Во бел фустан на туѓа свадба

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,048
6,666
1,153
Big Sur
Не дека бојата ми значи... оно според некои експерти алајпрди и црно не се носи оти ко за на погреб било. Иди, па угоди.
Мање битно тоа, бојата ко боја не е за потресување, туку мотивот со кој дотичните ја носат. Нека дојде и во венчаница која сака, ако знам дека е среќна за мене и си поминува убаво, ќе играме рамо до рамо. Ама вака уфурана, што само ќе набљудува дали некој ја зјапа и ќе наоѓа маани на другите за да се осети поубаво... па стварно не вредите повеќе од тие 5-600 денари што ќе ги фрлат на порцијата за вас. Просто немогуче е како може да бидете толкави егоцентрици, а со нула самодоверба.
„Поубава од снашката да бидам, за инает, во мене да гледаат“... златца. :nah
Па добро бе, вие одите да споделите радост пошто некој ве поканил на еден од неговите најзначајни денови или да си го подуете сиромашното его со филмови во кои само вие, и никој друг, си верувате?
Да ви врзе човек две воспитни сред сала, па ем да му олесни на душата, ем ќе си ги добиете петте минути внимание.

Една од моите најдобри другарки правеше свадба пред два дена. Освен една девојка во преубав црвен фустан, ја другите не ги ни приметив, така да не си ласкајте дека сте ѕвезда на вечерта. Ако немате шарм и карактер, висете и на глава, пак нема да ве приметат.
Свашта.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,105
971
1,133
Кај мене на свадба која сака нека дојде во бел фустан не би ми сметала искрено. Мојата венчаница, а и јас во неа сепак повеќе ќе се истакнувам. Секоја невеста е центар на внимание на свадба, затоа кој било друг во бело не е некој фактор на запрепастување :)
 
  • Like
Реакции: Ѕид на плачот