Можеби мојов проблем не е баш за во оваа тема, но не најдов прикладно место кај да го ставам. Не се работи за неверство, барем не сум дознала такво нешто до сега фала богу.
Другаркава е со типот 2 ипол години. На почеток се беше ок. Одевме и по викенди, излети, се собиравме, шетавме. Одеднаш типот се смени. Не сака да излага со нас. Таа, се крие од мене, не крева на телефон. Кај мене на кафе едвај доаѓа, а кога ќе дојде тој и се јавува и таа по 15 мин си оди. Ја прашав, што му е. Прво имаше изговори као у стил, не му е арно, татко му не е добар..Ја шета внука му....И еден ден изгледа собра храброст да ми каже, дека некој ден кога сме биле собрани друштво, тој прашал нешто, а овој мојов не му одговорил, пошо изгледа не го слушнал. ЕЕ де викам па нека каже ко човек, извини прашав ама не ме слушна дај одговори ми. И демек типов лут. Па као испадна не е битно немал он никаков проблем со нас. И така почна да поминува време, а ние да не се гледаме, освен јас и она онака на кратко. Да е само тоа е мал проблем, тој не сака да се дружи со никој од нејзино друштво, никаде не оди со неа, ни по родендени, свадби, на сите им наоѓа маани. На улица кога ќе се сретне со некој гледа само како да избега. Таа требаше да ми биде старосватица, но, мене ми треба некој кој ме почитува, цени, кој ќе биде тука за мене во секое време, а не некој на кој јас му сметам. Кога и кажав таа ми кажа па добро и јас мислам така а башла и мојов не дека му смета маж ти , туку не се пронаоѓа со него??????????
Работата дојде до таму, што тој не доаѓаше на нејзин роденден ако таа имаше викнато некој друг. Дури престана и да вика за роденден, дури и за куќна слава, со изговор нема да славиме више, само домашни. Не одат ни по одмори, или ако отидат, сами и седат у смештај.
И многу е невкусно, кога си се договорил цело друштво да се собереш, да се видиш, а таа да дојде сама. И да лаже за него. Изгледа како детска приказна работава, многу мизерно, а јас не знам како да допрам до неа, како да и кажам дека така ќе си има големи проблеми. Дека тоа не е љубов, ако тој не е покрај неа. А таа само збори за мажење, за тоа што и купил, што и купла сестра му, што и кажала мајка му. Како ќе се мажела, па како и кажал да се верат, па пак како кај и да е ќе се мажела и се така во круг.
Леле верувајте срам ми е и дур го пишувам ова.
Стварно не знам дали јас погрешно размислувам, дали можеби јас сум грешка, и на сите стварно ни фали нешто, дали можеби типот е стварно толку совршен, па ете не може да се дружи со секој. Не знам. Ама мислам дека тоа е е една здрава и стабилна врска, а знам дека вака таа ќе пропадне еден ден, нема да може да издржи. Сакам да и помогнам, не знам како, ама па од друга страна и не сакам да и зборам, зошто таа си пати од комплекс на нижа вредност па ќе мисли сакам да и расипам од љубомора. Само да кажам од 1 одд сме другарки, неразделни. Ни сама више не знам како да се однесувам.
Дајте некој совет, дали да и зборам или само полека да се отргнам, зошто ова веќе не личи на пријателство.