Arkantos прво да ти кажам дека од срце ме насмеа со твоето мислење за мене во Впечатоци за членови и не ми се верува дека уште го памтиш она со харикирито
Сега он топик: Чинам дека сме правеле муабет за мојата животна прича и добро знаеш дека јас се восхитувам на самохраните родители, кои успешно ги издржуваат своите деца и пред се ги воспитуваат во луѓе со изразени прави вредности.
Тука не ни станува збор за тоа.
Значи твојата мајка, имала плата, имала приход да ти овозможи храна и облека и се со ред. Верувам дека си скратила многу работи за нејзе, за да не ти фали тебе нешто. Знам дека е така, зашто и јас живеев со таква прекрасна личност, личност која Универзумот ми ја одредил да биде моја мајка.
Овде збориме за луѓе кои веќе имаат по 5, 6, 10 деца, а немаат никакви приходи. Немаат основни услови за живот, немаат капацитет во ниедна смисла на зборот да одгледуваат деца. Ги изложуваат на мизерување, на бедност, ги казнуваат. Им ги скратуваат сите природни и општествени права.
Не сум идиот да мислам дека не ги сакаат, додуша има и такви накази, ама едноставно не се способни да ги изградат во луѓе со достоен живот, ги затупавуваат, ги наказуваат...
И не, не мислам дека било кое дете заслужува таков ако може да се нарече живот.
При мајка и татко, тоа е оставено на милост и немилост на случајноста, што ќе донесе наредниот ден.
Па јас мачка кога сакам да чувам, се преиспитувам неколку пати дали финански и психички ќе можам да ја поднесам таа одговорност, не па за човечки живот.