Ги оправдувате ли лугето со многу деца кои немаат пари да ги прехранат?

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ете така ако не си кадарен не ги прави. Користи заштита, “лиши се“ од задоволството да свршиш внатре, итн итн има многу начини да ја спречиш бременоста, ама кога немаш мозок да го направиш тоа(да се заштитиш) бар имај мозок да се жртвуваш за него. А ако си доволно кабожен/а лебот на масата никогаш нема да недостига. Може нема да има луксузи ама основното нема да недостига.
Драга, и ти си била фетус, ако те абортирале сега ќе немавме можност да дебатираме.... Никој не може да има право да одлучува за нечиј живот, ни ти. Ако имаш фетус во тебе тогаш веќе имаш друг живот и немаш право да го убиеш.
Искрено, да имам некое влијание во влада ќе направам закон за казна затвор ако некој абортира доброволно без притоа да нема одобрување од доктор за ризична бременост.
Значи ли ова дека некого практично би го осудил на доживотна казна „Мизерија“?
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Значи ли ова дека некого практично би го осудил на доживотна казна „Мизерија“?

А зошто да го осуди на мизерија?
Ако не сака или нема услови да го чува,нека го роди и на посвојување нека го даде.И така денес има многу парови кои чекаат на ред да посвојат детенце.
Со тоа детето има избор,може да го посвојат луѓе кои би му овозможиле солиден живот,би му пружиле љубов,образование и едноставно тоа ќе има исполнет,нормален и среќен живот.
А сето тоа би го немал/а доколку само абортусот е гледан како решение на проблемот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
А зошто да го осуди на мизерија?
Ако не сака или нема услови да го чува,нека го роди и на посвојување нека го даде.И така денес има многу парови кои чекаат на ред да посвојат детенце.
Со тоа детето има избор,може да го посвојат луѓе кои би му овозможиле солиден живот,би му пружиле љубов,образование и едноставно тоа ќе има исполнет,нормален и среќен живот.
А сето тоа би го немал/а доколку само абортусот е гледан како решение на проблемот.
Не велам дека не е можно тоа. Ама можно е и да порасне во сиропиталиште. Мислам дека сите знаеме колку прекрасно е таму. И би го оставиле животот на детето на коцка?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Не велам дека не е можно тоа. Ама можно е и да порасне во сиропиталиште. Мислам дека сите знаеме колку прекрасно е таму. И би го оставиле животот на детето на коцка?

Точно тоа,не е сјајно во сиропиталиштата,ама барем детето ќе има шанса и избор за подобар живот за разлика во другиот случај.
Да не одиме оф топик,лично не ги оправдувам луѓето што чуваат по 4-5 деца а немаат никакви услови или можност за тоа.Нормално дека секој човек доаѓа во период кога сака да оформи семејство,сака дечиња ама ако се нема доволно приходи нека бидат тоа 1 или 2,а не едно 5-6 па после барај помош од државата или праќај ги да просат.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Ете така ако не си кадарен не ги прави. Користи заштита, “лиши се“ од задоволството да свршиш внатре, итн итн има многу начини да ја спречиш бременоста, ама кога немаш мозок да го направиш тоа(да се заштитиш) бар имај мозок да се жртвуваш за него. А ако си доволно кабожен/а лебот на масата никогаш нема да недостига. Може нема да има луксузи ама основното нема да недостига.
Драга, и ти си била фетус, ако те абортирале сега ќе немавме можност да дебатираме.... Никој не може да има право да одлучува за нечиј живот, ни ти. Ако имаш фетус во тебе тогаш веќе имаш друг живот и немаш право да го убиеш.
Искрено, да имам некое влијание во влада ќе направам закон за казна затвор ако некој абортира доброволно без притоа да нема одобрување од доктор за ризична бременост.
Не ми се верува дека интелегентна, изградена личност како тебе ја кажа последнава реченица.
Нема да ја коментирам дополнително, освен што ќе кажам дека доколку сите размислуваат така, општеството ќе се претвори во социјален отпад.

