Не сум религиозна, не ме воспитале така, никој не ми наметнувал религиозни верувања, ниту пак сум крстена. Не верувам во Господ, но ме интересираат и ја разбирам целта на религиите. Не верувам дека постои некаква виша сила, "нешто горе", рај и пекол... Верувам дека секој има избор во секоја ситуација во животот, секој одговара за своите постапки и ние сме само интелегентни суштества кои живеат живот на една планета во универзумот и откако ке умрат, не постои ништо понатаму.