Внатрешниот говор со другата јас што милувам да ја викам го водам секојдневно. Нема ден, а да не си зборувам самата со себе во мислите.
А, денес, го достигнав врвот: ПМС-от ме пукаше, нешто се изнервирав, триста емоции ми се испомешаа(а најчесто кога ми се случува ова се затворам во соба покриена со ќебе и плачам), ама арно денес не можев да заплачам(а после плачење многу ми олеснува) и видов-не видов, реков с
ега ќе мораш да играш момент на вистината со себе и тоа пред огледало! Да, да, убаво читате

, прочитав некаде дека се употребувала како техника, не знам за што беше точно(а знам дека тоа зборување пред огледало Practice speech го имаше на Симс, а и тоа најмногу ме инспирираше) и си почнав да си зборувам во прво лице гледајќи си го ликот во огледало. Прво ми беше чудно, па после тоа ми стана интересно да си ја анализрам фацата додека зборувам и забележав дека правам интересни гримаси кога зборувам, т.е не се гримаси туку мрдања со челово нешто во пределот помеѓу веѓите.

Сфатив дека ако не можеш да бидеш искрен кон себе, па дури и се што не ти чини и што ти е болно(ти предизвикува болка и ти тежи на душа) да си кажеш директно гледајќи си се в лице, не можеш да бидеш искрен кон никого.
Не е чудно, мислам мене не ми е, сега можда во очите на некој друг изгледам како чудак, ама мене ми е гајле.

Мене зборувајќи така ми олесна, едно 15 минути траеше, а и после тоа кога се соочив со тоа што ме повредуваше најмногу, солзите почнаа да течат. А, ако не почнев да зборувам со себе, немаше да потечат и ќе трпев во мене и ќе бев полна со негативна енергија. Вака, ми олесна многу.
Напоменувам, не беше зборување на глас, туку шепотење(ама слично би му дошло), со оглед на тоа што почнав со шепкање и кога завршив пробав и на глас, ама така ми беше премногу језиво. Значи си шепкав на глас и ќе го правам тоа кога ќе бидам во можност(значи сама дома) и пред да паднам во депресија ќе си направам квалитетен разговор со самата себе, за да ми олесни и да ми се промени расположението. Нешто како терапија би му дошло(здравје ако еден ден работам како психотерапевт ќе ја воведам оваа техника на зборување со самиот себе пред огледало, ако веќе не е воведена, не сум запозната).
А, делува, затоа што го проверив тоа прееска. Олеснително и многу онака како голема поткрепа, ако знаеш како да зборуваш и како да си делуваш позитивно и корисно кон заклучување на паметни решенија. Ама изгледа со песимистите ќе треба најмногу да се работи, и не знам дали е секој за саморазговор пред огледало затоа што треба да знаеш да изведеш заклучок во текот на разговорот што ќе ти помогне, а не што ќе те дотолчи, според мене.
