Врска со оженет/омажена

Јаболче

Полноправен Член
8 октомври 2013
30
23
8
38
Во врска сте која совршено добро функционира, но после одредено време дознавате дека тој/таа е во брак. Ќе ја прекинете аферата или ќе го слушате срцето?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Ова за кај нас ми е малку својствено, бидејќи сепак нашите градови не се огромни метрополи, туку се малечки градови каде што речиси секој се познава со секого. Плус, одвратна нација сме, нема луѓе што не се озборувачи, некој ако те познае, готово, тоа е проширено побрзо од оган. Исто така, невозможно е да не дознаеш, бидејќи таквата личност нема да те запознае со никого од својот круг, односно нема да те претстави на пријатели, за родители ич да не правиме муабет, нема да излегува со тебе во јавност, едноставно ќе те крие. И тоа ти е првиот сигнал дека нешто не е во ред. Не може некој да е толку слеп и глупав и да не посомнева ништо кога ќе биде откачен секој пат кога треба да дојде тоа запознавање.

Ова ти што го пишуваш е невозможно
Во врска сте која совршено добро функционира, но после одредено време дознавате дека тој/таа е во брак. Ќе ја прекинете аферата или ќе го слушате срцето?

Како е возможно врската совршено да функционира, кога тоа е "врска" базирана на лага. Ако некој ти крие дека има партнер и потомство, тогаш тој не те сака, туку те лаже, односно те прави идиот. Кукавичлук каде не сака да си остави семејство, ама му мрда газот настрана. Таквите луѓе децата не си ги сакаат, нивната крв, а не пак некој друг. Немој да очекуваш искрена љубов од некој кој како прво не е искрен за љубовниот статус. Тоа се лаги, искористување, гледање личен интерес.

Нема слушање на срце тука, кога тоа засакало имагинарен лик од огледало. Да знаеш од старт каква е ситуацијата, ајде сам си се впуштил во тоа, ти си самиот крив. Вака си само изиграна личност, која нема да е прва, а сигурно нема ни да е последна.

Овде треба и мозокот да ти работи малку, макар што не знам како може некој уште да има дилеми и покрај сознанието дека е излажан како циган.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

А и ти исто така мешаш брак со љубов. Ако некој е во брак не мора да значи дека го склучил од љубов (а уште помалку дека има деца кои ќе ги напушти).
 
Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Таа врска не можи да функционира совршено.Една врска која е тајна не е ''дозволена'',па камоли совршена.Кога некој те крија и не те покажува во јавност значи има нешто тука.Е,сега ако од твоја страна е само чист секс нема љубов можи лесно да се прекини,зошто од негова страна сигурно не е љубов.Зошто ако е љубов не би требало тој да биди во брак,а тебе да те сака,мене искрено тоа ми е чудно.Сепак треба да се прекини тааа врска,па макар колку и невозможно да е.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Таа врска не можи да функционира совршено.Една врска која е тајна не е ''дозволена'',па камоли совршена.Кога некој те крија и не те покажува во јавност значи има нешто тука.Е,сега ако од твоја страна е само чист секс нема љубов можи лесно да се прекини,зошто од негова страна сигурно не е љубов.Зошто ако е љубов не би требало тој да биди во брак,а тебе да те сака,мене искрено тоа ми е чудно.Сепак треба да се прекини тааа врска,па макар колку и невозможно да е.

Како мислиш „Не е дозволена“? Некој забранил ако склучиш брак да не може да се заљубиш?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Како мислиш „Не е дозволена“? Некој забранил ако склучиш брак да не може да се заљубиш?

Па не е„Не е дозволена“ затоа и ми е во наводници. Ако веќе е тајна значи тука нешто има не дека не постојат такви врски,и јас сум имала таква врска,но сепак се се заврши од таа причина дека беше тајна.И сепак мое мислење ако влезиш во брак треба да си вљубен инаку зошто би се врзал цел живот за личност која што не ја сакаш.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Па не е„Не е дозволена“ затоа и ми е во наводници. Ако веќе е тајна значи тука нешто има не дека не постојат такви врски,и јас сум имала таква врска,но сепак се се заврши од таа причина дека беше тајна.И сепак мое мислење ако влезиш во брак треба да си вљубен инаку зошто би се врзал цел живот за личност која што не ја сакаш.

Има мал милион причини зошто луѓето склучуваат бракови, а љубовта е само една од тие мал милион причини. И не мора да е цел живот, затоа постојат разводи. Исто така зависи кој како се справува со „тајни“ врски. Познавам луѓе кои што многу убаво си се справуваа со притисокот на тајните врски.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: goodgod

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Има мал милион причини зошто луѓето склучуваат бракови, а љубовта е само една од тие мал милион причини. И не мора да е цел живот, затоа постојат разводи. Исто така зависи кој како се справува со „тајни“ врски. Познавам луѓе кои што многу убаво си се справуваа со притисокот на тајните врски.

Има,јас не велам дека нема.Но,веќе ако ја сака неа можи слободно да се разведи,зошто бракот се гради со пријателство пред се помеѓу партнерите и љубов а другото се е интерес.А доколку тој неа и вика дека не можи да се разведи,а ја сака неа тоа само лага и тој не ја сака ни едната ни другата,а кога ќе му помини меракот секако дека ќе се врати кај неговата жена и неа ќе ја остави т.е во случајот таа е оштетена. ( Ама сепак тоа е мое мислење) И да не правиме повеќе мислења зошто мислам ќе ни бидат избришани сепак.;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Christine