Ако децата биле направени во подобри времиња кога имале пари да им овозможат се, а потоа од икс причини пари нема, тогаш е во ред, сигурно нема да си ги фрлат децата поради криза.
Но, доколку прават упорно деца, а немаат да им овозможат ни на оние што веќе ги имаат, тогаш ни под разно не ги оправдувам. Децата се богатство да, но, на тие деца треба да им се овозможат некои работи, пред се оние основните потреби да им бидат задоволени. Сега, секако не можи сите да имаме исто пари за една иста работа, на пример ако некој има можност на детето да му купи патичиња од 100 евра кои ќе ги надрасни за два месеци, можеби јас нема да имам, ама би сакала да имам за патичиња од 2-3000. Значи ако раѓам повеќе деца тогаш сакам да имам на секое од нив да му овозможам патичиња, не премногу скапи, но сепак да сум во можност да купам, ако не сум тогаш нема да правам 3,4,5 деца. Зошто? Тоа за мене е земање на душа искрено...
Сум била сведок на многу ситуации, каде што родителите немале пари да им купат ни едно лижалче на децата и да криза е во државата, но она што ме иритира е тоа што тие изјавуваат дека сакаат уште деца, а не прифаќаат никаква работа под 15 000. Е па не е во ред. Греота е.