Дали ги читате книгите до крај?

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Едноставно...
Дали сте од оние луѓе кои кога ќе започнат било која книга, имаат тенценции да ја завршат до крај, или повеќе се водите кон моменталната желба, па понекогаш ви се случува да ја ставите книгата во мирување, за да подоцна се откажете од истата? Кои ви се причините (изговорите :zelen) да престанете да читате една книга?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ditto+Maker and ScorpioNka

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Ги читам до крај, ако книгата е досадна ја прекинувам ама и таквите ги дочитувам кога навистина немам што друго да правам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ScorpioNka

ScorpioNka

Истакнат Член
29 март 2016
29
41
113
И јас ги читам до крај.
Верувам дека од секоја книга може да се научи нешто ново, па дури и од најдосадните.
Кај таквите ми преостанува само да се надевам дека на следната страница ме чека нешто подобро :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Xenia

Xenia

Староседелец
4 април 2016
68
87
1,018
Narnia
Единствена причина која би можела да ме поттикне на одказ од веќе започната книга е фактот дека очигледно книгата не ми се допаѓа уште од самиот старт, и не ми буди доволно интерес за да продолжам со понатамошно читање .:zelenПонекогаш постојат некои книги што иако имаат привлечен вовед сепак не ги исполнуваат сите очекувања, и предизвикуваат одказ на сред книга. Спротивно од тоа постојан принцип ми е да ги дочитувам веќе започнатите книги до крај, бидејќи во одредени книги содржината создава прашања кои токму крајот ги решава и дава конкретен одговор и впечаток кој ја потенцира убавината на книгата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ScorpioNka

Solange

Член со 30 казнени поени
6 април 2016
112
132
43
Обично ги дочитувам но претходно гледам и прашувам за нивниот квалитет и содржина. Сена со тие прегледи на интернет и популарност ретко и може да се утне книга. За последната што ја прочитав приказната беше отприлика овака.
Секоја жена е верен и страствен читател. Додека не ве прочита во еден здив, никогаш нема да ве остави на полиците да фаќате прашина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija and ScorpioNka

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Многу ретко имам оставено недочитана книга, тоа е само зошто претерано многу не ми се допаѓала. Ми текнува на 2 кои ги читав минатата година, од едната буквално добивав нагон на повраќање кога ќе почнев да ја читам, до толку не можев. Другата ми беше екстремно досадна и во такви случаеви решавам да ја баталам, нема потреба да се форсирам за нешто што не ми се допаѓа и да си трошам време, кога има толку многу други книги за читање. Ми се случило и да ставам книга на мирување и подоцна да ја продолжам од причини зошто во меѓувреме ми се допаднала друга и не сум можела да чекам да ја завршам првата.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Хм, ова е премногу генерализирано прашање.
Последниве години, бидејќи читам книги кои ги бирам со месеци, па читам критики и слично, скоро и да ми се нема случено да оставам некоја книга недопрочитана, но ќе излажам ако кажам дека секоја книга која ми дошла во раце сум ја дочитал до самиот крај.
Сега се присетив на една книга што од факултетски денови, до денов денешен се обидувам да ја прочитам и никако да стигнам до самиот крај, се вика „Куќата на Марија помошничка“. Мислам дека никогаш нема да ја прочитам. Премногу хаотична, и премногу банална. Барем да се даде конкретна болест од која умираат девојчињата во манастирот... ама не, тие така си лежат, си кажуваат некои будалаштини, и си умираат. Блех.
Исто така има книги кои многу ми ги фалеле, сум сакал да ги прочитам, ќе видам некој аспект од нараторот што не ми се допаѓа и ќе ја оставам. Обично, мразам книги во кои нараторот не остава многу празно место за фантазирање и преку оние негови коментари е секогаш присутен. Таква ми беше пример „Во регистратурата“ и никогаш не ја исчитав до крај.
И да не должам, чинам дека нема читател кој може да чита сѐ. Ако може сѐ да исчита до крај, значи не е читател.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ScorpioNka

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не, порано бев наивен и кога ќе почнев да читам сомнителна книга ја читав до крај. Но после читањето на сто години самоча од некојси маркес или како и да беше решив да не давам повеќе шанса на такви недела и криминогени активности против здравиот разум и естетиката. Пошто првиот пат ја читав при крај на средно подоцна ме убедија да ја прочитам пак пошто ете тогаш не сум сфаќал.

Точно е дека не бев особено бистра особа во тие времиња кога прв пат ја читав па си реков може се во право ај да и дадам пак шанса.
Ама не, срањето е срање, без разлика дали ќе го читаш еднаш или 17 пати, гротескно лоша книга, шпанска серија на мескалин. Најголемиот антиталент во историјата на светот, некаков колумбиски лик кој ја преварил судбината и наместо да се бави со чистење кондури решил да почне да пишува.....и во една од оние необјасниви каприци на космосот (Грција европски шампион во Фудбал пример) успеал да стане автор на бестселери.

Затоа ако книгата е срање до 56 страна ќе биде срање и до 560.

Со филм е друга работа и да е лош, ќе потрошиш саат и половина, два ... а за книга треба многу повеќе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ScorpioNka

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Книгички.. Искрено немам веќе време да читам често особено од ко почнав на факултет. Сега тоа време што останува за учење го користам, ама ко ќе читам сакам да е квалитетна, мистична, од почеток да ме привлече, да ме тера на секоја страна да барам одговор, нови расплети, чуда.. А ако не ме бендиса од почеток ако е досадна и ако се врти се во круг, а ми се има погодено таква книга.. Ја прекинувам без да мислам на неа пак.
Ако книга не ти направи добар филм во глава кога ја читаш, ако не замислуваш случки и ликови читаш механички, таквата книга не е за тебе :)
Додека пиеше татко ми мајка ми ја купи книгата на Џамбазов за алкохолизам што имаше пишано не и го знам името ама не ми ја даваше мајка ми да ја читам јас мала бев за таа книга..
Да прашам ако некој знае што содржина има.. Вреди да се чита!?
 
Последна промена: