Дали да молчам или да и го скршам срцето?

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,033
9,657
1,683
Normandy
1. Знам дека нема да биде така, и кажав ако случајно му каже дека јас знам ќе биде дел од еден голем скандал. А девојчево е дете, 17 год бе, ја знам и мајка и.
Вика те молам немој , мене ми е глупаво леле ау ау, ништо не му враќам ако само ми пише директно ти праќам на тебе . И ако ти требам за доказ ќе кажам пред другарка ти.

2. Башка он нема шанса да и каже самиот, туку ако дознае чекам да ме исконтактира мене, ќе сака мене да ми го смени мислењето дека е лага и дека некој сака да му ја уништи врската и тогаш ќе почне целата драма па нека биде што сака да биде. Ќе и кажам да другарка ми дека без доказ дека нешто такво постои не сум сакала да отидам кај неа и да и ги правам тие стресови. Ако ми мисли пола од тоа што јас на неа ќе ме сфати во целосност.
За првово можно е како што викаш, пошо мала и нема муда насобрано, ама мене друго ми текна, пошо е мала е лесна и за манипулација, така да може пошто пото да и` се лизне во некоја конверзација со типот.

За второто сеа... Никогаш не знаеш каде прво ќе каже, дали кај тебе или кај неа.. Но логички својствено е прво да ја праша неа одоколу да испита дали знае барем нешто. Коа ќе види дека не знае, тогаш ќе направи сценарио и ќе почне процесот на перење мозок.
Пошо ти си сега „заканата“ во неговиот свет на ниски страсти, ќе проба на секој можен начин да те елиминира. Ако е до толку глуп, прво ќе отиде кај тебе. Но пошо погоре ти спомна за неговите манипулативни вештини, ме става на ум дека не е баш работата така наивно ко што изгледа.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Прво да одговорам на Орхидеја дека во нашиот град сите се знаеме едни со други, така да девојчето што ми го кажа ова е добро запознаена со должината на врската и за тоа дека се тие долго време заедно. Значи не се работи за 18 годишни деца, туку ние имаме по 24-25 год, каде врската е над 5 години и каде се зборува за брак, деца, иднина. Јас пишувајќи го проблемов на форум не сакав да изгледам како тинејџерка која едвај чекала некоја активност во животот за да се занимава и да тепа досада, туку навистина се чувствувам изгубено. Не знам од каде да почнам , и не знам каде ќе завршам. Единствено што знам е дека што и да се случи мојата другарка ќе биде длабоко повредена, изгубена, депресивна. Нејзиниот најдобар период ќе се претвори во најлош. Значи јас не се секирам единствено за тоа дека ќе ми се налути, туку се секирам за нејзиното срце. Има пројдено многу лоши работи и навистина секогаш кажува колку е благодарна на судбината што ја има. Кога ќе и кажам , ќе ја повредам. Значи јас и моите зборови ќе ја уништат во овој момент.

Саладин,Јами, Мисс, Пеперутката, Електра од прилика делат мислење а и јас го делам истото со вас. Се ми е на теорија јасно , знам како треба, знам како би посоветувала јас некого во ваква ситуација. Ама кога ќе ти се случи е многу тешко да го направиш пресвртот на судбината во нечиј живот.
Исконтактирав со девојката директно. И пишувал, а таа кажува како и било глупаво што еден зафатен дечко и пишува на неа, и било и глупаво заради мојата другарка, ама не и се свиѓал и ни во лудило не би излегла со него. Се договорив да ми прати се што има од пораките па сега ќе чекам. Беше преку телефон инаку косите ќе и ги искубев да ми беше пред лице,но кога помислев дека не е таа виновна што е дечково искомплексирана будала која нема појма какво злато има во животот и очигледно сака да остане бос и гладен по љубовта од личноста која го сака наивно и целосно.

Едно знам, нема да премолчам затоа што не му е грешка, туку е промислен чекор, тогаш сигурно промислил и на ризикот да изгуби.
Твој избор душо,јас ти го кажав моето мислење,најдобро и најбезболно,остави времето само да ги реши работите,ти нема стално да бидеш ангел чувар на другаркати,остави ја,човек треба во животот многу работи да доживее и да научи како да владее со нив.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Твој избор душо,јас ти го кажав моето мислење,најдобро и најбезболно,остави времето само да ги реши работите,ти нема стално да бидеш ангел чувар на другаркати,остави ја,човек треба во животот многу работи да доживее и да научи како да владее со нив.
Се слагам до негде со тебе,некогаш сакајќи да помогнеме на некој друг ние правиме огромна штета на себе. Никако не иде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,906
1,683
Disco
Значи не се работи за 18 годишни деца, туку ние имаме по 24-25 год, каде врската е над 5 години и каде се зборува за брак, деца, иднина. Јас пишувајќи го проблемов на форум не сакав да изгледам како тинејџерка која едвај чекала некоја активност во животот за да се занимава и да тепа досада, туку навистина се чувствувам изгубено. Не знам од каде да почнам , и не знам каде ќе завршам. Единствено што знам е дека што и да се случи мојата другарка ќе биде длабоко повредена, изгубена, депресивна. Нејзиниот најдобар период ќе се претвори во најлош. Значи јас не се секирам единствено за тоа дека ќе ми се налути, туку се секирам за нејзиното срце. Има пројдено многу лоши работи и навистина секогаш кажува колку е благодарна на судбината што ја има. Кога ќе и кажам , ќе ја повредам. Значи јас и моите зборови ќе ја уништат во овој момент.

Па ако и кажеш и ако те послуша ќе ја спасиш од евентуален развод во иднина, срања и јадови, ако тој се пушта на тинејџерки а неа и прави филмови за брак и деца, замисли како ќе ескалира после икс години...

Ќе и кажам да другарка ми дека без доказ дека нешто такво постои не сум сакала да отидам кај неа и да и ги правам тие стресови. Ако ми мисли пола од тоа што јас на неа ќе ме сфати во целосност.

I`d say that would be the best solution.:)

Муабетиве `не и кажувај, не таласај` од баба орхидеја погоре се најјаки.(facepalm) Којзнае што перцепира раја под пријателство денеска...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene and MoonFairy

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Јас мислам да и кажеш. Прво, ќе си бидеш чиста пред себеси. Доколку не и кажеш, ќе те јаде цел живот тоа. Ако еве тие се одлучат за брак и имаат деца, кога ќе го направи тоа пак тој ќе ти биде уште понеубаво отколку сега, кога се инволвирани невини луѓе(децата). Значи ти ќе си имаш чиста совест. Второ, таа заслужува да знае. И ако му прости и ако му се смири, тогаш тоа оди на нејзина сметка. Ако ти се налути ќе ти биде тешко, ќе те боли долго време, ама барем ќе знаеш дека таа свесно одлучила така и дека тоа е комплетно нејзина одлука.
Да не зборуваме дека лагите имаат кратки нозе, еден ден ќе се дознае тој каков карактер е. Ако тоа 17годишното девојче е примерно и не наседнало на продавањето на бајки од овој, следната на која ќе и го фрли пикот нема. Некоја лесна ќе се најде да ја мавта како што сака.
Тоа може да потрае, а другарка ти ќе дознае. Секогаш се дознава. Тогаш нели е подобро да се разочара само во дечкото, отколку во дечкото и во другаката? На крај, подобро раскин на долга врска, отколку развод на пропаднат брак.
Мене искрено, луѓето кои дозволуваат вакви тајни да опстојуваат ми се од оној тип на луѓе на кој им е битно само да имаат пријател, односно да имаат со кого да се дружат, да излезат на кафе, односно да не бидат сами. Нив не им е гајле што другарите им се со рогови, битно им е дека ако нив им се шета, да имаат кому да телефонираат за да излезат. Ако на некој му криеш ваква работа, тоа е од себичност или од незаинтересираност за она што може таквата тајна да му направи на човек. Ако ти беше познаничка ќе те советував да стоиш настрана, ама најверна другарка ти е. Не е исто.
Јас да се најдам на нејзино место, да знам дека имам другарка толку блиска и дека таа ми криела такво нешто долго време ќе и се налутам, најверојатно ќе го раскинам пријателството.
Не се сите исти, не можеш да ја предвидиш иднината. Може да останеш без другарка не велам не. Меѓутоа, според мене подобро е да и кажеш и да одиш на тој ризик, отколку да ќутиш и да се дружиш со неа свесно лажејќи ја секој ден. Не заборавај она што ти го пишав, дека секогаш се дознава се.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Saladin

