Дали национализмот е штетен?

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Сведоци сме за она што се случува во светот. Таму каде национализмот силно се истакнува па преминува во голем национализам во една држава доаѓа до омраза помеѓу народите која често завршува со војна, но многу луѓе го тврдат спротивното, дека национализмот е полезен за една држава и дека тој не е штетен.
Ме интересира од филозофски аспект дали национализмот е штетен за луѓето или спротивно од се тој е позитивен?
Дали национализмот е главен виновник за делба меѓу народите во една држава и дали тој е главниот виновник за меѓуетнички конфликти, војни во една држава??
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Проблемот е што нема (и не може да има) прецизна дефиниција за национализам, патријотизам и слични состојби на помрачена свест.
Она што за Трпе од Прибилци е патријотизам (солуненаш, карта macedoniAE на ѕидот) за некое клето грче е црн национализам и шовинизам и посегање по територијалниот интегритет на `неговата` држаа. И обратно.
Она што за четникот е патријотизам за усташот е сквернавење.
Непрегледни маси качаци се ложат на идеја за Голема Албанија, некаква творевина во која ќе има повеќе качаци него обично. Да прашаш некој качак што има добро во тоа да има повеќе качаци во една територијална целина нема да знае да ти каже. Или како тоа би го подобрило квалитетот на неговиот живот.

Да го прашаш Трпе зошто мисли дека солун е негов, или ќе те гледа бледо или ќе вергла глупости за `природна` маќедоња.
Патријотизмот и национализмот се новите секуларни мистицизми кои дојдоа на место на олабавениот религиски мистицизам.

Единствени кои имаат корист од национализмот се владеачките олигархии.
 

marambo

Староседелец
6 јули 2015
5
5
603
49
национализмот е корисен само за политичарите, за да останат подолго на власт. додека народот е опседнат со омраза кон останатите народи и националности, политичарите бессрамно го крадат народот.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Национализмот освен за катализатор за собирање на рајата при кризни моменти од библиски карактер, нема своја добробит.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
nein-nein-nein.jpg
 

scarstone

Староседелец
15 април 2013
22
25
603
А национализмот да се замени со родољубие? Мислам дека кога ова ќе се случи, многу повеќе луѓе искрено ќе си ја засакаат сопствената држава и народ. Практикувај го своето, почитувај го туѓото, тоа е моето мото за темава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
А национализмот да се замени њсо родољубие? Мислам дека кога ова ќе се случи, многу повеќе луѓе искрено ќе си ја засакаат сопствената држава и народ. Практикувај го своето, почитувај го туѓото, тоа е моето мото за темава.
За жал во РМ никогаш нема да го надминиме она што во секоја западна земја е нормално, тоа е мултиетничноста, да тоа шо во секоја балканска земја претставува голем проблем и нереди буквално секој ден посебно според мене Македонија е за жал лидер во лоши меѓуетнички и меѓурелигиски односи тука се и БиХ, Косово, Албанија, Србија, Црна Гора и нашиот јужен соесед, исто така и Турција има проблеми со курдите којшто изнесуваат 20% од Турција или 18.000.000 Курди шо живеат во таа земја.
БиХ 45% Босанци 30% Срби 15% Останати 10%, Црна Гора Црногорци 45%, Срби 30% Босанци 10% Албанци 5% Други 10%
Македонија според мене има 70% Македонци 20% Албанци 10%, овие три земји се најмешовити во етничката слика.
Србија има проблеми со Косово, Јужна Србија(Медвеџа и Бујановац) со Албанци, Војводина (Унгарци и останати) Санџак (Босанци) Албанија иако не признава живеат 10% Грци 10% Македонци и 80% Албанци, Романија има 80% Романци 15% Унгарци(голем проблем бидејќи во прашање е 8.000.000 население) Јужнососедците сите знаеме дека имаат 10% Македонци 10% Албанци другите се грци, за Турција кажав.
Едино стабилни се Хрватска и Словенија каде населението се над 90% Хрвати односно Словенци останатите 10% се воглавно Срби и Босанци..
ЕТЕ ТОА Е СЛИКАТА НА БАЛКАНОТ КОЈ ЗА ЖАЛ ДОВЕДУВА ДО ТЕНЗИЈА И КОНФЛИКТИ. Никаде ги нема овие проблеми освен на балканот за жал.