На сон ми се прикажа смртта на двата дедовци и едната баба. Се разболев и за малце и јас не умрев... итн... Болни приказни се, ама ајде ќе почнам..А да го споделиш искуството ако сакаш
За баба ми не можам да зборувам, ми се плаче дури и кога ќе помислам на неа иако веќе скоро 3 години како е умрена.. Таа чувствуваше дека и се ближи крајот со месеци, а никој не ја сфаќаше сериозно освен јас. Со неа бев најблиска...Последната недела пред да почине сонував еден сон...не би навлегувала во детали, ама битно значењето беше дека ќе умре некој многу близок.. три дена не поминаа и баба умре..жалам што не бев со неа во последните минути...премногу жалам...
Дедо ми - почина седум месеци после баба ми...И тој чувствуваше дека ќе умре. Последниот месец се сеќавам дека трчеше на сите страни, одеше на гости за да се види со сите, ги подмири сите сметки и заштедата ја извади од банка и и’ кажа на мајка ми кај се наоѓа.. Последната недела беше омалаксан, ама пак не разведруваше сите со неговите закачки и зафрканции. Паметам вторник беше...Сонував дека земјата во дворот на куќата на баба ми и дедо ми се подига на две места исто како два свежи гроба... од нив излезе едно големо чудовиште, нешто налик на октопод..ја фати сестрата на дедо ми и таман да почне да ја јаде, баба ми фати да го удира чудовиштето...ја зеде неа наместо сестрата на дедо ми и ја изеде...дедо ми дојде божем да ги спаси ама и него го снајде истата судбина како и баба ми - беше изеден..и на крајот само ми се прикажа 3,2,1 како она одбројувањето пред филмовите на сител што беше и се разбудив. Тие три дена од дедо ми не се делев, тој ми ги кажуваше моите омилени приказни од детството, кога како мала кај нив седев по 2-3 месеци. Во четвртокот ми зборуваше нешто за животните лекции и неговите искуства, сакаше да знам како да можам да се справам со различни ситуации и луѓе понатаму во животот, ме советуваше велејќи дека нема да има време, дека времето истекува...Утредента во петокот (точно три дена откако го сонив сонот) бев останата на училиште после часови оти се спремав за натпревар по германски јазик. Телефонот ми заѕвони и јас се јавив. Ми кажаа дека дедо ми починал утрината,ама не ми кажале оти не сакале да ме вознемират додека сум на училиште. Чантата ја оставив и отидов право таму..
И за другиот дедо сонував...Точно една недела пред да умре тој, татко ми си имаше дојдено од работа во странство за да ги поминеме празниците заедно. Дедо ми тој ден не собра сите и еден по еден, сите не советуваше, ни оставаше аманети... Чувствував дека не се шегува.. Чувствував дека ќе умре... Истата вечер сонував.. Утредента дедо ми падна в кома сосем неочекувано и повеќе не се разбуди. Исто како и во сонот, умре за точно 6 дена, рано утрината.
Умрев од плачење...Секоја вечер кошмари во текот на една година..Не беше лесно.
Сонував дека јас одам низ некоја темнина, нешто како тунел. Сакав да одам напред кон светлината ама некоја сила ме повлече наназад и не можев да се мрднам и се разбудив целата препотена и и исплашена...Знаев дека не е нешто што треба да се игнорира...
Подоцна имав проблеми со бубрезите и нагло ослабев многу, бидејќи го изгубив апетитот. Ме однесоа в болница и од немајкаде ми најдоа некој проблем со срцето, рекоа од многу стрес, ама ептен лоша беше ситуацијата. Некако се опоравив фала богу сеа добро сум...
Толку веќе..не можам да зборувам повеќе...проклето многу боли..