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Се најдов комплетно во иста ситуација, најдобра другарка, неверен дечко и долга врска..решена бев дека морам да и кажам се, затоа
што не заслужува да живее таков живот. Но пред да ја спроведам одлуката на дело се обидов да разговарам со неа, да го видам нејзиното мислење и како таа би реагирала ако и се случи таква работа..сфатив дека го насетува неговото однесување но повеќе е подготвена да живее со тоа отколку да живее без него. Не секој човек сака да му се помогни, ретко кој можи да ја прифати вистината, она што за нас е неморално за друг е нормално, немаме сите иста перцепција, агол на посматрање ни позиција во животот. Испитај ја убаво територијата пред било што да одлучиш..
 
Да, но ти сепак си почнала да ја прашуваш индиректно, меѓутоа таа веќе го знаела сето тоа, ја донела одлуката, одлучила да биде слепа на 2 очи.
Нејзината пријателка (претпоставуваме) дека ништо не знае, по постовиве јас замислувам заљубена девојка, искрено и безусловно. Претпоставувам дека нема воопшто сознание што се случува. Според мене ти си постапила правилно, одлуката си била нејзина. Ни ти не си молчела. Разликата е во тоа што другарка ти веќе знаела. Сепак, различни ситуации се.
Еве не мора директно да и каже, нека ја проба твојата тактика, нека ја опипа прво ситуацијата. Ако и оваа постапи како другарка ти, тогаш мислам дека е во ред да се повлече девојчево.
За делот дека она што за нас е неморално за друг е нормално тотално се согласувам. Меѓутоа сметам дека ситуацијата е различна.
 
МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
33
домче
Сум бил во ваква ситуација. Гадно е , знам. Неќиш да го скршиш срцето на другарчето, ама ако ќутиш мислиш дека ќе пукнеш, се чувствуваш ко соучесник во делото.
Јас постапив вака и се покажа како исправно....
Ако сте другарки какви што кажуваш дека сте... отворено, ќе ја седнеш, ќе и кажеш каква е ситуацијата, дека не си сигурна што се случува и ќе ја замолиш да остане смирена додека не скроите стратегија за да го утврдите нештото. ТИ си ја познаваш другарка ти како реагира на такви ситуации,ќе и прилагодиш да го свати тоа нешто како што ти сакаш, т.е. да не излези после само рекла-казала .....И не мора сето наеднаш. Ќе ја истестираш прво убав што мисли за тие работи како не би имало несакани сцени.
Ако е здрава особа ќе го прифати нештото и ќе бара решение. Тука си за да и помогниш.
Не скривај, не е фер спрема неа!
Не се труди со идиотот да се објаснуваш ништо, бидеќи секогаш е тој во предност... Таа го сака, сака животот да го помине со него! . Тој ќе избрише пораки, ќе ја бојадиса дека си му се „пуштала“ и наеднаш ќе почне другарка ти да не ти верува и да те избегава. И ова е во пракса тестирано....
Едино реално решение е очи в очи со другарка ти, евентуално во друштво на еден коњак за опуштање....
Тоа е според мене...
 
Е навистина многу ја издраматизиравте работава,а ова во друштво со коњак е најдобра идеја,а има мака нека дрма стално коњак и после хроникус.Ајде веќе издржа бајаги дена и нека одлучи како ке постапи оти сите сме на исчекување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко