Во стан или во студентски дом?

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Се разбира во стан дека е поубаво, со одбрани луѓе си, почисто е, имаш мир, и послободен си.Затоа јас одбирам стан, но за некои тоа не е достижно за жал.
Почисто е ако си чистиш и ако средуеш... Иначе... и газдата ќе се покае што ти га издаја стан.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Wild.One

Истакнат Член
17 јуни 2012
197
147
343
Wonderland
Од септември ке бидам во приватен студентски дом, цената е прифатлива и со се сум обезбедена, а најважно топло ке ми биде во зима. Бев таму неколку дена и ми се допадна местото, а и атмосверата.
 

Snow

Староседелец
29 април 2012
677
440
1,073
Марс
Стан.. 3 работи
1. Можеш како сакаш да се шеташ дури и гол/а.
2. Можеш да си донесеш компјутер/лаптоп без страв дека ќе ти бркаат други во него.
3. Можеш да оставиш телефон/новченик/пари каде сакаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Мене стан со добро друштво повеќе би ми одговарало, али сеа зависи од можностите , ќе видиме. Знае ли некој дали воопшто почнаа да реновираат нешто во Гоце? Планирам или таму или Пелагонија. Кога сме кај тоа колку е одалечена Пелагонија од просториите на ФИНКИ дали знае некој ? И исто би прашал како се движат цените за стан во Карпош, не ми треба нешто премногу луксузно, основни елементи да има, дали се наоѓа за 250 евра ?
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Стан!!Во студентски дом никогаш не би седела затоа што хигиената не е присутна , нема да можеш да најдеш мир за учење, немаш толку слобода колку што можеш да имаш кога си во стан има и други работи ама не ми текнуваат во моментов..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Мене стан со добро друштво повеќе би ми одговарало, али сеа зависи од можностите , ќе видиме. Знае ли некој дали воопшто почнаа да реновираат нешто во Гоце? Планирам или таму или Пелагонија. Кога сме кај тоа колку е одалечена Пелагонија од просториите на ФИНКИ дали знае некој ? И исто би прашал како се движат цените за стан во Карпош, не ми треба нешто премногу луксузно, основни елементи да има, дали се наоѓа за 250 евра ?

Пелагонија до ТМФ т.е. Финки, 5 km. Пешки за саат време стигнуваш, автобус за 20-30 мин.
У Карпош стан од 150 (што е ептен ретко да најдеш, но се наоѓа) па нагоре. Највеќе ги има по 200 евра (без сметки) и обично имаат по 2 соби, купатило и кујна.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Ми се згади од сликиве што ги гледав,па можно ли е состојбата да е на најлошо можно ниво?! Зарем за ова пари земаат?! (puke)
1173899_1415916735327883_810863150_n.jpg
1970828_1415916485327908_660926697_n.jpg
1010001_1415916731994550_309646756_n.jpg
1901543_1415916708661219_1916386445_n.jpg
10015651_1415916635327893_416977130_n.jpg
10001452_1415916428661247_1478696852_n.jpg
1510530_1415916385327918_1098196039_n.jpg
1972380_1415913265328230_1014620030_n.jpg

(сликите се превземени од фб -Операција студентски дом)
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
@Hip.Hop_MKD па во шутка и во идризово кај доживотњаците е почисто и по човечки ,тука во студенскиов стока да не ставиш да живее !
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Натрапник сум ви во темава, ама ако.
Да прашаш дали би сакал да седи некој во студентски дом или во стан, а ова прашање да биде поставено во Македонија, навистина е...малку иронично.