Дали да молчам или да и го скршам срцето?

rain-bow

Староседелец
21 ноември 2014
174
80
1,038
Не битно...Битно е дека јас оцрнувам некого, не битно што тој некој мене длабоко ме повредил..мене и сите околу неа...а јас неќам да бидам ѓубре се у фаца да и кажам
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Не битно...Битно е дека јас оцрнувам некого, не битно што тој некој мене длабоко ме повредил..мене и сите околу неа...а јас неќам да бидам ѓубре се у фаца да и кажам
Во тој случај нема да бидеш ѓубре, туку искрена и директна личност.
На овој или на оној начин девојката/жената ќе дознае, бидејќи зборуваш наоколу.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

rain-bow

Староседелец
21 ноември 2014
174
80
1,038
Јас се кладам дека и со другата другарка, со која не комуницира преку псевдоними истото го зборува.
Еве јас знам дека таа за мене збори наоколу и тоа многу полоши и по злобни муабети...и знае дека знам. Не барам никој да разбере, си побарав совет, а за да добијам морам да го образложам проблемот. Ако има некој совет бујрум, а ако не..нека не се меша..пошо никој не е безгрешен, ниту јас ниту било кој тука за да ме просветли дека испаѓам гуска(овој епитет сама си го доделив) и за тоа што ја зборам и за тоа што ја трпам.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Еве јас знам дека таа за мене збори наоколу и тоа многу полоши и по злобни муабети...и знае дека знам. Не барам никој да разбере, си побарав совет, а за да добијам морам да го образложам проблемот. Ако има некој совет бујрум, а ако не..нека не се меша..пошо никој не е безгрешен, ниту јас ниту било кој тука за да ме просветли дека испаѓам гуска(овој епитет сама си го доделив) и за тоа што ја зборам и за тоа што ја трпам.
Кога не знаеш да читаш меѓу редови, ајде да ти напишам во редови.
Мојот совет, виножитно-нервозна девојко е да ѝ кажеш во лице на другарката тоа што те мачи.
Никој не те тера да ја трпиш.
Дури и да ти е родител или сестра можеш преку весник да се откажеш од него/нив ако до таму отиде работата, а не обично пријателство кое очигледно не е пријателство.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,033
9,657
1,683
Normandy
Еве јас знам дека таа за мене збори наоколу и тоа многу полоши и по злобни муабети...и знае дека знам. Не барам никој да разбере, си побарав совет, а за да добијам морам да го образложам проблемот. Ако има некој совет бујрум, а ако не..нека не се меша..пошо никој не е безгрешен, ниту јас ниту било кој тука за да ме просветли дека испаѓам гуска(овој епитет сама си го доделив) и за тоа што ја зборам и за тоа што ја трпам.
Не знам каков совет бараш од нас тука кога мотивот ти е недефиниран. Од една страна викаш те избегнува, сеа викаш дека и збори лошо за тебе.
Каков совет очекуваш од нас? Како да и` се светиш затоа што те оговарала, или да ја вратиш како другарка?
Да сум на твое место, отворено би и` спомнала за тоа што таа шири лоши муабети, дека не пијам нафта, па барем мирна ќе ми биде совеста, а она ако сака нека се јаде, ако не нека се гони у три лепе.
Као што ти кажа Аркантос, многу пријателства се завршуваат со горчина ради лоша мискомуникација, некои завршуваат онака како пламенче кое тлеело со години, едноставно немате што повеќе да си зборите и тоа е тоа. Ако чуваш другарство ради старите добри времиња и сосила тераш нешто што сега во моментот нема никаква легитимност да постои, тогаш си правиш штета само на себе.
Сите сме биле будали и сме го јаделе стапот барем неколку пати во животот. Еве ако ти е за утеха, јас имам завршено 3-4 долги пријателства затоа што другата страна или немала што да каже понатаму а форсирала, или едноставно оганот згаснал после неколкугодишно тлеење. А имало и такви на твојот пример каде луѓе говоркале па сум им ја плеснал вистината во лице, па самите тие прекинувале.
Не е проблем оговарањето, ете уште ден денес се оговараме со најдобриот другар и знаеме меѓу себе дека е тоа така, работата е колку обајцата би ја прифатиле вистината за нашата природа. Вистинскиот пријател нема да ти рече да ти сугерира да се смениш туку ќе те прифати онаков каков што си - несовршен. Ако тебе те повредува тоа што таа говорела на страна, тогаш имаш проблем. Ако тој проблем не го дискутираш со неа туку и` враќаш на ист начин само за да се осетиш подобро, тогаш ти не ја цениш неа као личност и тука не се работи веќе за пријателство туку за играње на-ти-го-дај-ми-го па ко преживи пичаќе.
 

rain-bow

Староседелец
21 ноември 2014
174
80
1,038
Не се разбираме, не е само еден проблем и не сум само јас вклучена во ова. Имав пишувано па не би сакала да се повторувам. На почетокот ми беше како да ја освестам дека греши и дека веќе полека сите не губи со нејзиното однесување, но да ме разбере дека со тоа не и мислам лошо. Сега веќе кога таа длабоко западна во сето тоа јас не знам како да се однесувам. Сакајки да помогнам, како и секогаш, излагам лоша. Лесно е да се откажеш од некого...тешкото е да ја опраиш ситацијата.
Што се тиче зборењето, пишав знае дека знам дека зборела, и кажав два пати ако не ти одговарам секој по свој пат, и на тоа добив одговор дека нема она никаков проблем со мене.
Епа извинете ама боли коа со некој си 365 дена у годината делите се, за на крај да добиеш нож во грб.
Неќу да зборам више на оваа тема...Ви благодарам на одвоеното време да ме потрпите малку поише. Знам дека сум напорна.
 
Последна промена:

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,033
9,657
1,683
Normandy
Не се разбираме, не е само еден проблем и не сум само јас вклучена во ова. Имав пишувано па не би сакала да се повторувам. На почетокот ми беше како да ја освестам дека греши и дека веќе полека сите не губи со нејзиното однесување, но да ме разбере дека со тоа не и мислам лошо. Сега веќе кога таа длабоко западна во сето тоа јас не знам како да се однесувам. Сакајки да помогнам, како и секогаш, излагам лоша. Лесно е да се откажеш од некого...тешкото е да ја опраиш ситацијата.
Што се тиче зборењето, пишав знае дека знам дека зборела, и кажав два пати ако не ти одговарам секој по свој пат, и на тоа добив одговор дека нема она никаков проблем со мене.
Мислам дека немаш баш се кажано до крај за проблемов, но нејсе.
Пак ќе ти кажам, не можеш да смениш некој кон подобро, можеш да му кажеш само свое лично мислење, секако на начин како што тебе најдобро ти одговара (ете јас подиректно настапувам). Од лично искуство ќе ти кажам, треба да го потенцираш дека тоа е твое лично мислење, но не секојпат кога ќе се видите. Ако гледаш дека уво не ја боли за твоето мислење но ете ништо не се мења меѓу вас, имаш многу добра другарка која ете сака сама да си искуси све во животот. Тоа не значи дека ти треба целосно да кренеш раце, но АКО би се случило нешто, пост-фестум ако ти е воља можеш да и` бидеш comforting buddy. Пак ќе кажам се` зависи од тебе. А ако она покрај тоа што и даваш твое лично мислење околу тоа, прекинува секаков контакт тогаш таа не ти е другарка и те користи само за лепе очи што се вика. У превод, се` дур си фина со неа, егото ќе и` се полни, а малце свртиш на лево те прави најголемиот крвник. И уште нешто, напраи разлика меѓу афект и вистинско избегнување. Ако те избегава пошто пото откако си го кажала твоето мислење (секако ти избираш што и како) тогаш нема од што да се плашиш - тоа се оној тип на луѓе кои се целосно несигурни во себе и живеат од комплименти на другите и подоцна се трансформираат во емоционални вампири. А таквите веруј во животот најмалку ти требаат. Тебе ти треба позитивна личност, а не некој кој цело време ќе треба да внимаваш што и како да му кажеш за да „недајбоже“ ја повредиш неговата суета. На крај истите остануваат осамени и емоционално се „себе-консумираат“ или во повеќе трагичен случај завршуваат со партнер кому му го „наредуваат“ животот.
 

Alaysa

Полноправен Член
17 декември 2015
68
15
18
Ти си вистинска другарка, леле камо јас да имав некоја ваква, таквите како тебе се ретки а таквите како дечкото се за жал многу, и мислам дека можеш да предпоставиш што би избрала твојата другарка (ако навистина ти е другарка) би те изврала тебе, значи, кажи и се како што е, не се плаши од последиците пошто правдата секогаш излага на виделина, ипак сигурно не би сакала твојата другарка да живее во лага, без разлика колку години се во врска и колку она го сака, верувам дека иако малу се искомплицираат работите она на крај ќе ти каже фала:D ахх да, види да и го докажеш тоа што си го видела по можност, али ако ств сте блиски сигурно би ти поверувала и без тоа, па и твојата намера не е злонамерна..:D