За да се роди дете, ако е пресудно само лепче да има на масата, тешко и горко на јадното дете и животот што ќе го живее.
После ќе се чудиме зошто толку недолжни деца, искинати, гладни просат по улиците наместо да се образуваат, да си играат и да имаат безгрижно детство.
Па овие срањава што ги кажа некој над мене очигледно со пилешки мозок, чинам Violetmoon беше, дека решение било во дом да се даде детето оти имало многу родители што чекаат детенце, слободно нека ги запише на некој лист и нека си избрише дупе со истите. Или пак нека раѓа деца и нека ги третира како предмети со тоа што ќе ги дава во дом, оти нели можеби и само можеби некој ќе ги посвои.
Ццццц.... Срам да ви е.
Ми се гади дека сум во ваше виртуелно присуство.
Би ви плукнала во фаца, со таа мизерна душа што ја носите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Знаеш како....
Ја кажувам таа реченица затоа што лично сум дете на родител кој што имал закана да ме абортира или да ме има и да се откаже од семејството. Дете сум на родител со конфекциска плата, која стигнуваше да ми ги задоволи само основните потреби. За оние другите работев сам од свои 16 години. Денес, можам да се пофалам дека имам повеќе од некои деца на родители кои во моето детство беа Џекови, па со процесот на приватизација, нивните татковци директори останаа без работа, и денес ете пример еден од нив (децата) е таксист, а јас имам своја фирма, и сум потполно способен да им исполнам на своите деца што ќе посакаат.
Истото тоа го има и сестра ми.
Ама знаеш зошто?
Затоа што мајка ми не не абортира, не роди, ни дозволи да ја видиме „мизеријата“ на животот, како што некои милуваат да го наречат. После таа мизерија, затоа што животот е тркало и секој може да стигне на врвот и да се спушти на дното, денес сме доволно среќни и доволно ситуирани, што на своите деца можеме да им исполниме потполно се’.
Како ќе биде во иднина незнам. Можеби утре ќе дојде некоја хипер инфлација, па луѓево ќе немаат мн мн пари, и маркетот ќе ми отиде во магла... Па ќе мора повторно да бидам дистрибутер, а со болките што ги имам во грбот не верувам дека ќе можам, па децата ќе го немаат ни она парче леб на масата.

Еве ти пример зошто не ми е срам кога викам дека детето не треба да се абротира драга True_Blood
Затоа што никој не ми гарантира дека јас како денес така и утре ќе имам пари за се’. Ниту некој му гарантира на мултимилијардерот дека нема да го фати криза и дека нема да остане со рацете во џеб - таквите случаи ги имало и ќе ги има.
Ама знаеш што ми гарантира секој? Дека мртвиот фетус - е мртов. Реанимација не можеш да му направиш.
Тоа што си му забранил на некое битие да си го искуси својот живот(тежок или лесен) е нешто што не треба да се прости.

Последната реченица е плод на мојата пристрасност кон темава, и би ја повторил уште милион пати.
Потоа, да ти напомнам уште нешто. Ако не сакаш дете, користи таблети за контрацепција, нека користи партнерот кондом, има и женско кондоми, има спирали, нека не свршува во тебе - и нема да останеш бремена.
А ако не размислуваш за тоа во текот на сексот(ако си до толку неодговорна) барем биди одговорна да одговараш за сопствените грешки и постапки.
И ако после ова следи демек дека таблетите за контрацепција се штетни... жена ми, сестра ми, и другарка нејзина(за други не знам) трите користеа со години, по пауза од 6 месеци(жена ми) сестра ми од 4 месеци, останаа бремени без никакви потешкотии.

Поздрав.​
Дополнување: slb_bobo само ќе те тагнам затоа што мислам дека ова би било одговор и на твоето прашање, ако не, ќе ти одговорам дополнително.​
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Arkantos прво да ти кажам дека од срце ме насмеа со твоето мислење за мене во Впечатоци за членови и не ми се верува дека уште го памтиш она со харикирито :D

Сега он топик: Чинам дека сме правеле муабет за мојата животна прича и добро знаеш дека јас се восхитувам на самохраните родители, кои успешно ги издржуваат своите деца и пред се ги воспитуваат во луѓе со изразени прави вредности.
Тука не ни станува збор за тоа.
Значи твојата мајка, имала плата, имала приход да ти овозможи храна и облека и се со ред. Верувам дека си скратила многу работи за нејзе, за да не ти фали тебе нешто. Знам дека е така, зашто и јас живеев со таква прекрасна личност, личност која Универзумот ми ја одредил да биде моја мајка.

