмот има тенденција да привлекува луѓе кои се лесна мета за политичка манипулација. И кога таков тип на луѓе ќе почнат да доминираат во опшстеството најчесто се случуваат катастрофи со несогледиви последици. Војниве на Балканот се само еден посвеж пример за ефектите на национализмот излезен од контрола.