Дали може да се предвиди смртта?

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Како мала имам слушано од баба ми и од многу други постари луѓе дека пред да умре некој човек тоа го знаел и го чувствувал... Дедо ми еден ден пред да почине и зборувал се на баба ми дека веќе нема да биде меѓу
живите и да не плачеле по него. Што мислите вие? Може да се предвиди или сепак не??

Aко веруваш во соништа такви да.Можеш.
Кога направивме тешка сообраќајка, вечерта пред да тргнеме на пат сонував како не бркаа волци.Јас и уште едниот им киднавме на волците.Другите беа фатени од нив.
Сонот си го преќутев иако знаев дека тоа не чини.
Тоа значело невоља.
Истата вечер, мајка на едниот што почина сонувала како и паѓа преден заб.Пуста жена се мачела во сонот да го додржи забот ама паднал и тоа брзо како некој да и го тегнел.

Се случи се како што сонот предвиде.

Така да, да, верувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and Caci

близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
Друк човек не може да ти ја предвиди смртта, но можеби ти самиот чувствуваш дека крајот е веќе тука...

чувствата понекогаш лажат, а чуството дека си пред умирање можеш да го доживееш и со вишак алкохол или дрога.
колку луѓе преживеале клиничка смрт, а им се чинело дека е крајот дојден?

е сеа според ајнштајн, доколку ја знаеме енергијата,траекторијата и масата на секој кварк што егзистира во просторот, тогаш можеме математички да ја пресметаме иднината. (нешто слично ко временската прогноза)
Но бидејќи тоа не е возможно, немаме шанса да предвидиме што би се случило со нашите животи, и кога тие ке згаснат.

Да чувствуваш дека не ти е добро и дека се ближи крајот е една работа, а да предвидиш дека камион ке те згази е друга..

- Значи, дали човек осеќа дека е прикрај со животот, успорен метаболизам, болести, инвалидитет... - ДА (иако тоа не значи дека ќе умре)
- Дали може да се предвиди смртта - НЕ
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DraganaD

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Како мала имам слушано од баба ми и од многу други постари луѓе дека пред да умре некој човек тоа го знаел и го чувствувал... Дедо ми еден ден пред да почине и зборувал се на баба ми дека веќе нема да биде меѓу
живите и да не плачеле по него. Што мислите вие? Може да се предвиди или сепак не??
Јас кога имам температура + 40, ја чувствувам смртта, чувствувам дека нема да поживеам уште неколку часа, али ете, лажни претчувства сум имал. :)

Дедо ти можеби имал некоја тешка болест, имал силни болки и затоа така и рекол на баба ти. Не верувам некој да може да си ја предвиди смртта, и да знае точно кога ќе умре.......
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DraganaD

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Дефинитивно може...три пати во рок од 2 години осетив на своја кожа, и не би сакала пак да осетам...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DraganaD