Како мала имам слушано од баба ми и од многу други постари луѓе дека пред да умре некој човек тоа го знаел и го чувствувал... Дедо ми еден ден пред да почине и зборувал се на баба ми дека веќе нема да биде меѓу
живите и да не плачеле по него. Што мислите вие? Може да се предвиди или сепак не??
Aко веруваш во соништа такви да.Можеш.
Кога направивме тешка сообраќајка, вечерта пред да тргнеме на пат сонував како не бркаа волци.Јас и уште едниот им киднавме на волците.Другите беа фатени од нив.
Сонот си го преќутев иако знаев дека тоа не чини.
Тоа значело невоља.
Истата вечер, мајка на едниот што почина сонувала како и паѓа преден заб.Пуста жена се мачела во сонот да го додржи забот ама паднал и тоа брзо како некој да и го тегнел.
Се случи се како што сонот предвиде.
Така да, да, верувам.