Овде збориме за луѓе кои веќе имаат по 5, 6, 10 деца, а немаат никакви приходи. Немаат основни услови за живот, немаат капацитет во ниедна смисла на зборот да одгледуваат деца. Ги изложуваат на мизерување, на бедност, ги казнуваат. Им ги скратуваат сите природни и општествени права.
Не сум идиот да мислам дека не ги сакаат, додуша има и такви накази, ама едноставно не се способни да ги изградат во луѓе со достоен живот, ги затупавуваат, ги наказуваат...
И не, не мислам дека било кое дете заслужува таков ако може да се нарече живот.
При мајка и татко, тоа е оставено на милост и немилост на случајноста, што ќе донесе наредниот ден.

Па јас мачка кога сакам да чувам, се преиспитувам неколку пати дали финански и психички ќе можам да ја поднесам таа одговорност, не па за човечки живот.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Arkantos, фетус е фетус. Не е жив за да биде мртов после абортус. Патем, знаеш што мислев под мизерија нели? Јас мислам дека е доволно јасен самиот збор.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
+
Arkantos прво да ти кажам дека од срце ме насмеа со твоето мислење за мене во Впечатоци за членови и не ми се верува дека уште го памтиш она со харикирито :D

Сега он топик: Чинам дека сме правеле муабет за мојата животна прича и добро знаеш дека јас се восхитувам на самохраните родители, кои успешно ги издржуваат своите деца и пред се ги воспитуваат во луѓе со изразени прави вредности.
Тука не ни станува збор за тоа.
Значи твојата мајка, имала плата, имала приход да ти овозможи храна и облека и се со ред. Верувам дека си скратила многу работи за нејзе, за да не ти фали тебе нешто. Знам дека е така, зашто и јас живеев со таква прекрасна личност, личност која Универзумот ми ја одредил да биде моја мајка.

Овде збориме за луѓе кои веќе имаат по 5, 6, 10 деца, а немаат никакви приходи. Немаат основни услови за живот, немаат капацитет во ниедна смисла на зборот да одгледуваат деца. Ги изложуваат на мизерување, на бедност, ги казнуваат. Им ги скратуваат сите природни и општествени права.
Не сум идиот да мислам дека не ги сакаат, додуша има и такви накази, ама едноставно не се способни да ги изградат во луѓе со достоен живот, ги затупавуваат, ги наказуваат...
И не, не мислам дека било кое дете заслужува таков ако може да се нарече живот.
При мајка и татко, тоа е оставено на милост и немилост на случајноста, што ќе донесе наредниот ден.

Па јас мачка кога сакам да чувам, се преиспитувам неколку пати дали финански и психички ќе можам да ја поднесам таа одговорност, не па за човечки живот.
Ќе те оставам со подотворена уста ако ти изрецитирам на што се’ се сеќавам :sram Што да правам кога се вљубувам во такви интересни реченици кои јест да се навредливи ама зрачат со енергија што ме плени. И да не те фалам уште оти ќе помислат ти се пуштам :)
Знам сме правеле муабет, ама чинам дека ме сфати што сакав да ти пренесам со примерот. Тоа што претходно го опишав теоретски со тоа што ако е кабожен родителот на детето нема да му фали на маса ништо. Тоа теоретско објаснување ти го образложив со пример, иако чинам вртеше со очите кога читаше затоа што приказната ја знаеш веќе :)
И знаеш дека се восхитувам и јас на сите такви родители.
Оние што имаат по 4-5-6 деца не ги оправдувам и јас. Ама и тука не го подржувам абортусот и ќе се самоцитирам сега...
Потоа, да ти напомнам уште нешто. Ако не сакаш дете, користи таблети за контрацепција, нека користи партнерот кондом, има и женско кондоми, има спирали, нека не свршува во тебе - и нема да останеш бремена.

A дека ти ќе се преиспиташ ми е јасно од напред. Ама не сакам да имам во глава информација дека си почнала да се преиспитуваш за тоа некогаш откако си забременила па ако не ти доаѓал есапот си заминала на абортус. Навистина не би сакал да ја имам таа информација...

slb_bobo знам што мислев под поимот мизерија, и баш за таа мизерија зборував во постот и напомнав дека животот е тркало. Никој не ти гарантира ни тебе дека утре ќе имаш пари за леб на масата.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Arkantos не ми ја прави темава лична, мољим те. Дали утре јас ќе имам или ќе немам пари за леб е моја работа и не гледам дека е некако поврзано тоа со темава. И не ми кажувај дека не е мизерија да си 13-то дете у куќа што е пред распаѓање и се` што ќе јадеш е испод дневните потреби за храна.