Дали и зошто (не) сте религиозни?

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Не сум религиозна, не ме воспитале така, никој не ми наметнувал религиозни верувања, ниту пак сум крстена. Не верувам во Господ, но ме интересираат и ја разбирам целта на религиите. Не верувам дека постои некаква виша сила, "нешто горе", рај и пекол... Верувам дека секој има избор во секоја ситуација во животот, секој одговара за своите постапки и ние сме само интелегентни суштества кои живеат живот на една планета во универзумот и откако ке умрат, не постои ништо понатаму.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trouble

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
33
New York, New York
twitter.com
Дефинитивно се согласувам со многу од твоите поенти, само прашањето кое jас си го поставувам е зошто воопшто постои нешто, зошто се споиле тие материи и се случила големата експлозиjа, од каде потекнале. И тоа што не го знаеме одговорот на тоа прашање е дел од зошто не можам дефинитивно да кажам дека не постои нешто повекjе.
Не сум религиозна, не ме воспитале така, никој не ми наметнувал религиозни верувања, ниту пак сум крстена. Не верувам во Господ, но ме интересираат и ја разбирам целта на религиите. Не верувам дека постои некаква виша сила, "нешто горе", рај и пекол... Верувам дека секој има избор во секоја ситуација во животот, секој одговара за своите постапки и ние сме само интелегентни суштества кои живеат живот на една планета во универзумот и откако ке умрат, не постои ништо понатаму.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Атеист со тенденции да бидам рамноправен почитувач на религиите. Сум бил во Црква, џамија, синагога.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
религиозна сум,верувам во Господ....и се молам многу често....кога ќе се најдам во муабети на оваа тема секогаш го кажувам моето мислење без да го наметнувам некому.....секој има право на избор.....
.....вербата во Бога ми дава мир,спокојство и засолниште....
...иако има многу попови кои се нечесни и многу луѓе кои што се зли а работат во црква....но тоа не може да ми ја промени вербата во Бога....само ми го изменува мислењето на луѓето.........

иако многу викаат не постои Господ ...никој не го видел .....па и душата не се гледа па веруваме во неа...многу работи не се гледаат но се чувствуваат....:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Elence

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Значи, темава иди за верниците, али оние религиозните. Зошто сте религиозни? Да напоменам, религиозен човек, е оној кој се води по својата религија, како што му налага,и го практикува буквално начинот на живот, кој се состои од славење на празници, неработење во одредени денови, држење постови, правење метании, намаз, клањање, крстење, крштевки, и други метании што налага религијата, па дури и во стил на облека.
Правете разлика меѓу верник и религиозен човек. Верник е човек кој мисли дека има “некоја виша сила“ односно сепак верува во било каква виша сила, со самото верување во енергија, веруваме дека душа постои, а со самото тоа сме верници, што го потврдува фактот дека не постои вистински атеист освен каменот.
Да не забегувам од тема, многу ме интересира, доколку има некој таков, зошто сте РЕЛИГИОЗНИ?