Дали и зошто (не) сте религиозни?

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
33
New York, New York
twitter.com
Верувате ли во Господ како Виша сила која управува, ги услишува нашите молитви и не води по патот кој го има определено за нас? Ако да, што ве натерало да верувате во Него? Која точка во животот ви била пресудна за да почнете да верувате? Или обратно, која точка од животот ви била пресудна за да престанете да верувате?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: N|ghtmare_f

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Си се помачила за темава навистина :D
Пред се, што сакаш да кажеш со тоа дека се вртат кон атеизмот.Мислиш дека тераат западњачка мода или пак се разочарани од тоа што тој горе не им ги исполнил желбите или им приредил некое разочарување?
Под тоа религиозност, дали спаѓаат пример јеховини сведоци т.е поконкретно кажано дали мислиш религиозност према признаени вери или и штотуку создадени вери?
 

Abe CreP

Истакнат Член
14 февруари 2012
111
84
328
28
Луѓе неможам да сватам ова работава со господ, бидејки, едноставно не разбирам како може да постои, но тоа не ме спре4ува да верувам во него ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD and UnFleur

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Јас не знам што сум ни самиот иако најчесто се идентификувам како правослевен. Постоењето на господ.
Или па значи дека сум: Агностичари тврдат дека не може да се спознае дали навистина постои Бог или не. Тие всушност се сомневаат во сѐ и дел од нив претставуваат вид скептичари.
Иначе во последно време забегувам кон Таоизам. :D
 

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
33
New York, New York
twitter.com
Си се помачила за темава навистина :D
Пред се, што сакаш да кажеш со тоа дека се вртат кон атеизмот.Мислиш дека тераат западњачка мода или пак се разочарани од тоа што тој горе не им ги исполнил желбите или им приредил некое разочарување?
Под тоа религиозност, дали спаѓаат пример јеховини сведоци т.е поконкретно кажано дали мислиш религиозност према признаени вери или и штотуку создадени вери?

Jас се извинувам што не бев поjасна :). Како религиозни ги сметам и jеховините сведоци, и тие се некоjа врста на христиjанство. Не сакам да ги дискредитирам и другите религии што не се во рамките на главните религиозни деноминации. Сепак, прашањето ми е конкретно за во Македониjа за православието и исламот како две поглавни религиозни гранки бидеjки ме интересира колку народот вели дека е религиозен за да се одржува традициjата а пак коj дел е "вистинска" верба дека постои некоjа виша сила, верба во се што пишува во библиjата.

Како и да е, не мислам дека атеизмот е западна мода или пак дека секогаш причината е разочарување. Мислам дека да поставуваш прашања за нешто што не можеш да го видиш е човечка карактеристика.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Шмекси

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
да мислам дека се помалку има верници во Македонија можеби причина за тоа е можеби што не можат оние верниците да има одговорат на некои прашања... или пак можеби поради сиромашнтијат сметаат дека го неам господ ад донеси дома јадење туку треба смите да одат да заработат.. сепак касј секој причините се индивидуални..
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Не се сметам за премногу религиозна особа иако колку ми дозволува времето и обврските се трудам да ги почитувам сите верски празници.Се декларирам како православен христијанин, што ми било наметнато од моите родители, како и на повеќеммина од тука се надевам.
Се додека не видов некои гнасни работи уште кога имав 18 години во врска со поповите, често одев во црква како и неделно утро во црква.
Од тогаш натака имам лошо мислење за поповите, општо пред се како луѓе, а потоа и како свештени лица кои треба да не учат на добро.Од тие некакви згадувања кои сум ги имал малце сум заладен према религијата.
А искрено, доколку би можел да си одберам религија без да бидам осудуван од околината би одбрал да бидам будист.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trouble and Morticia.