Дали би одбрале вечен живот - бесмртност?

Дали би одбрале вечен живот?


  • Вкупно гласале
    37

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Треба да се разјасни точно на која.! возраст би сакале вечен живот,на пр.јас би сакала вечна младост а сега како остарена за што ке ми е вечен живот!
 

Nevazna

Истакнат Член
13 април 2014
37
28
118
Не, затоа што се е како што треба да биде, доволно на начин за да изживееме најдобро што можеме,а смртта е составен и прифатен дел :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Прво треба човек да се консултира со паталци а не гаталци. Грофот од Сен Жермен, Фулканели, Каљостро, Ахасвер, Фламел, Хе Чиан Гу, попот Јован, можеби некои конквистадори...или кинези кои јаделе од праската на бесмртноста.
Да кажат дали вреди, како им врви времето, Ахасвер каде и да е ќе го слави 2.050. роденден, дали се осамени, дали им е досадно, дали ако се вратат назад би го направиле истото, дали имаат посебен режим на исхрана... не е така едноставно тоа `ај сеа ќе трагам по бесмртност...`
 

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Кому му треба бесмртност? Велат внимавај што ќе посакаш да не случајно ти се исполни. Што тогаш?
 

Разголена Уметност

Истакнат Член
26 март 2014
32
47
118
Скопје
Не, полоша казна од тоа здравје, ќе се изгуби и смислата на животот, кога знаеш дека ќе има секогаш утре ќе се пореметат и животните процеси, важен е квалитетот а не квантитетот:))
Добар дијалог од "Death becomes her"
- Live forever!
- And then what?
- What?
- And then what? What am I going to do? Spend the rest of eternity with Mad and Hel? Watch everyone around me die? That's not a dream, that's a nightmare!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo and Idiot

RoxieHeart

Староседелец
6 мај 2014
60
58
1,018
Inside your darkest fantasies.
Не ! Се губи смислата на животот, тотален хаос би настанал. Според мене најголем мотиватор да направиме нешто со животот е ризикот односно фактот дека смртта постои и сите ќе не стигне. Смртта е неминовен транзитивен процес. Дискутабилно е прашањето за реинкарнација или задгробен живот. Субјективно, нерешителна сум по тоа прашање, размислувањата си ги темелам на факти а немам сеуште доволно за себеси да си го потврдам ваквото верување.
 

Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
105
353
Не, не би имал животот смисла. Јас не би прифатила, затоа што тоа ќе важи само за тебе, а твојте најблиски сите ќе умрат, и ти ќе треба постојано се да градиш од ново. Исто така о светот скроз ќе се менува а ти се тоа ќе треба да го живееш и трпиш
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не, никогаш.
Некогаш не можам денот да го исчекам да пројде, не па цела вечност да станувам, да мислам секој ден што да јадам, да работам, да родам 561686214654414...... деца, да пројдам уште низ којзнае колку и какви пандемии.
Можда би избрала некоја алтернатива да се живее 150 години, каде до 50 си дете и тинејџер, до 125 од адолесцент до средовечен, па другите 25 нека тера старост.
На крај може ко Shonko Neri да си починам на Бахамите во сон.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Стравично, луѓе ќе се пензионираат на 750 години, замислете работен стаж од пола милениум шефот ве гњавел 94 години:D, па јас веднаш би си свирнал метак во глава. Или да се биде бебе 33 години? Језиво.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Стравично, луѓе ќе се пензионираат на 750 години, замислете работен стаж од пола милениум шефот ве гњавел 94 години:D, па јас веднаш би си свирнал метак во глава. Или да се биде бебе 33 години? Језиво.
Има на My Strange Addiction возрасни луѓе што голем дел (ако не и цел) од денот го минуваат ко бебиња, во пижами, со пелена (дури и ја полнат), цуцли, спијаат во бебешко креветче... ама тоа е тема за во „Здравје и состојба на умот“, само ми падна и мене језиво, земајќи го предвид овој животен век.
Кога би постоел алтернативен универзум каде би биле навикнати на ете, тие 150 години, да речеме, веројатно би ни било нормално + знаеш дека на 150 умираш и дотогаш ништо не те ништи, можеби би биле ослободени од многу стеги, вклучувајќи го и стравот од смртта и многу полесно би ги трпеле загубите на најблиските.
But one can only dream.

А бесмртно да се вртам ко во некое Groundhog Day сценарио, леле, не. :ladno
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider