„Прирачник за анти-антилкохоличари“ - не е прирачник, туку исповед на Џамбаз, што му се случувало и што правел како последица на пиењето. Како започнал, каде завршил, згоди, незгоди.Книгички.. Искрено немам веќе време да читам често особено од ко почнав на факултет. Сега тоа време што останува за учење го користам, ама ко ќе читам сакам да е квалитетна, мистична, од почеток да ме привлече, да ме тера на секоја страна да барам одговор, нови расплети, чуда.. А ако не ме бендиса од почеток ако е досадна и ако се врти се во круг, а ми се има погодено таква книга.. Ја прекинувам без да мислам на неа пак.
Ако книга не ти направи добар филм во глава кога ја читаш, ако не замислуваш случки и ликови читаш механички, таквата книга не е за тебе
Додека пиеше татко ми мајка ми ја купи книгата на Џамбазов за алкохолизам што имаше пишано не и го знам името ама не ми ја даваше мајка ми да ја читам јас мала бев за таа книга..
Да прашам ако некој знае што содржина има.. Вреди да се чита!?
Не се согласувам со мајка ти, таа книга е за сечија возраст. Впрочем неколкуте секс сцени, само ќе те научат како не треба да имаш односи
Лесна е за читање, бидејќи има исповеден тон, со огромна доза на автохумор. Нема некоја уметничка вредност, дури и не може да се каже дека е некој обид за „автобиографија“ бидејќи многу од работите нема начин да се докажат дека биле такви, какви што тој ги кажува, и искрено сметам дека пола од работите така убаво ги има нашминкано, сѐ со цел читање на книгата.