Ги оправдувате ли лугето со многу деца кои немаат пари да ги прехранат?

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Прилично амбивалентно мислење имам за ова. Животот како појава е премногу редок во универзумот и самата шанса човек да се роди, постои, живее и самото искуство кое тоа значи се толку минорни што треба куп децимали за да се објасни.
Нема поголем дар од животот, создавање на живот, овозможување на искуство кое е ултимативно во универзумот.

Низ историјата има една чудна константа а тоа е што повеќе население = тоа подобри услови за живот на планетата.
Во 1783 светот имал 1 милијарда раја а денес има 7,5 милијарди.
За време на пандемијата на црната смрт светот имал околу 500 милиони луѓе од кои 25% односно 125 милиони се упокоиле во тек на пандемијата за некои си десетина години.
Светот бил сосема ненаселен а сепак животот на луѓето бил дно на дното, и жени и мажи живееле како стока, неписмени, отепани робови и крепосни, смртта демнеела насекаде, ноќта била навистина нешто ненадминливо, хигиената непостоечка.
Денес иако има 15 пати повеќе раја него тогаш, луѓето живеат неспоредливо подобро. Па еден просечен човек од запад денес живее подобро него висок аристократ или хипер-богаташ од тие времиња!

Имајќи све тоа во предвид, сакам сите да имаат прилика за потомство, но тука се поставува прашањето на генералната тупавост на огромен дел од населението насекаде, без разлика запад или исток. Мора ли во 2021 година децата да стартуваат во животот преку куп трауми, рани и комплекси?
Жално и тажно е што оние лица кои би биле најдобри родители, прекрасни особи кои би дале светол пример на своите деца (нешто кое лично го осетив за жал :( ) = или немаат воопшто деца или имаат едно, рееетко две.
Сценарио за Идиократија е на пат.

Општеството сеуште ги третира децата како стока. Сеуште е легално родител да го тепа детето и психички да го понижава. Тотално легално, дозволено а богами во многу случаи се смета за нешто пожелно!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra