Најчесто во странство се прават посебни ѕидови за графити, или се бираат напуштени места, згради, улички итн.
Ај нека проба, да речеме, на Empire State Building (на било која важна зграда) да нацрта графит, па што ќе се случи.
Графитите треба да останат улична уметност според мене. Не да прејдат на платно. Немам ништо против графитите на платно но графитите се дел од хип хоп уличната култура и мислам дека треба да останат таму. И да се прифатат како уметност.
Имаме и ние одлични цртачи,само што во последно време не се толку активни како што гледам. Тука се на сите верувам добро познатиот SRK,Bne,CSB,None,Hiver,Terk,Crime,CK,Strajk/Sense,Tonyo San,исто така одличниот Jazz '83(Уште не ми е јасно кој анус успеа да го ишкрта неговото парче во малото пролазче кај зградите кај Југодрво,близу Прч),и реткиот Siderni,негови дела имаше во влезови на подземни гаражи во близина на ЈБТ,кај зградите,имаше еден сив витез,налик на Саурон и имаше еден црвен кристален титан,беспрекорно нацртан,неверојатно изгледаше,и некој ретардиран го искречил ѕидот. Раката да му се исуши зошто го уништи можеби најдобриот графит кај нас. А од светските,едни од фаворитите ми се Brusk,Ogre,Delta,CortesNYC и добро познатиот,можеби најдобар цртач на 3Д графити,DAIM.