Дали да молчам или да и го скршам срцето?

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Тоа е сосема различна ситуација, да не речам диаметрално спротивна од сегашнава.
Дали е диа или триаметрална,поентата ми е такви работи не се кажуваат,по мене од досегашно искуство.Но ако сака она може и на труба да разгласи,нејзино право,она ке биде вмешана во последиците,какви такви,позитивни негативни,нејзе глава ке ја боли.Разни луѓе,разни тактики,разни логики.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,033
9,657
1,683
Normandy

Секогаш треба да се прави разлика помеѓу разгласување и кажување на личноста. Причината зошто е едното а зошто другото. Пошто првото е само поради ситноста на душата додека ако и` каже на неа, има подлабока причина зошто е тоа така.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,906
1,683
Disco
Секогаш мислев дека кога би се нашла во ваква ситуација би знаела точно што да направам и би постапила правилно.
Кога се најдов еве сега, повеќе не знам ниту што е правилно ниту што да направам.
Проблемот е следен:
Имам другарка која ја сакам како своја сестра. Блиски сме премногу и споделуваме и добро и лошо. Секогаш кога едната е тажна, лута , разочарана другата е тука да ја ислуша, посоветува па дури и да молчи заедно со неа само за да биде полесно.
Двете сме во долги врски и се дружиме. Сите помеѓу нас станавме другари и луѓе кои имаат доверба едни во други.
Јас денеска дознав нешто што никогаш не требаше да го дознаам. Нејзиниот дечко, нејзината љубов, кога велам љубов значи тоа е навистина љубов каква ретко се гледа, се додворува на едно друго девојче. Значи ги прочитав сите пораки кои се гнасни, манипулирачки и манијачки. Ми се наполнија очите со солзи и се тресев исто како на мене тоа да ми се случува.
Нивната врска е премногу долга, знам дека и да и кажам тој ќе најде начин да и го сврти паметот и да ја смири и тогаш јас ќе ја изгубам неа како моја сестра. Ќе ја оддалечи од мене засекогаш.
Што да правам? Се мислам да му кажам на „ТОЈ“ дека знам и да му се заканам да престане. Но дали тоа ќе биде доволно? Како да живеам со ова што го знам ??? Зарем да и премолчам ваква сериозна работа? Па таа планира сериозна иднина со него....
Не знаев каде , кому да му побарам совет..... Ужасно ми е....

Ами ако имаш прилика нареден пат да прочиташ такви пораки, сејв пејџ или скриншот и така ќе имаш егзибит А. What can`t speak can`t lie и тие ствари, покажи и ги и после е нејзина ствар како ќе постапи...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Секогаш мислев дека кога би се нашла во ваква ситуација би знаела точно што да направам и би постапила правилно.
Кога се најдов еве сега, повеќе не знам ниту што е правилно ниту што да направам.
Проблемот е следен:
Имам другарка која ја сакам како своја сестра. Блиски сме премногу и споделуваме и добро и лошо. Секогаш кога едната е тажна, лута , разочарана другата е тука да ја ислуша, посоветува па дури и да молчи заедно со неа само за да биде полесно.
Двете сме во долги врски и се дружиме. Сите помеѓу нас станавме другари и луѓе кои имаат доверба едни во други.
Јас денеска дознав нешто што никогаш не требаше да го дознаам. Нејзиниот дечко, нејзината љубов, кога велам љубов значи тоа е навистина љубов каква ретко се гледа, се додворува на едно друго девојче. Значи ги прочитав сите пораки кои се гнасни, манипулирачки и манијачки. Ми се наполнија очите со солзи и се тресев исто како на мене тоа да ми се случува.
Нивната врска е премногу долга, знам дека и да и кажам тој ќе најде начин да и го сврти паметот и да ја смири и тогаш јас ќе ја изгубам неа како моја сестра. Ќе ја оддалечи од мене засекогаш.
Што да правам? Се мислам да му кажам на „ТОЈ“ дека знам и да му се заканам да престане. Но дали тоа ќе биде доволно? Како да живеам со ова што го знам ??? Зарем да и премолчам ваква сериозна работа? Па таа планира сериозна иднина со него....
Не знаев каде , кому да му побарам совет..... Ужасно ми е....
Заборавив да те прашам дали ти додека ги читаше тие пораки не и објасни на тоа девојче дека истиот даса има девојка и така натака,па она нека ја одврзе мрежата?
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Ајде обратна ситуација да направиме,имаш швалер и другаркати те покрива,ама еден ден ке се налути и ке му каже на мажотти оти ја пече совеста,дали ти и понатака ке се дружиш со неа ?
А чекај да расчистиме мене ми е другарка или на маж ми?!
Ако мене ми е другарка и тоа како сестра, тогаш мислам дека би и била поважна јас отколку маж ми...А ако решила да му каже на маж ми значи не ми била другарка, на маж ми му била поголема другарка...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mystique, Outrider and JaMi

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Секогаш мислев дека кога би се нашла во ваква ситуација би знаела точно што да направам и би постапила правилно.
Кога се најдов еве сега, повеќе не знам ниту што е правилно ниту што да направам.
Проблемот е следен:
Имам другарка која ја сакам како своја сестра. Блиски сме премногу и споделуваме и добро и лошо. Секогаш кога едната е тажна, лута , разочарана другата е тука да ја ислуша, посоветува па дури и да молчи заедно со неа само за да биде полесно.
Двете сме во долги врски и се дружиме. Сите помеѓу нас станавме другари и луѓе кои имаат доверба едни во други.
Јас денеска дознав нешто што никогаш не требаше да го дознаам. Нејзиниот дечко, нејзината љубов, кога велам љубов значи тоа е навистина љубов каква ретко се гледа, се додворува на едно друго девојче. Значи ги прочитав сите пораки кои се гнасни, манипулирачки и манијачки. Ми се наполнија очите со солзи и се тресев исто како на мене тоа да ми се случува.
Нивната врска е премногу долга, знам дека и да и кажам тој ќе најде начин да и го сврти паметот и да ја смири и тогаш јас ќе ја изгубам неа како моја сестра. Ќе ја оддалечи од мене засекогаш.
Што да правам? Се мислам да му кажам на „ТОЈ“ дека знам и да му се заканам да престане. Но дали тоа ќе биде доволно? Како да живеам со ова што го знам ??? Зарем да и премолчам ваква сериозна работа? Па таа планира сериозна иднина со него....
Не знаев каде , кому да му побарам совет..... Ужасно ми е....
Не ти препорачувам да молчиш од повеќе аспекти:
1) Можеби тоа е тест за тебе и твоето пријателство кон неа - Што ако другарка ти знае дека нејзиниот ја изневерува па со помош на другата другарка ( не спомна кое е девојчето на кое му се удварале и каква улога таа има во приказната, што според мене не е за занемарување) па може те тестират како би се испонашала ти во таква ситуација.
2) Ако и кажиш директно вака и вака е ситуацијата, можно е он после да се правда дека не и пишел тој, другар му бил незнам ти што и таа да му поверува, што не ја исклучуваме можноста и сето тоа да е вистина пошто другарите знаат да бидат доста немилосрдни а и самата пиша колку многу ја сакал и ја почитувал.
3) Таа веќе знае дека тој ја изневерува (можеби дури и таа него?-којзнае) можеби и да имат отворена врска или како и да ја нарекуваат. Не, не гледам премногу филмови. Ако директно и кажиш се што си дознала, може да се почувствува ранлива и омаловажена па и да раскине со дечкото може вашето пријателство да се истанче. Пример можно е да биде љубоморна што ти имаш совршена врска, да се чувствува непријатно покрај тебе зошто дозволила некој да ја зафркава и сл.
Според мене, не верувај во се што ќе прочиташ. Никогаш не знаеш што се случува навистина. Затоа натерај го дечко ти или некоја твоја братучетка што знаеш дека си живее со неа ама не се толку блиски да и каже, се разбира со доказ.Без доказ, ништо не правиш. Или па прати и на мејл или на нешто такво некој доказ ама биди сигурна дека ќе го виде. Така ти ќе си бидиш чиста, зошто нема да и кажиш директно, а сепак нема да молчиш. И да дознае некогаш дека ти си и го пратила фајлот, што според мене е речиси невозможно, ќе и кажеш дека се плашеше да не ја изгубиш и би требало да разбере.
Како и да е, ти си ја познаваш најдобро и би требало да имаш претстава отприлика како може да изреагира. Ама според ова твојов страв, ми се чини дека нема баш да ти поверува туку-така. Затоа, цврст доказ и гледај да дознае што е можно поскоро.
Мене да ме изневере девојката, а мојот другар да знае, би бил бесен ако ништо не ми каже. Се разбира, ако има цврсти докази да ми покаже океј, ако не не верувам и точка. Таква работа не се крие, барем според мене. Ако можиш некако да го изведиш тоа да дознае таа а ти да стоиш настрана-океј, ако не тогаш соочи се со неа директно, доказите во лице па другото е нејзино.Ако е паметна, и да остане со него и да излезе дека дечкото и е стварно невин и имало некоја друга прича во целата збрка, таа барем ќе знае дека ти си и вистинска пријателка и би требало да го цене тоа.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,524
1,183
Big Sur
Можеби малку неверодостојно ќе делува за другарката, но за проба, јас би играла на побезбедна, анонимна карта т.е. доколку сум во можност, ќе се докопам до доказите и ќе ги пратам анонимно до другарката, со мали објаснувања што и како. Тоа ми е некако најдобар начин да се испита територија и реакција. Лошо е што, ако е брејнвашд (а многу веројатно е), може дури и сосема да го игнорира тоа, мислејќи дека е со предумисла дека некој сака да ги раздели. Ако не е, добро за неа. И во двете ситуации, би ја оставила некој ден да се смири со реакциите/размисли за доказите, па подоцна би стапила на сцена да признаам дека сум јас таа што ги пратила и ќе се објаснам зошто сум го направила тоа анонимно. Штом ми е ко сестра, ќе сфати.
Второ, би ја контактирала другата девојка, доколку сум во можност. Ако не знае дека типов е зафатен, ќе дознае и увиди како стојат работите, се надевам.
Ако знае, ќе ја подберам малку да си го бара местото кај други.
Не можам да проценам од пишаното или не сум прочитала, но битно е како другата реагира на пуштањето на пастувов.
Како и да е, и во двете ситуации, можеби таа на која се пушта, самата ќе ја контактира девојкава. Been there, смешно е и трагично ко Нескафе 2 во 1 така да ти избие некој од никаде, ама женскиот мозок знае да биде ограничен и бескорисен кога е соочен со ривалство, а другарката во секој случај ќе испадне од листата „злонамерници“ пошто не направила речиси ништо.
Крајно, би го подбрала и младичот, ама крајно. Р'чпали ко типот е малку веројатно дека ќе чукнат глава, туку ќе заземе став каде другарката ќе испадне лошата што сака да ги раздели. (shake)

Пардон 1 - немам време да ги прочитам сите, може веќе е кажано.
Пардон 2 - тастатурава е глупа, опроштавајте за евентуални утки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mystique and Saladin

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Прво да одговорам на Орхидеја дека во нашиот град сите се знаеме едни со други, така да девојчето што ми го кажа ова е добро запознаена со должината на врската и за тоа дека се тие долго време заедно. Значи не се работи за 18 годишни деца, туку ние имаме по 24-25 год, каде врската е над 5 години и каде се зборува за брак, деца, иднина. Јас пишувајќи го проблемов на форум не сакав да изгледам како тинејџерка која едвај чекала некоја активност во животот за да се занимава и да тепа досада, туку навистина се чувствувам изгубено. Не знам од каде да почнам , и не знам каде ќе завршам. Единствено што знам е дека што и да се случи мојата другарка ќе биде длабоко повредена, изгубена, депресивна. Нејзиниот најдобар период ќе се претвори во најлош. Значи јас не се секирам единствено за тоа дека ќе ми се налути, туку се секирам за нејзиното срце. Има пројдено многу лоши работи и навистина секогаш кажува колку е благодарна на судбината што ја има. Кога ќе и кажам , ќе ја повредам. Значи јас и моите зборови ќе ја уништат во овој момент.

Саладин,Јами, Мисс, Пеперутката, Електра од прилика делат мислење а и јас го делам истото со вас. Се ми е на теорија јасно , знам како треба, знам како би посоветувала јас некого во ваква ситуација. Ама кога ќе ти се случи е многу тешко да го направиш пресвртот на судбината во нечиј живот.
Исконтактирав со девојката директно. И пишувал, а таа кажува како и било глупаво што еден зафатен дечко и пишува на неа, и било и глупаво заради мојата другарка, ама не и се свиѓал и ни во лудило не би излегла со него. Се договорив да ми прати се што има од пораките па сега ќе чекам. Беше преку телефон инаку косите ќе и ги искубев да ми беше пред лице,но кога помислев дека не е таа виновна што е дечково искомплексирана будала која нема појма какво злато има во животот и очигледно сака да остане бос и гладен по љубовта од личноста која го сака наивно и целосно.

Едно знам, нема да премолчам затоа што не му е грешка, туку е промислен чекор, тогаш сигурно промислил и на ризикот да изгуби.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,033
9,657
1,683
Normandy
....

Исконтактирав со девојката директно. И пишувал, а таа кажува како и било глупаво што еден зафатен дечко и пишува на неа, и било и глупаво заради мојата другарка, ама не и се свиѓал и ни во лудило не би излегла со него. Се договорив да ми прати се што има од пораките па сега ќе чекам. Беше преку телефон инаку косите ќе и ги искубев да ми беше пред лице,но кога помислев дека не е таа виновна што е дечково искомплексирана будала која нема појма какво злато има во животот и очигледно сака да остане бос и гладен по љубовта од личноста која го сака наивно и целосно.

Едно знам, нема да премолчам затоа што не му е грешка, туку е промислен чекор, тогаш сигурно промислил и на ризикот да изгуби.
Oчекувај го и тоа дека нема да добиеш никаква дописка од неа, а таа ќе му пренесе на дечкото се` што сте збореле а тој ќе пренесе се на другарка ти.
 
Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Oчекувај го и тоа дека нема да добиеш никаква дописка од неа, а таа ќе му пренесе на дечкото се` што сте збореле а тој ќе пренесе се на другарка ти.

Знам дека нема да биде така, и кажав ако случајно му каже дека јас знам ќе биде дел од еден голем скандал. А девојчево е дете, 17 год бе, ја знам и мајка и.
Вика те молам немој , мене ми е глупаво леле ау ау, ништо не му враќам ако само ми пише директно ти праќам на тебе . И ако ти требам за доказ ќе кажам пред другарка ти.

Башка он нема шанса да и каже самиот, туку ако дознае чекам да ме исконтактира мене, ќе сака мене да ми го смени мислењето дека е лага и дека некој сака да му ја уништи врската и тогаш ќе почне целата драма па нека биде што сака да биде. Ќе и кажам да другарка ми дека без доказ дека нешто такво постои не сум сакала да отидам кај неа и да и ги правам тие стресови. Ако ми мисли пола од тоа што јас на неа ќе ме сфати во целосност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider