Е сега не сум имала средба со некои сеништа, нема да бидат толку сензационални дешавкиве, не се ни блиску до натприродни работи, ама се чудни. Мене ми беа барем чудни. И језиви.
Прво... Кога завршив средно, бев на еден чекор до исполнување на еден животен сон, ми фалеше само дел, едно нешто што го чекав и не беше во моја моќ да го исполнам. На кратко, се беше прашање на среќа. Да ме прашаат дали сум верник ќе речам не знам, не верувам.. Сепак не, ама во тој случај испаднав лицемер и во време на очај и кога немав каде и од кого, помош побарав од некој горе, т.е се помолив за желбата да ми се исполни, а за возврат ветив дека ќе бидам верник, ќе верувам... После една недела слушнав добри вести, ми се исполни тоа што долго го очекував и ми го смени животот, на подобро се разбира.
Во живот, бар во средината во која се движам јас, не се зборува многу за религија. Или веруваш или не, никој не разговара за тоа. И сега, чудното е што истиот ден откако ги слушнав вестиве, тројца различни луѓе кои и немаа врска за ова онака уз муабет ме прашаа дали верувам во бог. И на трите прашања одговорот беше
-Кој јас? Не! Иначе уште од мала ја читав библијата, сакав и такви филмови и приказни, па кога го кажав третиот пат она не не верувам, одма ми текна на делот кога еден од апостолите три пати се откажал од Исус откако претходно нели му рекол дека никогаш нема да се откаже, сигурно ја знаете приказната. Нема врска, не е којзнае што, ама чудно беше.
Е сега второво...
Кога се преселив во нов стан сите ми викаа демек поп да си викнеш пред да се вселиш не знам што, а јас не сум до толку па принципиелна, ни па нешто посебно верувам дека ќе ми шетаат духови ако не ми запее попче, а најискрено, најголемата причина беше што не ми се даваа 700 денари. Сама ќе ги избркам, со нив ќе живеам, ама толку пари не давам. Да не забегувам,си се преселив јас, заборавив на попчето и фала богу среќно си живеев.
Една вечер пред да заспијам се осетив некако чудно, необично, осеќав некој страв и некоја неизвесност, некое чудно чувство... Ми заѕвони домофонот и кога ја кренав слушалката немаше никој него се слушаше само онакво језиво зуење од ветерот. И зедов легнав јас, се покрив преку глава и заспав. Е сега сонот:
Седам јас дома, а вратава надворешна отворена. И само поминуваат луѓе, забрзани нешто, збунети.. И никој не погледна внатре освен една стара жена. Уствари прво помина без да погледне, па се врати, влезе и ми рече: -Извини, а кај тебе има поп пеено?
И тоа...