Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Не лажам,ама мразам кога некој убедливо ме лаже а јас ја знам вистината, за мојот знак имам читано дека се професионалци во лажење,ама јас не се согласувам со тоа
Не лажам, не сакам да ме лажат, а ако пробам да излажам нешто си кажувам веднаш (ако не кажам имам грижа на совест )..како што викат на лагата и се кратки нозете, кога тогаш ќе се дознае дека си излажал и ќе биде полошо, барем така мислам
Немам навика да лажам или да си измислувам некои психопатски лаги што немаат врска, секогаш ја кажувам вистината, дали боли или не вистината јас ќе ја кажам.
Некогаш од страв да не некого навредам повредам знам да скријам некои работи, ама подоцна најчесто во текот на ноќта, се вртам низ кревет и неможам да заспијам.
Станувам и седнувам на кревет како дете мало и пишувам во дневник - да знае барем тој што сум излажал