Врска со оженет/омажена

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Можда, не велам не... Всушност, камо да е така секогаш...
Има и такви шо на 20 години и направиле дете на првата што му паднала до рака, па се зеле. Сега по 10-15 години сретнале личност што е по компатибилна со нив и чувствуваат некакви пеперутки.. ама таквите се бројат на прсти...
Имам познаници, 18 години дете направија, па свадба, па еден месец заедно живеење, па развод... и сеа за кај се???(shake) Таа ќе думка дете цела младост, а тој ќе си брка други женски.. Фер ситуација(n) Но затоа тука постојат родители да те насочат во животот за да не заглавиш... Но тоа е веќе друга тема(rain)

Но вртоглава бројка на луѓе познавам што се водат од примитивната желба за секс.
Добрар дел од младоста си оставив по чаршии и кафани, па секакви тајни се изнаслушав од сите возрасти луѓе. Воглавно, женети мажи, околу 35-40 години се најзапечената категорија(facepalm). Еден познаник (инаку угледен човек во чаршијата, ценет, почитуван, добро ситуиран, со добро семејство, со прекрани деца...) ми го рече ова: - Да ми речи некоја да лаам за да ми даде, ќе лаам овде на среде чаршија:showoff
(n) (n) (n) Ете .....си подзинав.... чоек од кој што не очекував!


Саладин, работиве што ги полемизирам ми се слушани воглавно од мажи. Така ти делува затоа што ја земам третата страна како најнезаштитена. Воглавно и тврдам дека е ...
Како што кажав погоре, другари, луѓе, познаници кои ми се довериле или сум бил сведок на нивни муабет со некого... Воглавно, од права рака...

Жално е тоа што се случува сето само физичи, и нема никаква подлабока намера никој кон никоја. Знам дека делува вака како површен муабет, но толку многу се нагледав што навистина сум уверен дека сето се случува поради желба за секс.....(facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕид на плачот

