За првово можно е како што викаш, пошо мала и нема муда насобрано, ама мене друго ми текна, пошо е мала е лесна и за манипулација, така да може пошто пото да и` се лизне во некоја конверзација со типот.1. Знам дека нема да биде така, и кажав ако случајно му каже дека јас знам ќе биде дел од еден голем скандал. А девојчево е дете, 17 год бе, ја знам и мајка и.
Вика те молам немој , мене ми е глупаво леле ау ау, ништо не му враќам ако само ми пише директно ти праќам на тебе . И ако ти требам за доказ ќе кажам пред другарка ти.
2. Башка он нема шанса да и каже самиот, туку ако дознае чекам да ме исконтактира мене, ќе сака мене да ми го смени мислењето дека е лага и дека некој сака да му ја уништи врската и тогаш ќе почне целата драма па нека биде што сака да биде. Ќе и кажам да другарка ми дека без доказ дека нешто такво постои не сум сакала да отидам кај неа и да и ги правам тие стресови. Ако ми мисли пола од тоа што јас на неа ќе ме сфати во целосност.
За второто сеа... Никогаш не знаеш каде прво ќе каже, дали кај тебе или кај неа.. Но логички својствено е прво да ја праша неа одоколу да испита дали знае барем нешто. Коа ќе види дека не знае, тогаш ќе направи сценарио и ќе почне процесот на перење мозок.
Пошо ти си сега „заканата“ во неговиот свет на ниски страсти, ќе проба на секој можен начин да те елиминира. Ако е до толку глуп, прво ќе отиде кај тебе. Но пошо погоре ти спомна за неговите манипулативни вештини, ме става на ум дека не е баш работата така наивно ко што изгледа.

Којзнае што перцепира раја под пријателство денеска...