1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Врска со оженет/омажена

Дискусија во форумот 'Љубов и секс' започната од Јаболче, 8 октомври 2013.

  1. Selene

    Selene Модератор

    Зачленет на:
    6 јуни 2012
    Мислења:
    719
    Допаѓања:
    1,867

    Да, затоа сосема океј е ако заборави да ти го спомне тој мал детаљ кога ќе почне да се гледа со тебе.
     
  2. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Не реков дека лажењето е во ред. Прокоментирав зашто ти многу лесно пресудуваш дека ако некој е во брак не си ги сака своите деца (демек мора да ги има) и сака само да искористи.
     
  3. Keepitreal

    Keepitreal Полноправен Член

    Зачленет на:
    3 мај 2013
    Мислења:
    78
    Допаѓања:
    38
    Врска со оженет/омажена.... Ако страста и љубовта и незнам ти што се поголеми од фактот дека го/ја делиш со некого/некоја личноста со која имаш односи и ред други работи. Тогаш незнам што да речам...
     
  4. Јаболче

    Јаболче Полноправен Член

    Зачленет на:
    8 октомври 2013
    Мислења:
    30
    Допаѓања:
    23
    Другарка беше во врска со дечко кој тврдеше дека е разведен и живееше сам, ама искочи дека ништо од тоа не е средено и расчистено. Плус и имаше дете...
     
  5. Мини23

    Мини23 Нов член

    Зачленет на:
    12 октомври 2013
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    1
    Зависи, но повеќе сум кон тоа да ја прекинам. Ако врската добро функционира треба верба еден кон друг, да нема 'тајни', лажни зборови.
    За да бидам со некој во врска треба да знаам доста за него, посебно некои вакви работи. Ако сум подолго време во врска, и тој не се обидол на никој начин да ми кажи, како да продолжам? Во ред тоа да се плаши да ме изгуби, но вака повеќе е на ризик. Вистината се дознава, кога-тогаш.
    А, ако врската ни е 'пресна' и дознаам, Можеби би му прегледала некако низ прсти, Некако.. Но, ако тој нема дете и ако бракот со неговата сопруга реши да го прекине, и да почне од ново. Па, на секој не му се насмевнува среќата од првиот пат, нели?
    Иако тоа е малку чудно во нашава земја, вакви случки се случуваат секој ден низ светот, што е и нормално.
     
  6. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Дали мила Мини, некогаш во иднина, додека го доиш едното дете, а трчаш по другото избезумена и нервозна и размислуваш како си го дала цел живот, сите желби, сите сонови и планови за бракот со маж ти, ти заѕвони моб и дотичниот ти каже: Жено, јас веќе не те сакам, земи си ги децата и ослободете го станот ќе се вселува друга жена ти ќе му речеш: Ок разбирам, па вакви случки се случуваат секој ден во светот, што е и нормално..?!
     
  7. Мини23

    Мини23 Нов член

    Зачленет на:
    12 октомври 2013
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    1
    Погоре наведив Но, ако тој нема дете и ако бракот со неговата сопруга реши да го прекине, и да почне од ново.
     
  8. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Значи ти свесно ќе застанеш меѓу една цела изградена и оформена машинерија како што е бракот само за тебе да ти биде добро, при тоа газејќи на среќата на некоја жена што не планирала дека некогаш ќе се појави друга жена која од маж и ќе бара да ја остави?
    Значи не ти смета кога среќата ти е изградена врз туѓа несреќа.
    А што ако има деца ќе го оставиш на мира? Ете има жена, зар е нешто поразлично тоа?
    НО, битно е само ние да сме среќни нели...
     
    На МалиСашко му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Мини23

    Мини23 Нов член

    Зачленет на:
    12 октомври 2013
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    1
    Зарем повторно не прочита убаво? И ако бракот решат со сопругата да го прекинат, оти на на секој среќата му се насмевнува од првиот пат. Друго е врска, а друго брак.
     
  10. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Колку само наивно и невино напишано, а со толку задни и подли намери.
    Ама ок, не на секој среќата му се насмевнува од прв пат. Изборот што го правиме ние не е битен, ние сме само пиунчиња на среќата, целосно слепи пред карактерот на тој што сме го избрале за животен сопатник. Е сега кој има среќа ќе има убав брак, кој не ќе се најде некоја Мини да и даде на среќата втора шанса.
     
    На Christine и МалиСашко им се допаѓа ова.

Сподели: