Дали ви се има случено некоја натприродна работа?

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Е сега не сум имала средба со некои сеништа, нема да бидат толку сензационални дешавкиве, не се ни блиску до натприродни работи, ама се чудни. Мене ми беа барем чудни. И језиви.

Прво... Кога завршив средно, бев на еден чекор до исполнување на еден животен сон, ми фалеше само дел, едно нешто што го чекав и не беше во моја моќ да го исполнам. На кратко, се беше прашање на среќа. Да ме прашаат дали сум верник ќе речам не знам, не верувам.. Сепак не, ама во тој случај испаднав лицемер и во време на очај и кога немав каде и од кого, помош побарав од некој горе, т.е се помолив за желбата да ми се исполни, а за возврат ветив дека ќе бидам верник, ќе верувам... После една недела слушнав добри вести, ми се исполни тоа што долго го очекував и ми го смени животот, на подобро се разбира.
Во живот, бар во средината во која се движам јас, не се зборува многу за религија. Или веруваш или не, никој не разговара за тоа. И сега, чудното е што истиот ден откако ги слушнав вестиве, тројца различни луѓе кои и немаа врска за ова онака уз муабет ме прашаа дали верувам во бог. И на трите прашања одговорот беше
-Кој јас? Не! Иначе уште од мала ја читав библијата, сакав и такви филмови и приказни, па кога го кажав третиот пат она не не верувам, одма ми текна на делот кога еден од апостолите три пати се откажал од Исус откако претходно нели му рекол дека никогаш нема да се откаже, сигурно ја знаете приказната. Нема врска, не е којзнае што, ама чудно беше.

Е сега второво...
Кога се преселив во нов стан сите ми викаа демек поп да си викнеш пред да се вселиш не знам што, а јас не сум до толку па принципиелна, ни па нешто посебно верувам дека ќе ми шетаат духови ако не ми запее попче, а најискрено, најголемата причина беше што не ми се даваа 700 денари. Сама ќе ги избркам, со нив ќе живеам, ама толку пари не давам. Да не забегувам,си се преселив јас, заборавив на попчето и фала богу среќно си живеев.
Една вечер пред да заспијам се осетив некако чудно, необично, осеќав некој страв и некоја неизвесност, некое чудно чувство... Ми заѕвони домофонот и кога ја кренав слушалката немаше никој него се слушаше само онакво језиво зуење од ветерот. И зедов легнав јас, се покрив преку глава и заспав. Е сега сонот:
Седам јас дома, а вратава надворешна отворена. И само поминуваат луѓе, забрзани нешто, збунети.. И никој не погледна внатре освен една стара жена. Уствари прво помина без да погледне, па се врати, влезе и ми рече: -Извини, а кај тебе има поп пеено?
И тоа...
 

Mrs.Brain

Староседелец
4 ноември 2014
1
0
601
23
Го немам гледано. Ова кај мене се случува веќе по 2 пат и е во период од 3:10 до 3:30 навечер пред тоа и после тоа нема ништо.
Леле и кај мене истата ситуација се некаден кај 3:15 сигурно кај тебе наминува орв кај 3:10 (think) шала настрана оваа ми се дешава 2 години по ред ама се некаден пред велигден пред тије празници а некни на никој не сум му казала ама стварно ме потреси следнава ситуација. Сега мене прозорецот ми е спроти креветот од левата страна а вратата спроти нозете кај што спијам и сега незнам како но ете сум легнала во позиција на мртовец а искрено никогаш не спијам така се сум легната на стомак и оваа вечер се будам јас погледнувам накај прозорецот нема никој и погледнувам накај вратата а надвор и сијалицата во ходникот упалени и тропа влезната врата јас си мислам дека е мајка ми а искрено не видов колку е часот и сега чекам мајка ми да влези а потсвесно знам дека таа веќе одамна е дојдена и дека е многу касно ама остај да не си се плашам сама и како сенка да ми пролета низ ходник јас си помислив кај мајка ми и татко ми замина нешто и почнав да викам не не таму врати се овде дојди ваму испаничив :frantic за мојте и на вратата како да ми се појави една жена али цела црна ни фаца и се гледа ни ништо јас се здрвив неможев ни да писнам ни да мрднам ете во таа положба како што се разбудив и си останав :ladnoи наеднаш како да ме удри нешто се опуштив цела срипав од креветот али ни жена ни ништо нема гледам саатот 3:17 одам до кај мојте ма не тије дуфтаат у највише ај си легнав и си викам најарно оваа да го заборавам али тешко се заборава:(
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Порано парализа во сон ми се случуваше барем еднаш неделно, сега поретко е, мислам дека неколку месеци ми се нема случено и ако почнам да ви ги раскажувам сите ситуации поврзани со тоа, ке треба книга да објавам, а и сите ги памтам дури и емоциите ми се враќаат кога помислувам. Тоа не е надприродна работа, не се сенки и духови и не ми е јасно зошто толку преувеличувате.
 

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Пред еден месец навечер накај 11 слушнав чекори кои доаѓаат до мојата соба и некој пробува да ја отвори вратата (нон стоп сум под клуч ама поради моите оти не ги трпам ногу :D ),отварам врата нема никој.Мислев дека е од шо не бев спан ми се причинуе и ок си легнав,утре сабајле ставам се облекувам пак истото...Морници ко струја ме изедоа.Е сеа,минатата недела си легнав со кренати ролетни,утрето кога станав сите 3 беа спуштени.Најјезиво од целава работа е шо ноќта пред 1ви мај мислам дека беше пред да ми се деси ова со чекорите,со другар ми правевме муабет на телефон вечерта за мајот ова она не е битно,и он само го остави телефонот и го слушам се дере (а сам дома касното кај 11-12) и се враќа,му викам ее бе шо со дерењево,ми вика некој ми тропаше на влезната врата и го видов од џамот, таман да отворам нема никој.Отпосле кога си ги поврзав дешавкиве мои со неговата знам дека е поврзано ама си ќутам оти ако му кажам и за мене или ќе се усере или ретардиран ќе ме направи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Lady*

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Коа влегов во куќата на стравот веднаш осетив една ладнина, внатре слушнав чекори и мртва бела мачка и пишеше на српски Двоје лице убијене у подрум а јас во моментот бев близу подрумот и се беше онака страшно. Потоа кога излегов барав на нет истите дешавки им се случувале на сите шо биле со ладнината, чекори, тропање и некои српски натписи.
 

MacedonishQueen

Истакнат Член
17 јуни 2015
205
131
143
Да. Една вечер спиев и наеднаш се разбудив и како некој да ме давеше неможев глас да пуштам ниту да мрднам неможев да дишам..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Во петокот сонив сон како сум шетал по некој парк и дојде еден дедо и ми побара 2 цигари.Седнавме на една клупа и се ми кажа за него освен името,умрел на 84 години,слаб,висок и му викам јас ќе одам на гробишта ајде поздрав.И заврши сонот и утредента и го кажувам на баба ми и го опишав човекот,и ми вика:"тоа тате е бог да го прости,овој период е умрет,и на тетка ти додека живееше тука често и бараше по 2 цигари.Оди у недела остави му." :ladno А јас ниту слика немам видено од него и укапирав дека ненормално личат со баба ми.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA, Kisserboy and Lady*

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Да. Една вечер спиев и наеднаш се разбудив и како некој да ме давеше неможев глас да пуштам ниту да мрднам неможев да дишам..
Нема што друго да е освен, духови, вампири, самовили. Лук јади 4 пати во денот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Io Sono