Дали имате навика да зборите самите со себе

Anacal

Полноправен Член
19 јануари 2013
45
29
18
Многу пати сум се фатила да си зборам сама со себе и тоа е најчесто кога се критикувам или кога сум нервозна па се прашувам што не е во ред со мене. Друг пат не ми се случило или не сум свесна за тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

Lovely*-*

Староседелец
27 мај 2012
230
164
1,043
33
Ohrid
kimmyqueen98.tumblr.com
ХАхаахаххахахахаха да си зборувам ама не на улица... Леле кога бев помала 12 години и бев по облеквењето и сите облеки на креветот и за да ги здиплам сите и играв продавачка во бутик некој хахахха кој знае како сум била занесена хаха :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe and Rosana

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
353
406
363
Skopje
Знам и јас понекогаш така да забегам и да си зборам со самата себеси :D и кога ќе се освестам си викам дај престани жити се со глупостиве да ме чуе некој ќе се чуди оваа се мрднала од умот :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
Многу често ми се случува ова.. Кога сум надвор многу често си зборам сама со себе (т.е си размислувам).Дури ми се случило и толку да се внесам у тоа така што ако помине некој познат крај мене изгледа како да не го познавам иако гледам во него :D
Исто така многу пати кога сум си сама дома си зборувам на глас и коа ќе се свестам за тоа си се смеам самата на себе :giggle
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Да зборувам сам со себе најчесто кога сум болен и имам јака температура и во некои случаеви коа сум депримиран.
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
се' почесто и почесто, за жал..не од осаменост, туку на моменти на нервоза, па дури и на возбуда..некогаш кога треба некому да кажам нешто си пробувам сама со себе како ќе звучи хехе лудаа :giggle
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
се` почесто и почестоо ... посебно коа сум нанервирана или пак коа сум нешо возбудена .. а во последно време и коа сум среќна.. треба ли да ме плаши? :)
ваљда заминувам .. летнал мозокот хахахахахха !!! :D
 

Female

Староседелец
18 јануари 2013
125
183
1,043
In your thoughts!
Внатрешниот говор со другата јас што милувам да ја викам го водам секојдневно. Нема ден, а да не си зборувам самата со себе во мислите.
А, денес, го достигнав врвот: ПМС-от ме пукаше, нешто се изнервирав, триста емоции ми се испомешаа(а најчесто кога ми се случува ова се затворам во соба покриена со ќебе и плачам), ама арно денес не можев да заплачам(а после плачење многу ми олеснува) и видов-не видов, реков сега ќе мораш да играш момент на вистината со себе и тоа пред огледало! Да, да, убаво читате(nod), прочитав некаде дека се употребувала како техника, не знам за што беше точно(а знам дека тоа зборување пред огледало Practice speech го имаше на Симс, а и тоа најмногу ме инспирираше) и си почнав да си зборувам во прво лице гледајќи си го ликот во огледало. Прво ми беше чудно, па после тоа ми стана интересно да си ја анализрам фацата додека зборувам и забележав дека правам интересни гримаси кога зборувам, т.е не се гримаси туку мрдања со челово нешто во пределот помеѓу веѓите.:D
Сфатив дека ако не можеш да бидеш искрен кон себе, па дури и се што не ти чини и што ти е болно(ти предизвикува болка и ти тежи на душа) да си кажеш директно гледајќи си се в лице, не можеш да бидеш искрен кон никого.
Не е чудно, мислам мене не ми е, сега можда во очите на некој друг изгледам како чудак, ама мене ми е гајле.:)
Мене зборувајќи така ми олесна, едно 15 минути траеше, а и после тоа кога се соочив со тоа што ме повредуваше најмногу, солзите почнаа да течат. А, ако не почнев да зборувам со себе, немаше да потечат и ќе трпев во мене и ќе бев полна со негативна енергија. Вака, ми олесна многу.
Напоменувам, не беше зборување на глас, туку шепотење(ама слично би му дошло), со оглед на тоа што почнав со шепкање и кога завршив пробав и на глас, ама така ми беше премногу језиво. Значи си шепкав на глас и ќе го правам тоа кога ќе бидам во можност(значи сама дома) и пред да паднам во депресија ќе си направам квалитетен разговор со самата себе, за да ми олесни и да ми се промени расположението. Нешто како терапија би му дошло(здравје ако еден ден работам како психотерапевт ќе ја воведам оваа техника на зборување со самиот себе пред огледало, ако веќе не е воведена, не сум запозната).
А, делува, затоа што го проверив тоа прееска. Олеснително и многу онака како голема поткрепа, ако знаеш како да зборуваш и како да си делуваш позитивно и корисно кон заклучување на паметни решенија. Ама изгледа со песимистите ќе треба најмногу да се работи, и не знам дали е секој за саморазговор пред огледало затоа што треба да знаеш да изведеш заклучок во текот на разговорот што ќе ти помогне, а не што ќе те дотолчи, според мене.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Епа искрено често ми се случува да си зборувам сама со себе и тоа во главно некои глупости. Се разбира тоа кога сум дома и ми е досадно па си се прашувам сама себе Шо ти е па сега тебе чупе? :giggle
И секогаш кога сум нервозна влегувам во соба и си брблам додека не се смирам. Ни сама не знам што кажувам битно ми поминува без да го истурам гневот врз некој друг.
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Да, и тоа многу. Понекогаш, на пример кога си го местам креветот, си ги мијам рацете, го вклучува лаптопот или нешто слично си зборувам работи без врска. Но, најчесто она што го зборувам има некоја врска и идеја.:sreken