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Доверување, зборови и кажување, не е исто што и правење на истото.
Тоа треба исто да се земе во предвид.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Разбивање на брачната монотонија во тајност,тоа е една од најдобрите,би кажал,,дефиниции,, напишани.
И,занач оваа не се вика неверство?тоа ти е исто ко еден мој пријател што вели,јас не пијам алкохол,само пиво и вино.И како што е се по видливо,кај нас се повеќе и повеќе разводи се случуваат,тоа покажува дека никаде во ниеден брак рози на цветат,па затоа секој би посегнал на ваков чекор.Тоа што пишуваш дека секој отишол и барем помислил си 100% во право,само има еден проблем во таа работа,женските на знаат да ја сокријат ваквата врска,одма ке се дознае.
Бајаги си во грешка,во голееема заблуда си !
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Имам познаници, 18 години дете направија, па свадба, па еден месец заедно живеење, па развод... и сеа за кај се???(shake) Таа ќе думка дете цела младост, а тој ќе си брка други женски.. Фер ситуација(n) Но затоа тука постојат родители да те насочат во животот за да не заглавиш...
Е оти за кај се???
Па ако се разведени не се умрени...Таа ќе думка дете да, ама тоа дете брзо расте и дури наполни 7 години таа ќе има 25...најубави години...животот не завршува кога ќе ти се роди дете и тоа дете не може да биде пречка за љубов или иден брак...Денес се’ е нормално и се’ се може, се разбира ако се сака...
Родителите да те насочат?? Сите нас не’ насочуваат, не’ советуваат, ни’ мислат се’ најдобро, ама кој вистински ги слуша...
Сигурно не ги бодрат да склепаат дете на 18 години и да се разведат...
И мене ми посочуваа и ме советуваа да не пушам, ама еве сум пушач со тапија...(smoke)
Не знам кој е тој што ги слуша стопроцентно родителите на таа возраст...
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Е оти за кај се???
Па ако се разведени не се умрени...Таа ќе думка дете да, ама тоа дете брзо расте и дури наполни 7 години таа ќе има 25...најубави години...животот не завршува кога ќе ти се роди дете и тоа дете не може да биде пречка за љубов или иден брак...Денес се’ е нормално и се’ се може, се разбира ако се сака...
Родителите да те насочат?? Сите нас не’ насочуваат, не’ советуваат, ни’ мислат се’ најдобро, ама кој вистински ги слуша...
Сигурно не ги бодрат да склепаат дете на 18 години и да се разведат...
И мене ми посочуваа и ме советуваа да не пушам, ама еве сум пушач со тапија...(smoke)
Не знам кој е тој што ги слуша стопроцентно родителите на таа возраст...
Не викај така, еве јас на пример познавам девојче што се омажи само за да избега од дома. Девојчето беше многу фина, паметна и интелигентна, ама тиа татко и беше за никаде. Не смееше да мрдне никаде од дома освен ако не го праша дечко и, еднаш и викам ај до плоштад прај ми друштво нешто да земам и татко и и вика Прашај го Петко прво дали ќе те пуште. Па и зборуваше дека глупо било за девојче да сменува многу машки, требало со првиот што ќе се фате со тој да си остане (не ме сфаќај погрешно, не викам дека девојчињата треба да ги менуват како чорапи, ама сепак кога ние машките имаме право на избор, ваљда и вие девојчињата смеете да смените два-тројца за да видете кој највеќе ви одговара) тој дечко и еден непрокопсан, ја удираше чат-пат, ја навредуваше а татко и наместо да застане на нејзина страна постојано викаше што ќе речеле комшшите? Кога заврши средно не ја пушти да оди на факултет, оваа проба да работи да спечали сама ама тешко и одеше, се откажа се омажи и знаиш сега колку е пропадната? Ослабена 10 кила може да не претерам, лицето цело испиено, се забележува дека не е среќна. Се што ќе каже тој - вистина е, а оваа нешто се пожали татко и и вика ти не чиниш, гледај си го мажот, биди среќна што некој те земал. Така да тоа дека родителите немаат никаков удел за грешките на децата, не се сложувам. Познавам доста строги родители кои сакаат да ја избираат личноста со која нивниот син/ нивната ќерка ќе го мине животот.
Заминав оф-топик малку, ама еве малку да се вратам на темата. Како што веќе еднаш пишав, секој си гледа за себе.На никој не му е гајле за другиот. Како што викат во бракот едниот стриже, другиот го стрижат. Биди си претпазлив за да не бидиш ти црната овца. Не можам да ја обвинам девојката ако се заљуби во некој оженет, пошто можеби навистина го сака и видела нешто во него што во другите го нема. Ниту него, ако не е навистина среќен во бракот и си фате некоја успат. Ако е доволно среќен и ако жената го исполнува тотално, не верувам дека ќе бара некоја друга девојка чисто за да разбие монотонија, демек ја сака жената ама случајно се случило бла бла... тоа само на филмови. Ако се има љубов и почит, ако си задоволен од твојот живот, според мене нема да бараш утеха во друга личност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Не можам да ја обвинам девојката ако се заљуби во некој оженет, пошто можеби навистина го сака и видела нешто во него што во другите го нема. Ниту него, ако не е навистина среќен во бракот и си фате некоја успат. Ако е доволно среќен и ако жената го исполнува тотално, не верувам дека ќе бара некоја друга девојка чисто за да разбие монотонија, демек ја сака жената ама случајно се случило бла бла... тоа само на филмови. Ако се има љубов и почит, ако си задоволен од твојот живот, според мене нема да бараш утеха во друга личност.
Е ова е поентата...
Има многу луѓе кои се несреќни и се заробени во бракот и неверството не е нешто што го планирале и смислиле туку често истото се случува спонтано...
Некогаш и да не бараат нешто во некого, сепак може да се лсучи да најдат многу работи и особини во некого кои им фалеле цело време и несвесно се јавуваат емоции кон таа личност и уште ако е взаемно, ете ти афера...
 
Последна промена:

Barba

Нов член
25 јули 2014
3
2
1
47
prvo da ve pozdravam jas sum taze ovde.... i reshiv ova da bide sefte post :)
inace za topicot - imav ednas vrska so mazena... od posle mi kaza ama se si bese vo red i posle toa... duri pred nekolku meseci se citnavme na viber i mi rece neli posle voobicaeniot muabet "kako si shto si" ... gospod zdravje da ti dade ako ne bese ti brakot ke mi se raspadnese .... sto znaci napraviv edno dobro delo spasiv eden brak i dve decinja si ostanaa so dvajcata roditeli :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner and Prashina

Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
Во врска сте која совршено добро функционира, но после одредено време дознавате дека тој/таа е во брак. Ќе ја прекинете аферата или ќе го слушате срцето?
Би ја прекинал врската одмаа прво зашто не била искрена со мене а второ зашо е во брак ..