Дали имате бенифициран/а пријател/ка?

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Имам другарки, али тие ми се само другарки со одредени причини. Исто така верувам во пријателство од спротивен пол но не верувам дека тоа може да се искачи на истиот левел како машко-братско другарство,а за сестринството не би коментирал.
А ми се случило да се бакнам со другарка и тоа да остане само наша мала тајна и да не прерасне во врска или караница. Сеуште сум пријател со неа, но не се гледаме често од причина што после факсот секој си продолжи со својот живот обврски и нови кругови на пријатели. Но тоа не значи дека не се почитуваме или не се присетуваме барем еднаш во месецот да се слушниме од поштовање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Bum-Bum

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ама ти ем го неќеш за себе, ем несакаш ни друга да го има. Ама сфаќам отприлика како е.
Сепак, ако не го сакаш, паметна одлука да останете само другари.
Знам дека не бараше совет, туку јас морам да тропнам де. :D
Инаку ваквите врски настанати од пријателство, не влијаат само на соодносите помеѓу тие двајца, туку на целото друштво.
Барем кај нас беше така. Бевме толку сложни, абе браќа да имав, немаше дотолку да ми се ко другариве што беа. Најчисто и најискрено другарски, без никогаш, никакви намери и претензии од ниедна страна.
И тогаш се уфрли ново девојче во друштвото, удри окце на еден од другариве. Бидна што бидна, за 6 месеци се посраа и на врската и нам ни се посраа на друштвото. После машката страна се повлече по другарот, женскиве се повлекоа по женската, јас и уште една другарка останавме неутрални, ама битно се распадна. Сега и ќе се видиме и се’ но многу ретко и како да постои некоја бариера, не сме дотолку слободни да си исплескаме муабети ко порано.
Затоа, поарно секогаш другарски односи, отколку никакви на крај да излезат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ме чинеше губење на една драга личност од мојот свет. Но ме направи да сменам филозофија на живот кон подобро, пристап, перцепција. На еден начин ми ги отвори очите.
Тапа чувство додека дое до финалниот продукт. Затоа штом сте во ваква ситуација, дистанца уште од старт. Јес да лесно е некој друг да ви каже...
 

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
502
1,110
393
Се дружевме, се знаеше за мене и ја за него, на крај се смувавме.. напраивме муабет дека ќе ни се расипело другарството, дека како пар не би функционирале бла бла, ама сепак ја пречекоривме таа линија, и сеа сме пак другари али не е тоа што беше, на мн поголема дистанца сме.. се каам јбг .. (worried)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Saladin

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Се дружевме порано, се смувавме ама и пак останавме пријатели и така тераше тоа, ама сега веќе не се познаваме на улица...
Морам да признаам дека ТОЈ беше оној кој правеше се за мене, ама буквално беше тука кога ми требаше рамо за плачење, да се доверам или да ме избрани пред некого, ама како викаат се што е слатко трае кратко. Почнаа чести муабети дека идеме, што беа неиздржливи. Од тогаш па до денеска поминаа 5 години.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Да да,нема мување па после пак истото дружење,невозможно е,едниот сигурно има чуства и веќе не е како што било.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
јас до ден денеска чекам некој да ми објасни ЗОШТО ?! не е можно пријателство помеѓу машко и девојче ? :)
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Штом дошло до мување значи имало некое маааааалку појако чувство од другарство. Е коа ке дое до тоа, тешко е да се вратиш на старото другарство. Од магаре на коњ убаво е да се качиш, ама од коњ на магаре да се симниш, лузер си. Или сакаш да си останеш на коњот или не сакаш да се качиш на ништо веке.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y