Искрено, не, не сите.
Ако некоја книга ми е интересна, цел ден ќе ја читам дури не ми откажат очите, ама ако после првите 20-30 странички не ми се допаѓа стилот, баталувам.
Памтам пред некоја година фатив да ја читам демек Why Men Love Bitches и веќе после првото поглавје се фатив како се пцујам зошто воопшто сум ја отворила. Ист е и случајот со Белиот Тигар - ми се виде интересна кратката содржина, па дадов шанса дури некаде до половина, но ми беше тооооолку развлечена и досадна, морав да баталам.
Убедливо најглупа и најбрзо која ја имам баталено е Моќта на Потсвеста. Не знам како оваа и Моќта на Вистината магично се наоѓаат во секој дом без некој да ги купи (мора да е некој заговор), ама не треба ни за огрев да служат. Поинтересно ми беше книжулето на Иван Исцелител отколку како некој затвореник силно посакувал слобода, што магично се нашол на другата страна од ѕидот.