Секако дека да
а и не верувам дека некој не.
Сите не интереира и сакаме да знаеме бар по нешто.Се извинувам вака што пишувам за Сите,ама како што гледам одприлика сите наводно се изјануваат дека не.
Зарем некој може да каже дека не го интереира за партнерот(иден)кој е,низ што минал низ животот,работел,не работел,а за детали други да не пишувам примери.
Мене ме интересира,признавам.Може нешто и ке ми смета,со некои работи може ке се помирам
сите имаме минато нели,имам и јас.
Не дека некои работи ке се пресудни за понатаму,ама секако дека неговото минато ке биде донекаде основа за нашата иднина(без разлика колку и да трае)
Да признаам поточно,ке ме копка секој детал за него
е сеа,колку ке успеам да извлечам директно,нешто индиректно.
Свесна сум и дека за некои работи и е подобро да не се знаат,но доколку премине врската во нешто поериозно,не сакам да има непознати работи а исто сум спремна и да кажам се што би сакал да си знае.Ако се прифатиме,прифатиме,ако не,здравје.
Подобро да си знам,знае на време отколку подоцна.
Да не одам со примери до крајности ама ете еден само ке напишам.
Би ми сметало ако во неговото минато свршено време,нема еден ден работен.Тоа доста би ми кажало за таа личност.Тоа си е негово,ако сака цел живот ич ништо нека не работи но јас не би можела да бидам со таква личност па макар имал милони.
ова е само еден банален пример.