Првично, секој си има право да одлучува дали сака да се вплеткува во такво нешто.
Разлика има кога знаеш дека тоа го правиш затоа што ти сакаш така, дека имаш секс и утре ќе пиеш кафе со таа личност без обавези и записници, објаснувања и стратегии и она кога наводно се муваш со некој си, имате секс одвреме навреме нели, а вистината е дека ти си ја замислила веќе свадбата и потајно се надеваш дека ќе искочи нешто добро, а дотичниот те третира како последна станица и наоѓа време исклучиво само кога нема ништо друго да прави.
Тоа да, во случај кога двете страни се кристално јасни.
But then...there are always strings attached...no man is an island и тие работи затоа вториот пример е повеќе застапен во реалноста.
Кога би можеле луѓето да се јасни со себе и со другите, колку глупости би се избегнале...nevermind, пак почнав со утопии