Дали да молчам или да и го скршам срцето?

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Ако навистина ја сакаш ке и кажеш и нема да размислуваш дали тебе ке те откачи. Тоа размислување е себично во ситуацијата. Таа и да не ти верува тебе, секогаш ке го има на ум тоа што си и го кажала и ке биде многу попредпазлива во иднина. А ако и самата увиди дека си ви право, ке ти се врати, ако не, ке продложи со него на своја сопствена одговорност.
Треба да си искрена со нејзе, тоа е најдобро и за двете.
И размисли убаво дали ти е побитна нејзината среќа или тоа да ја задржиш покрај себе.
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Ако навистина ја сакаш ке и кажеш и нема да размислуваш дали тебе ке те откачи. Тоа размислување е себично во ситуацијата. Таа и да не ти верува тебе, секогаш ке го има на ум тоа што си и го кажала и ке биде многу попредпазлива во иднина. А ако и самата увиди дека си ви право, ке ти се врати, ако не, ке продложи со него на своја сопствена одговорност.
Треба да си искрена со нејзе, тоа е најдобро и за двете.
И размисли убаво дали ти е побитна нејзината среќа или тоа да ја задржиш покрај себе.


Може би е така,но се зависи од карктерот од девојката.И ајде веќе,нека одлучи што ќе прави,али би требало да не извести што се случило.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
ако можеш како доказ сликај го дечко и додека ја изневерува
и покажи и и кажи и
но биде до нејзе цело време
теши ја
сепак тоа ќе го направиш за нејзино добро
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Дечки , вака направив.
Ви кажав дека таа замина на одмор се дечкото. Јас тука се мислев што да правам, и јас исто бев на неколку дена да се одморам и кога се вратив она сеуште не беше вратена. Решив да разговарам со сестра и. И кажав се, и заедно одлучивме да и кажеме кога ќе се врати. Значи приложив докази и не беше само зборување од рекла-казала.
Ја седнавме и беше долг и тежок муабет. Колку што ја сфати стуацијата толку и не и беше јасно и неможеше да разбере како и се случило и како може да била толку слепа а присутна во исто време. И кажав дека разбрав еден ден пред да оди на одмор и дека не знаев што да правам, ама затоа што ми е многу битна во животот решив да и кажам па макар значело да ја изгубам доколку не ми поверува.
Врската меѓу нив е моментално неговото цимолење за тоа каква грешка направил и пробување да ја врати назад. Моментално се раскинати но тој на секој начин пробува да ја врати. Не знам што ќе се случи но мислам дека нема да му прости. Премногу е повредена.
Срцето и е скршено ама ќе се издигне знам јас. Ние сме и тука во овие моменти и заедно плачеме се смееме и пцуеме.
Тој е тој што изгубил, нејзиното срце ќе се залечи ќе си најде прилика затоа што вреди многу. А за него искрено не ми е нималку гајле, немам никакво чувство на жал и сочувство.
 

Lele-

Староседелец
20 октомври 2012
2,297
2,383
1,153
Skopje
Добар чекор си направила што си и кажала, ќе се оправи она се некој ден, се минува (освен инаетот) туку некаде горе прочитав дека сте биле и двете во врска и дека взаемно сте се здружиле. Чисто онака и да си 100% сигурна во твојот партнер провери си го да не случајно и тој ти го прави истото, пошто знаеш како што ете вие две сте блиски и тие двајца стануваат и кога едниот ќе се впушти во нешто такво големи се шансите и другиот да се впушти језда не мора да значи дека е така но ете за секој случај.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

rain-bow

Староседелец
21 ноември 2014
174
80
1,038
Можеби мојов проблем не е баш за во оваа тема, но не најдов прикладно место кај да го ставам. Не се работи за неверство, барем не сум дознала такво нешто до сега фала богу.
Другаркава е со типот 2 ипол години. На почеток се беше ок. Одевме и по викенди, излети, се собиравме, шетавме. Одеднаш типот се смени. Не сака да излага со нас. Таа, се крие од мене, не крева на телефон. Кај мене на кафе едвај доаѓа, а кога ќе дојде тој и се јавува и таа по 15 мин си оди. Ја прашав, што му е. Прво имаше изговори као у стил, не му е арно, татко му не е добар..Ја шета внука му....И еден ден изгледа собра храброст да ми каже, дека некој ден кога сме биле собрани друштво, тој прашал нешто, а овој мојов не му одговорил, пошо изгледа не го слушнал. ЕЕ де викам па нека каже ко човек, извини прашав ама не ме слушна дај одговори ми. И демек типов лут. Па као испадна не е битно немал он никаков проблем со нас. И така почна да поминува време, а ние да не се гледаме, освен јас и она онака на кратко. Да е само тоа е мал проблем, тој не сака да се дружи со никој од нејзино друштво, никаде не оди со неа, ни по родендени, свадби, на сите им наоѓа маани. На улица кога ќе се сретне со некој гледа само како да избега. Таа требаше да ми биде старосватица, но, мене ми треба некој кој ме почитува, цени, кој ќе биде тука за мене во секое време, а не некој на кој јас му сметам. Кога и кажав таа ми кажа па добро и јас мислам така а башла и мојов не дека му смета маж ти , туку не се пронаоѓа со него??????????
Работата дојде до таму, што тој не доаѓаше на нејзин роденден ако таа имаше викнато некој друг. Дури престана и да вика за роденден, дури и за куќна слава, со изговор нема да славиме више, само домашни. Не одат ни по одмори, или ако отидат, сами и седат у смештај.
И многу е невкусно, кога си се договорил цело друштво да се собереш, да се видиш, а таа да дојде сама. И да лаже за него. Изгледа како детска приказна работава, многу мизерно, а јас не знам како да допрам до неа, како да и кажам дека така ќе си има големи проблеми. Дека тоа не е љубов, ако тој не е покрај неа. А таа само збори за мажење, за тоа што и купил, што и купла сестра му, што и кажала мајка му. Како ќе се мажела, па како и кажал да се верат, па пак како кај и да е ќе се мажела и се така во круг.
Леле верувајте срам ми е и дур го пишувам ова.
Стварно не знам дали јас погрешно размислувам, дали можеби јас сум грешка, и на сите стварно ни фали нешто, дали можеби типот е стварно толку совршен, па ете не може да се дружи со секој. Не знам. Ама мислам дека тоа е е една здрава и стабилна врска, а знам дека вака таа ќе пропадне еден ден, нема да може да издржи. Сакам да и помогнам, не знам како, ама па од друга страна и не сакам да и зборам, зошто таа си пати од комплекс на нижа вредност па ќе мисли сакам да и расипам од љубомора. Само да кажам од 1 одд сме другарки, неразделни. Ни сама више не знам како да се однесувам.
Дајте некој совет, дали да и зборам или само полека да се отргнам, зошто ова веќе не личи на пријателство.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

rain-bow

Староседелец
21 ноември 2014
174
80
1,038
Еднаш и кажав дека нема да изржи она у таква врска, се напраи наудрена, сега од другиве другарки слушам приказни како што и тој да и каже она мисли дека е у право, мајка и и кажала да си го гледа него а не другаките....Многу работи дознав....Зборевме за тоа да ја седнеме и да и кажеме, ама увидовме дека е џабе после сите муабети. Типов скроз и го има свртено паметот. Сега испадна дека таа со нас има лошо минато, па тој не не поднесува. А не иде со неа никаде и не ја пушта зошто може некој ќе и се пушта на неа, па он ќе требал да се тепа. Ужасно лоша и да не речам малоумна ситуација, еј маж од 30 години со таков памет. Страшно и срамно. Ко за некои 16 годишни деца ко да кажувам.
 

Yea bro

Нов член
21 јануари 2015
9
3
3
29
:( можеби ова ке звучи злобно но вака мора да направиме се за да ги оделиме епа вака
прво најди девојка која ке ти помогне нека биде некоја која ке направи се
второ нека почне да се дружи девојката со оној на другаркати нека го надера да се заљуби во неа за подоцна другаркати да ги види заедно и да го исфрли од нејзиниот живот ако нње успее второто веднаш на главно да се премине