Главоболка

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Лек за мигрена,а и за многу други видови главоболка најдов во едни таблети на Калифорнија фитнес.Едните се Stress menagment B-kompleks а друфите се Protect 4 life. До пред да ги користам нив имав страшни главоболки по ден,два,три па и цела недела.Во последниве 3 години немам осетено да ме заболи глава.

Не си излечил ништо, само се справуваш со болката.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Можеби,но болката веќе ја нема
Не велам не, само ти кажувам дека тоа не е лечење туку справување со болка. И јас пијам ибупрофен за болки во ногата, но тоа не ми ја лекува ногата туку прави да не чувствувам болка. Се сфаќаме сега?
 

Ку Рајбер

Полноправен Член
2 август 2013
71
59
18
41
Гевгелија
Не велам не, само ти кажувам дека тоа не е лечење туку справување со болка. И јас пијам ибупрофен за болки во ногата, но тоа не ми ја лекува ногата туку прави да не чувствувам болка. Се сфаќаме сега?

Те разбрав,ама овие не се со никакви антибиотици или нешто сл. Во самата глава доаѓа до намалување/зголемување на крвниот притисок,па тој притисок не можат вените да го издржат и се шират.Така настанува главоболката(кај некои во вратот,кај мене во слепоочницата).Со комбинацијата на овие витамини (на природна база) го регулирам притисокот во тиквата :)
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Најчесто патам од Кластер главоболки....меѓутоа ми се јавуваат како последица од многу бурна вечер обично петочна;)..инаку ги лечам со чаеви, лимони ама кога не помага тоа со масажа на болното место со ментол маст и аналгетици.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Последна хардкор главоболка имав на почетокот на декември, ужасна болка низ целата глава попратена со огромен нагон на повраќање, мало тресење низ телото, пореметен вид... Утредента и се нацртав на матичната и ме советуваше да се обидам со магнезиум - истураш директен магнезиум во кесичка (како прашок) под јазикот. Но, бидејќи не најдов на парче и немав во моментот доволно пари за цела кутија, земав апчиња магнезиум од 200 мг и започнав од тогаш секој ден да ги пијам и до сега не сум имала главоболка, чат-пат многу мала која лесно поминува. А претходно имав тешки главоболки речиси секоја недела.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Јас имам силни главоболки заради тоа што многу време поминувам над книга. Се трудам да не пијам апче, обично седам во темна просторија пола час и ми поминува. Исто поамага да гледате во зелена боја
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Еве го периодот на главоболки кај стигнат. Малку ако ме фати ладно на глава, толку е. Затоа од ноември до кај март сум само со капи. Сега баш ме боли над веѓите, сабајле ме болеше тилот позади, дури до степен на здрвување, па некогаш следи мешавина со бонус тресење раце.
Само магнезиум, бајо мој. :zelen И оној масажерон за глава ко маталка што е, го има по 150 денари во продавнички. Обично пијам Магнезан Б6, ама вчера земав едни од ДМ, 400 мг чист магнезиум и веднаш се намалува стегнатоста барем. Ќе земам и Б6 или бедоксин посебно, ако почне да претерува.