Дали ги читате книгите до крај?

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Книгички.. Искрено немам веќе време да читам често особено од ко почнав на факултет. Сега тоа време што останува за учење го користам, ама ко ќе читам сакам да е квалитетна, мистична, од почеток да ме привлече, да ме тера на секоја страна да барам одговор, нови расплети, чуда.. А ако не ме бендиса од почеток ако е досадна и ако се врти се во круг, а ми се има погодено таква книга.. Ја прекинувам без да мислам на неа пак.
Ако книга не ти направи добар филм во глава кога ја читаш, ако не замислуваш случки и ликови читаш механички, таквата книга не е за тебе :)
Додека пиеше татко ми мајка ми ја купи книгата на Џамбазов за алкохолизам што имаше пишано не и го знам името ама не ми ја даваше мајка ми да ја читам јас мала бев за таа книга..
Да прашам ако некој знае што содржина има.. Вреди да се чита!?
„Прирачник за анти-антилкохоличари“ - не е прирачник, туку исповед на Џамбаз, што му се случувало и што правел како последица на пиењето. Како започнал, каде завршил, згоди, незгоди.
Не се согласувам со мајка ти, таа книга е за сечија возраст. Впрочем неколкуте секс сцени, само ќе те научат како не треба да имаш односи :)
Лесна е за читање, бидејќи има исповеден тон, со огромна доза на автохумор. Нема некоја уметничка вредност, дури и не може да се каже дека е некој обид за „автобиографија“ бидејќи многу од работите нема начин да се докажат дека биле такви, какви што тој ги кажува, и искрено сметам дека пола од работите така убаво ги има нашминкано, сѐ со цел читање на книгата.
 
Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Ако е интересна книгата ја читам до крај, ако не ми се допаѓа престанувам да ја читам
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Се дешава да крахирам. И тоа на книги од писатели за кои сум честопати врзан, но ете во нив не наоѓам причина да вложувам многу повеќе концентрација да фи сфатам. Се десило и од писатели чии книги многу не ги мирисам да добијам понекоја позитивна енергија. Но влоглавно, формирам листа на книги кои ми се блиски за тој период од животот. Рецимо до пред некој месец омилени ми беа тематиките каде главниот протагонист е некаде на пат, без некоја голема грижа на совест го искусува животот. Истите тие книги да ги почнев пред 5 години би ги исфрлил оберучке наглавачке.
Но има некои тематики кои ми се константа и за кои има многу ретки исклучоци на прекин. Тоа се историографските или со тематика на историја. Ги прекинувам веднаш штом намирисам претенциозна наклонетост на една страна. Пример книгата на Ниче ја имам разлистано (имаше еден ретарда на факс што ја донесе) и со самото тоа што дојдов до еден „канцероген“ пасус, исфрлив од употреба. Имало и помалку екстремни случаи како една за Отоманското владеење напишана од некој турчин (издание на Култура). Лоша транскрипција на ликовите, неточни датуми, хипервеличење на султанатот наспрема модерното општество, како и религијата која е над сите останати. Thanks, but no thanks.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ScorpioNka

Може да прашам за која книга од Ниче станува збор?
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Може да прашам за која книга од Ниче станува збор?
Нешто беше со Вистината на вечноста, не ме фаќај за збор. И беше од Ниче Македон. што апсолутно нема никаква врска со Фридрих. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Нешто беше со Вистината на вечноста, не ме фаќај за збор. И беше од Ниче Македон. што апсолутно нема никаква врска со Фридрих. :zelen
Па прецизирај мајкуму :)
Си се сретнал до сега со книгата „Кралска афера“ од Нора Робертс?
Македонскиот превод на Топер сѐ уште не ми е прочитан од проста причина што наместо ѝ, секаде има $, на место на ѐ има квадратче, толку многу грешки во правописот што на моменти почнав да се губам низ книгата, а ја зедов за да си уживам во опуштена, лесна, читлива приказна за ладење мозок. Среќа, значи среќа! што случајно го пронајдов на нет шпанскиот превод... и ја дочитав книгата до крај и навистина ме понесе леснотијата на пишувањето.

Од ко ја прочитав темава цело време мислам на книги кои сум ги зачитал, а не сум ги дочитал, и сфатив дека се многу... да земам да ги наведам сите, ќе помислите дека сум идиот :)
 
misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Секоја книга што сум ја отворила и започнала со читање, си го дочекала и својот крај. Може само понекогаш да се случи средината да ја не ја прочитам, да ја прескокнам, да вртам по неколку страници оддеднаш ако ми стана напорна, ама крајот ќе го прочитам, барем да знам како завршува:)
 
Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
43
Стручна литература ретко читам до крај. Најнеинтересен дел ми се референците на крајот :D
Сега веќе престанав да читам романи, преовлада кај мене желбата за читање на новости од областа на технологијата и науката. Некој ќе ми опне критика ама сум станал очаен да дочекам пронајдоци од одредени области кои ме интересираат и во кои искрено се надевам дека ќе доживеам да видам пронајдоци, бар додека сум под оваа кожа.
 
Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Јас искрено филм не можам до крај да изгледам ,а некогаш и сам се гледа од почеток до крај не па книга до крај да прочитам ... ;) (wave) :kafe
 
Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
32
Скопје
Нема таква книга сеуште, која ја почнав па ја баталив... Обично секоја која што ја почнувам - читам и до крај. И не ја оставам во мирување, ако ја оставам во мирување, тоа значи дека психички подпаѓам и не сакам ништо да правам, освен да се затварам дома и да манијам во виртуелниов свет. Као периодов.

Оп, излажав... Ми текна дека сепак имаше таков роман, што го почнав, ептен ми беше досаден... Монотон, катастрофален, едноставно не можев повеќе. Џоџо Мојес (facepalm) Се излажав, го гледав филмот „додека не те сретнав тебе“ сработен според романот на Џоџо Мојес и мислев прекрасни книги пишува, сум открила некоја интересна авторка. А тоа врска да ти немало, дадов 800 ден бадијала, од првите 20 страници се разочарав, едноставно не ми го држеше вниманието. И така сега си стојат 2 дела и собираат прашина.